Од државен завод за статистика е следново
- Просечна бруто плата за 2024: 62,000 денари ( или 1007 евра, еве ќе заокружиме на 1000че )
- Вработено, оданочено население 694,506
Статистички, просечно оданочени се 75 евра на секој од тие 694,506 луѓе, или, 52 милиони и 88 илјади евра.
Исто, според истиот завод за статистика вработени во сектор „ Дејности на здравствена и социјална заштита“ што не се под приватен сектор, се 31 173.
Кај овие не успеав да најдам просечна бруто плата, али од некои информации што ги иам, ќе речам 1500 евра во бруто просек (околу 1000 евра во нето) треба да им исплатат на сите овие. Значи во тие 31 173 не се само доктори. Опфатени се медицински сестри, болничари, стражари, секретари, возачи итн.
Како и да е. 31,173 вработени по 1500 евра бруто плата секој месец се скоро 46 милиони и 760 илјади евра.
Ти остануваат, секој месец, по груба математика околу 5 милиони евра месечно, на ниво на држава, да подмириш останати трошоци што вклучуваат, гориво, струја, вода, лекарства, основни прехрамбени намирници итн.