Познати кандидатите за градоначалник на Охрид

Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Петрески и Нанче во трка за близу 6 000 гласови на испаднатите кандидати

Според првичните неофицијални информации на Општинската изборна комисија, кандидатите за градоначалник на Охрид кои не успеаа да влезат во вториот круг, заедно освоиле 5686 гласови, или Ацо Попоски - 2 964; Томе Гиноски - 1 287; Васфи Доко - 824 и Боро Павлоски - 611.

Овие гласови со оглед на не така големата разлика помеѓу кандидатите кои влегоа во вториот круг, околу 800, може да бидат одлучувачки фактор кој ќе го реши прашањето на новиот градоначалник на Охрид. Актуелниот градоначалник, Александар Петрески од СДСМ на изборите во неделата освои 13783 гласови, додека кандидатот на владејачката партија, Кирил Трендафилов - Нанче освоил 12 985 гласа.

Александар Петрески против Кирил Трендафилов - Нанче

И двајцата се уверени во своја победа во вториот изборен круг. Петрески смета дека со оглед на изборното ткиво на Охрид, остварената разлика е исклучително значајна, додека Трендафилов смета дека противникот го достигнал плафонот и сега ќе паѓа. И Петрески, и Трендафилов, не кријат дека ги посакуват гласовите на противкандидатите кои не влегоа во вториот круг. Оттаму и двајцата беа исклучително внимателни кон нив како за време на кампањата, така и во првичните реакции по објавувањето на првичните неофицијални резултати. Двајцата упатија честитки до против кандидатите со кои уште вчера ги остварија првите контакти. Кој на што може да се надева? Во чија полза ќе оди математиката? Можат ли Петрески и Нанче да сметаат на бланко поддршка на испаднатите конкуренти? Од СДСМ се надеваат на гласовите од левицата, ВМРО ДПМНЕ на десницата. Тоа можеби нема да биде доволно поради што за очекување е дека и едните и другите ќе ја засилат кампањата во обид да придобијат нови гласачи, но пред се да преобратат гласачи од спротивниот табор. Со оглед на ривалитетот на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, како и фактот што ова ќе биде второ директно соочување на Петрески Нанче во битката за градоначалник на Охрид, која пред 4 години имаше и трето продолжение, за очекување е крајно неизвесен исход. Граѓаните пак се надеваат дека и вториот круг ќе мине во фер и демократска атмосфера, како што беше и на гласањето на 22 март, а Охрид и не заслужува ништо под тоа ниво.

Извор: ohridnews
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Јас одговорно тврдам дека Петрески немат купвено гласој на тој начин, освен ако не излезит видео со таква содржина, па да ме разубедиш.*
Ти за чичко ти можеш да тврди шо сакаш.
А факт е дека во Рача голем дел од ливчињата беа заокружувани со триаголници, дел со квадрати и други геометриски форми со цел да можат полесно и точно да се избројат ветените гласовите, кои гласачите мораа да ги дадат за СДС ако не сакаат да бидат отпуштени од работа.
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812

Како и Емовците шо заокружвеја со црно пенкало и изразита точка, за да останат на работа. Кога би ги отпуштил некој нив, то би било ВМРО.

Иначе, технички не докажвит нишо то со триаголниците и квадратите, пошо гласот е валиден доколку јасно се гледа волјата на гласачот - дали заокружил, затриаголничил, заквадратичил, посочил со стрелка или со икс, не е битно.
Секако, ова само технички, нормално дека се’ освен круг е шифра. :)
 
Така е бе Фантомче.
Само неизвесно ќе е до крај. Ќе видиме кој ќе може да искешира повеќе гласачи, Аце или Нанче. А не се знае ни каде точно ќе одат гласовите од Ацо Попоски, сигурно го гледаше последниот дуел на НТВ, кога се зарчкаја со чичко ти и тој во "револт" го напушти студиото. Не е ништо сигурно.
 
За кеширање гласој се знајт однапред кој мојт појќе да искешират. Не мојт Аце да искешират колку шо мојт Грујо да префрлит од државен буџет, пошо е дефинитивно решен Охрид да го земит.
За Ацо Попоски и гласојте негови... Се за’рчкаја како шо и сам гледаше ти, поради изигрувањето на Попоски на наивец. Петрески кажува за што општината нема надлежност од проблемите во Охрид, Попоски после нецели 5 минути го обвинува за истите работи шо биле во застој. :tapp:

Гласојте одет кј Петрески иначе, НСДП ко ќе ги дајт на ВМРО, то ќе е виц на годината. Леси се враќа дома. :)

