^Exotic^
Wanderstruck
- Член од
- 25 ноември 2007
- Мислења
- 5.969
- Поени од реакции
- 1.061
Народ од словенско потекло.Дефинирај “Словени“
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Народ од словенско потекло.Дефинирај “Словени“
Хитлер не бил позитивна личност по ни еден критериум. За другите би можело да се дискутира. Битно е да се оцени нивниот придонес кон напредокот на Цивилизацијата.Александар III Македонски
Гај Јулие Цезар
Ханибал
Наполеон Бонапарта
Адолф Хитлер
Постои и позитивна особина кај овие историски личности а тоа е што биле фантазери и сонувале за покорување на светот и градење на нов и подобар свет, но свет со кој тие би владееле, а тоа им било негативно.
Друго позитивно за нив, па не знам, може биле HIV позитивни![]()
Не би тупел ама ај дефинирај ми го тоа словенско потекло.Народ од словенско потекло.
Зарем не си слушнал за Drang nach Osten.?Не би тупел ама ај дефинирај ми го тоа словенско потекло.
Шо зорт виделе нашите претци од германците?
Зарем не си слушнал за Drang nach Osten.?
Не да ми се допаѓа туку ме одушеви. Слатко се насмеав. Ти си геније!подоцна: Gefahr aus dem Osten![]()
Читам дека некои често се обидуваат да повлечат некаква паралела меѓу некои историски личности, на пример, меѓу Александар и Хитлер. Морам да кажам дека инсистирањето на сличноста меѓу нив ми е неприфатлива и многу неиздржана. Секако, се работи за луѓе кои се занимавале со војни, освојувања и окупации, кои довеле до смрт на помала или поголема по број популација која не се согласувала со нивните желби. Арно ама, кај Хитлер имаме политика на планско истребување одредени категории население од различен произлез (Евреи, Роми, хендикепирани, хомосексуалци, комунисти итн.), кое многу успешно се одвива зад фронтот и претставува вистинска индустрија на смртта. Александар пак, кој живеел пред 2300 и кусур години, со ретки исклучоци (Теба, Тир, Газа [последните две по долги опсади] и сл.), главно се занимавал со освојување, а не со убивање. Се работи за воени походи, за помали или поголеми битки и најголемиот дел од жртвите се војници. Секако дека има грабежи, силувања и други рекреативни активности за напатените војници, но ако се земе предвид фактот дека многу градови се предавале без отпор и така се спасувале (иако кај Аце најпрвин се гледаат неговите војсководечки вештини, тој бил надарен дипломат), тоа не било ништо во споредба со она што го правеле Хуните, Монголите, Готите или Вандалите. Александар е основач на повеќе градови, од кои еден бил културен центар неколку векови, а неговиот поход кон исток придонел за засилено мешање на различните култури меѓу Истокот и Западот.
Никогаш... Никогаш не би ја „ исчистил “ ова или онаа страна на било која река од овој или оној. Ниту би направил било каква дискриминација, затоа што некој се вика така и така, мисли вака и вака, верува во она или ова, живее овде или онде или во било што друго е различен од мене. Од едноставна причина, бидејќи тој е Човек, исти како и јас.Се е во ред. Убаво напишано. Хитлер е навистина лошотилак, ама секој од нас нека се запраша, дали не си помислил барем еднаш во животот како, кога би имал моќ, би ја “исчистил“ левата страна на Вардар, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар и Струшко, Кичевско... , Ромските маала што ги има во секој град и попатно, уште по некоја индивидуа? (Истото важи во спротивна насока за Албанците и останатите нациналности) “Оној кој нема грев нека го фрли првиот камен...“ Треба да се биде реален и секој да се стави на местото од Хитлер и да размисли - дали и тој би го правел истото во истата ситуација или не. И ако не, тогаш дали тоа искрено го мисли, а не да е само надворешна декларација пред останатите луѓе. Ве уверувам дека има многу полоши и позлобни луѓе кои не ја добиле својата “шанса“.
И вистина, Александар не може да се споредува со другите крвници и тоа може да го прават само некои од одродените Македонци на кои им пречи неговата статуа, на кои им пречи успехот на Мак. кошаркарска репрезентација и т.н. Походот на Александар бил своевидна револуција, едно “прочистување на дишните патишта“. Со неговиот поход се отвориле и станале посигурни трговските патишта, се стандардизирале до некаде мерите и вредностите, заживеала економијата, се изградиле нови просперитетни градови, има пробив во науката и филозофијата и т.н. Навистина, се офајдиле Македонците но и сите останати народи. Како споредба, какво фајде имаат Авганистанците од Советската и Американската окупација? (само така може да се нарече оваа состојба) - разрушени градби, нефункционална економија, здравство и образование, крајно нарушена безбедност на своите граѓани, за возврат на приклучената шмукалка во нафтата од страна на западот (порано на истокот). Не е чудо зошто Авганистанците не ги сакаат своите окупатори...
Не би тупел ама ај дефинирај ми го тоа словенско потекло.
Шо зорт виделе нашите претци од германците?