Покачен холестерол

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
183
За во денешно време доста познато.
А преставува само една комплексна молекула како производ на човечкиот метаболизам.
Општо, има ендоген холестерол што се ствара во црниот дроб дневно околу 1 грам, и егзоген холестерол што го внесуваме со храната поточно преку месни производи, зашто во растенијата нема холестерол.

Оваа неулагоденост на холестеролот, обично е наследно, па затоа треба да се внимава на внесот на исхраната уште од раните години, затоа што човекот е млад само до 30 години, натака све си резултира кон организмот со ефектот на непринципилноста, невнимтелноста и лимитот при внесот на она колку треба а колку не.

Промена на животните прехрамбени навики е прва терапија за оние кои што имаат покачен холестерол во крвта, и ако дури тогаш тоа се покаже како неуспешно-се преминува кон лекови, а ако не помогнат и лековите, решение е само прилагодување на исхраната.

... Сепак периодот при следнава исхрана треба да се прифатат неугодносите поради ефектот од лошите навики кои доаѓаат со диетите за "чистење"


Храна која што се препорачува:

Житарици и производи од житарици (пченица, јачмен, рж, двопек, интегрален леб, крекери, гризини...)

Месо, замена за месо, риба
(бело пилешко без кожинка, куна, патка, соја, и риба)

Јајца (исклучиво само белката од јајцето)

Млеко и млечни производи (обрано млеко, до 1% млечни масти, јогурт, свеж посен кравји кашкавал со низок удел на млечни масти)

Овошје и зеленчук (свежо, замрзнато и конзервирано без додатни маснотии, и свежо, замрзнато или конзервирано без додатен шеќер)

Десерти, напитоци (јогурт, сладолед, овошен сладолед со мал удел на маснотии и шеќер, кекси, колачи, пити, темно чоколадо, чаеви... )

Посебно позитивен ефект се постигнува со

Намирниц богати со влакна - јачмен, рж, сливи, круши, грав, јаболка
Намирници со билни стероли - овошје, зелечук, орешести производи
Соја
Семки од лен
Лук
Зелен и црн чај
Артичок
Нар

*Храна којашто треба да се избегнува:

Од житарици и производи на житарици (леб, пециво, тестенини од бело брашно и од она на кое што му се додаваат јајца, полномасно млеко, путер, кроасани, лиснати теста, масни крекери...)

Од месо, замени за месо и риба (масно говедско, телешко, јагнешко, конзервирани месни производи, бубрези, црн дроб, мозок, све пржено и поховано месо, школки, ракови, шкампи, лигњи, јастог, риба пржена во длабоко масло... )

Јајца (повеќе од 4 јајца неделно)

Масти и масла (сало, сланина, путер, палмово масло, кокос, кокосово масло,

Десерти и напитоци (млечни чоколади, млечен сладолед, крофни, бисквити)
...
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.608
Поени од реакции
9.075
Заблуди и вистини за холестеролот

Холестеролот е стероидно соединение кое настанува со разградувањето на мастите. Бидејќи холестеролот учествува во создавањето на жолчната киселина, на половите хормони и на хормонот на надбубрежната жлезда, тој е од есенцијално значење за организмот.
Холестеролот се разнесува во крвта носен од протеините (белковините) во плазмата, градејќи комплекс наречен липопротеини.
Постојат два типа на липопротеини:

  • липопротеини со мала густина т.н. „лош“ холестерол (ЛДЛ), кои во себе носат голема концентрација на холестерол и
  • „добар“ холестерол (ХДЛ) – липопротеини што носат мала концентрација на холестерол.
ЛДЛ го носи холестеролот во крвните садови и создава во нив атероматозни наслаги (плаки) кои предизвикуваат срцеви заболувања.
ХДЛ, пак, ја создава еластичноста на крвните садови и неговиот недостаток во организмот ги прави крвните садови крути и нееластични.
Скоро 2/3 од холестеролот се синтетизира во црниот дроб (800 -900 милиграми), а само 1/3 се внесува со храната.
Атеросклероза

Атеросклерозата е процес на таложење на мастите во внатрешниот sид на големите и средни артерии. Во почетокот тоа се ситни кристали на холестерол, кои постепено создаваат наслаги (плаки), кои го стеснуваат луменот на крвниот сад. Потоа следува фиброзирање и стврднување на sидот на крвните садови. Со тоа крвните садови се подложни на прскање. Овие промени на внатрешноста на крвниот сад доведуваат до згрутчување на крвта или доведуваат до појава позната како тромбоза.
Причини за атеросклероза се:

  • зголемена концентрација на холестерол во облик на липопротеин со мала густина (ЛДЛ),
  • шеќерната болест, полот (машките полови хормони), пушењето и генетските фактори ја зголемуваат концентрацијата на ЛДЛ во крвта.
Што е зголемена концентрација на холестерол во крвта?