Како и да земиш, неизвесно ќе е до последно, и очекувам тесна разлика на крај.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Ти Фантоме кажвиш за давање гласови како да се работит за мастики за џвакање.
Ак мојт да гласет од ВМРО-НП за Петрески зш да не мојт да гласет од НСДП за Нанче.:toe:
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Ти Фантоме кажвиш за давање гласови како да се работит за мастики за џвакање.
Ак мојт да гласет од ВМРО-НП за Петрески зш да не мојт да гласет од НСДП за Нанче.:toe:
Прам муабет за партиска поддршка, немат ваљда гласојте да ги спакуват во кутија од кондури и со буфка да му ги дајт.
 
petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
Јас мислам дека Нанче не ги добиват гласовите од Томе Гиноски, или ако добијат, ќе добијат само помал дел. Зошто? Затоа што Нанче е сончоглед. До последно беше во народна, па се префрли во ДПМНЕ само да станит градоначалник. На сите дуели Гиноски го напаѓаше САМО Нанче.
И не сум баш најсигурен дека СИТЕ гласови би оделе кај Нанче. Што направив муабет со луѓе што гласале за албанецов, викаат дека Аце доста работи им направил во Воска и Даљан за време на минатиов мандат и дека сега би гласале за него.
Гласовите од Боро Павлоски ќе заминат кај Аце и голем дел од гласовите на Ацо Попоски исто ќе заминат кај Аце.
Што значи дека Нанче може да се надева на дел од Гиноски, албанецот (незнам како се викаше) и еден мал дел од Попоски.
Ова е моето мислење за вториот круг. Поправите ме ако грешам.
 
klime7

vending
Член од
6 ноември 2007
Мислења
1.241
Поени од реакции
52
Ти Фантоме кажвиш за давање гласови како да се работит за мастики за џвакање.
Ак мојт да гласет од ВМРО-НП за Петрески зш да не мојт да гласет од НСДП за Нанче.:toe:
Мојт,мојт! ама само мал дел, како што не можат овие од Народна да гласаат за Петрески така и овие од НСДП нема да гласаат за Нанче т.е. само дел ќе има што ќе гласаат.
Факт:Колку и да се пазари Нанче со гласовите од овие што испаднаа, актуелниов градоначалник е во предност
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
8
Поени од реакции
0
Да се вмешам малку и јас во дискусијава :)

Еве еден линк и сега вие одлучете за кого ќе гласате.

Иначе јас на овие изботи гласав за еден од кандидатите кои и спаднаа во првиот круг :(
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
401
Поени од реакции
5
Да се вмешам малку и јас во дискусијава :)

Еве еден линк и сега вие одлучете за кого ќе гласате.

Иначе јас на овие изботи гласав за еден од кандидатите кои и спаднаа во првиот круг :(
auuuuuu:toe::nenene::jaj:
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
ВМРО НП застана зад Нанче

Општинскиот комитет на ВМРО НП - Охрид, во вториот круг од локалните избори ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов - Нанче.

-Програмата на Кирил Трендафилов - Нанче е најприфатлива за нашата политичка опција, рече претседателот на ОК ВМРО НП, Ванчо Костоски, при денешната средба со Нанче.

Кандидатот за градоначалник, Трендафилов, се заблагодари за поддршката и рече дека со помош на сите граѓани со еден мандат ќе реализира многу проекти кои се од витално значење за Охрид.

-На Охрид му е потребен чесен градоначалник, а него, мислам дека ќе го имате во ликот на Кирил Трендафилов Нанче, изјави кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, при денешното официјализирање на соработката со ВМРО НП.

Извор: Ohridnews.com
 
da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
se sramam shto sum ohrigjanec..Ohrid kako lulka na nashata kultura i identitet kje bide voden od nepismen chovek. Ovaj Petreski ne znae edna rechenica da sklopi a i ne razbira nishto...obichni prashanja ne znae da odgovori. kakov sram i katastrofa!!

choekov go kindapiraa pa priijavi posle 3 meseci zashto go kindapirale...po ohrid samo kladilnici i tomboli i kockarnici...nikakva kultura. Namesto da bide modensko mesto so profesionalna presentacija na prirodata i pred se kulturata kje bide grad na selksi panagjuri.

kade bea intelektualcite??

e pa ohrigjani baravte i gledajte:

http://www.tvm.com.mk/video?task=viewvideo&video_id=352
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Ако така го гласал народот ќе го трпиме.Демократија ебига...:tapp:
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Ако така го гласал народот ќе го трпиме.Демократија ебига...:tapp:
И пак ќе го избериме следните избори. До толку сме охриѓани за нигде. Јас барем не слушнав и не видов никаква програма од Аце Петрески за следниот период, така што сигурно ќе направи повеќе од колку што ветил :tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom