--- надополнето: Oct 12, 2011 10:07 AM ---
Ова е текст преземен од „Нова Македонија“ (напишан од Петар Попоски) од 19 мај 1968 година, 6 страна. Го најдов барајќи нешто друго пред година-две, ми се виде интересен и го зачував, па оттаму знам кој навистина е катил Ѓорѓи.
Јас сум „Катил“ Ѓорѓи
Јунакот на народната песна „Катил Ѓорѓи“ , 90-одишниот Ѓорѓи Стојанов Мијакоски живее во Прилеп
Во потрага по старците современици и учесници во Илинденското востание, го најдовме Ѓорѓи Стојанов Мијакоски, кој живее на ул. Марксова во Прилеп. Овој старец со орлов поглед воопшто не изгледа дека има 90 години. Од она што ни го раскажуваше неколку часови можевме да се увериме дека е тој јунакот на народната песна “Кажи, кажи катил Ѓорѓи“.
„Кажи, кажи катил бре Ѓорѓи како го спечали тешкото имање? Право ќе ти кажам Турчину море, бегови сум клало...“
-
Родум сум од Брник. Комита станав пред Илинденското востание, а се борев во четата на Дедо Коле. Првата акција во која учествував беше во Маково, спроти Илинден. Тука живееја четири бега кои имаа четири кули и четири илјади овци. Во нападот ги уништивме беговите, а неселението го пуштивме во амбарите со жито. Кулите ги запаливме... - се сеќава Ѓорѓи Мијакоски.
Потоа тој раскажуваше и за пресметката со озлогласените Турци Шефкија и Алија Тесларо.
-
Шефкија имаше неограничена слобода во пресметувањето со нас. Тој беше посебно заинтересиран за војводата Димко Миголчето. но, иако претставуваше страв и трепет, и него го ликвидиравме. Му направивме заседа на излезот од село Могила. Ќе беше страшно ако со првиот куршум не го симневме од коњот. Пискулот го чувавме за војводата Димко, кој ги собираше. Потоа се засили Алија Тесларот. Слушавме дека се заканувал, велејќи дека тој нема да биде така невнимателен како Шефкија. Го измамивме и го убивме во Гена Маале во Битола...
По Илинденското востание војводата дедо Коле ги собрал и им рекол: „
Занает научивте, сега борете се, но во помали групи, зошто ако одиме сите заедно постои можност сите одеднаш да не` уништат!“
Ѓорѓи Мијакоски ја продолжил борбата со уште дванаесет борци.
-
Знам дека пушките ги добивавме од Австрија, но ги плаќавме, а парите земавме од беговите. Јас за себе ништо не сум земал. Впрочем, уште пред да се вклучам во борбата имав „тешко имање“, имав 400 овци, мајка, жена, (види го бе, прво овците, па потоа мајката и жената
)
имав свој дом, но кога некој ќе те изгони од него што ти останува друго освен да се бориш... - вели дедо Ѓорѓи.
Ѓорѓи Мијакоски ни зборуваше и за својата борба во НОВ, како партизан...