За здрави лица, во чие семејство нема срцеви заболувања, нивото на вкупниот холестерол во крвта не би требало да е поголем од 5 mmol/l , при што ХДЛ да е поголем од 1 mmol/l , а ЛДЛ да е помал од 3 mmol/l.
Секое зголемено ниво на холестерол над овие референтни вредности (посебно на ЛДЛ холестеролот) ја зголемува опасноста од срцеви заболувања.
Кога треба да го провериме нивото на холестеролот во крвта?

Ако пациентот нема никакви здравствени проблеми, како шеќерна болест, болест на бубрезите или заболувања на штитната жлезда, потребно е над 40 –тата година да го провери нивото на холестеролот во крвта.
Ако пациентот има во своето семејство болни од срцеви заболувања и мозочен удар, т.е. има генетска предиспозиција за овие заболувања, и доколку пуши и има зголемен крвен притисок, треба после 20-тата година барем два пати годишно да го контролира холестеролот во крвта.
Дали жените и мажите подеднакво се во опасност од висок холестерол?

Жените имат помала опасност од заболувања на срцето и крвните садови во споредба со мажите, благодарение на влијанието на женските полови хормони (естрогени), но само до менопаузата. Потоа, жените имаат ист ризик како и мажите, а понекогаш тој ризик е и поголем.
Мажите се позагрозени од жените, бидејќи машкиот полов хормон, тестостерон, го намалува нивото на ХДЛ холестеролот, кој па делува заштитно спречувајќи ги наталожувањата на масните наслаги на sидовите на крвните садови.
Дали може зголеменото ниво на холестерол во крвта да предизвика инфаркт?

Зголемениот холестерол е најважен причинител за срцев инфаркт, заедно со цигарите и зголемениот крвен притисок. Затоа, кај лица со срцеви заболувања нивото на ЛДЛ холестеролот во крвта не смее да ги надмине вредностите од 2.5 mmol/l.
Дали дебелината е секогаш знак за зголемено ниво на холестерол во крвта?

Зголеменото ниво на холестерол во крвта не е секогаш поврзан со зголемената телесна тежина. Голема заблуда е дека само дебелите луѓе имаат зголемен холестерол во крвта. Повеќето луѓе најчесто имаат зголемен холестерол, кој е условен од генетско-наследна предиспозиција, иако имаат нормална тежина или се дури и слаби.
Сепак, најчесто дебелите луѓе, поради вишокот на масно ткиво, имаат зголемен холестерол во крвта, бидејќи мастите собрани во масното ткиво лесно одат во црниот дроб и го зголемуваат нивото на ХДЛ холестеролот.
Кои намирници треба да се користат за нормален холестерол?

Кај половина од пациентите со зголемено ниво на холестерол во крвта, причина за тоа е неправилната исхрана, а кај другата половина од нив, причина е генетската предиспозиција.
Сите продукти од животинско потекло: јајца (жолчка), црн дроб, мозок, путер, павлака, црвено месо, сувомеснати производи, полумасни сирења, содржат заситени масни киселини, кои го зголемуваат нивото на ЛДЛ холестеролот во крвта.
Затоа, здравата исхрана е неопходна за одржувањето на нормалното ниво на холестеролот во крвта.
Статините во третманот на зголемениот холестерол во крвта

Ако со правилната исхрана и диета не се успее да се намали нивото на холестеролот во крвта до саканите вредности, тогаш лекарот препорачува терапија со статини.
Статините се лекови за намалување на нивото на холестеролот во крвта. Тие ја забавуваат синтезата на холестеролот во црниот дроб и со тоа го зголемуваат отстранувањето на холестеролот во крвта.


извор:http://rak.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=989:holesterol&catid=105:ishrana&Itemid=218
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.608
Поени од реакции
9.075
Кикириките во борба против лошиот холестерол

Кикириките се природен извор на витамин Д и Е. Тие го намалуваат нивото на холестеролот во крвта и го спречуваат развојот на шеќерната болест. Се препорачува да се јадат нелупени кикирики, бидејќи тие содржат повеќе витамини и минерали.

Научниците од Универзитеот Харвард спровеле едно истражување во кое обфатиле вкупно 6 000 жени со шеќерна болест (дијабет тип 2), која го зголемува ризикот за развој на срцев и мозочен удар. Овие жени биле ставени на посебен режим на исхрана, а секои две до четири години пополнувале прашалници за начинот на исхраната. Испитаничките биле следени цели 22 години. Резултатите од студијата покажале дека жените кои јаделе кикирики имале помал ризик за појава на срцев и мозочен удар. Ризикот кај нив бил намален за дури 44%.


„Исклучително корисно е во исхраната да се користат и кикириките, бидејќи го намалуваат холестеролот и му помагаат на здравјето“, изјавиле научниците кои ја спровеле оваа студија, но и предупредиле дека кикириките треба да се консумираат во умерени количини, бидејќи содрѓат доста калориии.


Една шољичка кикирики (146g) содржи околу 828 калории, 38g протеини, 24g јагленохидрати, 72g масти, 13g калциум, 37g железо, ниацин, фолна киселина (се препорачува на трудници), манган и цинк.


Извор
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.787
Поени од реакции
7.380
Читав и чајот од Комбуха габа бил добар за хлорестеролот, покрај дузината други работи за кои што влијаел позитивно.
 
Член од
17 февруари 2014
Мислења
25
Поени од реакции
3
Zeolit provereno deluva na holesterolot, duri i ispukanite kapilari i popusteni veni pocnaa da mi se povlekuvaat. Proverete nema da zazalite
 
Член од
17 јануари 2016
Мислења
15
Поени од реакции
4
Zeolit provereno deluva na holesterolot, duri i ispukanite kapilari i popusteni veni pocnaa da mi se povlekuvaat. Proverete nema da zazalite[
Каде можам да го набавам Зеолитот?
[DOUBLEPOST=1466846762][/DOUBLEPOST]
Zeolit provereno deluva na holesterolot, duri i ispukanite kapilari i popusteni veni pocnaa da mi se povlekuvaat. Proverete nema da zazalite[
Каде можам да го набавам Зеолитот?
 
Последно уредено:

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
10.732
Поени од реакции
8.602
Ракија од магарешки трн.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.166
Поени од реакции
15.916
Шеќерот е главниот предизвикувач на повисоко ниво на холостереол, а не мрсната храна. Мрсната храна е помал проблем, но треба да се лимитира ако имате проблеми.

Магарешки трн помага нема збор, но помагаат и тек како турмерикот, сурутката, како и S-Adenosyl methionine, Tocotrienols (Vitamin E complex) Nigella Sativa и N-Acetyl Cysteine.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.709
Поени од реакции
1.149
Ако се почне со таблети,тоа значи дека цел живот се пијат?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.166
Поени од реакции
15.916
За тебе или за некоја постара личност?

Прегледај го постот горе. Пробај прво со природни методи, најлесен начин (ако имаш или има пациентот мотив и желба) е да ја смениш/смени диетата, ако не посочените суплементи/билки горе - ќе помогнат исто/скоро исто како статините.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.709
Поени од реакции
1.149
За тебе или за некоја постара личност?

Прегледај го постот горе. Пробај прво со природни методи, најлесен начин (ако имаш или има пациентот мотив и желба) е да ја смениш/смени диетата, ако не посочените суплементи/билки горе - ќе помогнат исто/скоро исто како статините.
За мене лично.
Јас цел живот сум слаба,а и не јадам многу мрсно.Порано јадев од тие чипсови,грицкав се и сешто.
Сега скоро од се се откажав.:(
И неможам да го намалам холестеролот:(
Шеќер немам....за среќа
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.166
Поени од реакции
15.916
Не е проблемот дали си слаба или не, имаш ослабена фукција на црн дроб. Намали благо и животински протеин. Се зависи од тоа колку сакаш да се "замараш" за да го намалиш холестеролот, ако имаш желба лесно е со правилна диета.

Имаш ли проверено шеќер и каква ти е состојбата на црниот дроб и тироидата?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.709
Поени од реакции
1.149
Не е проблемот дали си слаба или не, имаш ослабена фукција на црн дроб. Намали благо и животински протеин. Се зависи од тоа колку сакаш да се "замараш" за да го намалиш холестеролот, ако имаш желба лесно е со правилна диета.

Имаш ли проверено шеќер и каква ти е состојбата на црниот дроб и тироидата?
Шекер немам,тироидната,хормоните со во нормала а за црнит дроб незнам кај се гледа
 
На врв Bottom