Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
4 ноември 2013
Мислења
1.022
Поени од реакции
1.581
Беше убаво да ве види човек после толку време.

Се направи добра журка со 100 луѓе.
На многу начини со разни песни пробаа да допрат до нашинците надвор и да им објаснат преку песна дека не треба да си ги забораваат корените.

Истото го правеа и Тино и Атанас во нивните настапи

Почина и Сара

Почивајте во мир , добри луѓенца
 
Член од
8 октомври 2015
Мислења
946
Поени од реакции
3.142
Не можам да се помирам шо се случи, над 60 млади луѓе баш од регионот каде шо најмалце не има. 60 млади луѓе кои требаше да оформат фамилии и да го држат во живот тој регион. Дебакл за територијата шо се нарекува држава директно од корумпираноста која ја има во секој еден сегмент на општеството, и која вешто се турка под тепих “ќе свртам еден број имаш лиценца”.
Огромен гнев имам, на раб сум да не напрам нешто шо ќе ми го загрози мојот живот.
Уште не сме свесни колкав облик има ова трагедија. Математичките пресметки не лажат, споредбено со популацијата на Америка, доколку вакво нешто би се случило таму, би резултирало со 10000жртви.
Утеха нема, сите институции нека си ја превземат вината.
ЛУЃЕ ОВА Е ГЕНОЦИД!!!
 
Член од
14 октомври 2021
Мислења
148
Поени од реакции
302
Ова ако не ви ја прелие капката да им наплатиме на улица на сите партии за сѐ јзк да ви е. Сите имате деца фамилии, у партија колку души се? Колку е народов а? Глејте Србите за 15 души што им прават бе. До кога ќе се гради со фушерај?? 1,500 души биле. Тоа е цифра бе. Поготово на милион и кусур население. И во Охрид исто има да се затвара.
Сѐ ова е од врскаџиски менталитет. Јзк да ви е на сите постари и сите што се свесни за сѐ, а си ќутат и велат ,,има и полошо”.
Беса Транс-45 жртви
Тетово болницата-14
Случајнот Онкологија
Загаден воздух, па и сега ова со мазутот.
Скап живот мизерни плати.
Зимај плата клати врата
Здравство 0
Мито и корупција на најјако

шо народ ќе бевме бе трпелив и издржлив. Со полошите ли ќе се споредуваме? Со кои? Со Зимбабве, Уганда? Зашо не се споредуваме со подобрите?
за 23 години што живеам сѐ што слушам е ЌУТИ ИМА И ПОЛОШО. Никој не рекол ДАЈ ДА СМЕНИМЕ НЕШТО.

да се откаже сѐ една недела.
Сочувство до фамилиите на загинатите…
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.640
Поени од реакции
20.200
Како да интервенира тој, не е тој одговорен што редарите и газдата дозволиле малолетници да влегуваат во локалот. Полицаецот правел проверки после 12 часот, како што е процедура, ама не е Супермен со еден поглед 1500 луѓе да ги скенира и исфрли, постојано влегуваат/излегуваат нови, во таа гужва ни Супермен не може да интервенира како што си замислуваш, а не 2-3ца полицајци од Кочани. Едноставно не е изводливо 1500 луѓе да ги легитимираш на сред концерт.
Порано рација кога се правеше, го затвараа локалот и сите надвор, сега замижват на многу нерегуларности, тоа е факт непобивен.
Нема везе не сакам да ја должам и да се расправам на таа тема поготово не за починато лице, лесна нека му е земја.
Јас друго сакав да ви доловам со муабетот, дека се функционира така во оваа држава, убаво напиша еден погоре не се свесни за функциите кои ги имаат, не се надеваат на најлошото.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.395
Министерот рече дека бил на задача да не дозволи малолетници да влегуваат.
Стефан, прво и основно полицаец е, требало да го тргни газдата прво и да му посочи дека во дискотеката има малолетни и има пута 10 повеќе луѓе од што треба. Не ме заебавајте луѓе, знаеме сите како функционираат полицијата кај нас.
Во локал кај што имам работено идеа јадеа пиеа без пари, се "прашувам" зошто
Ај не се правете како да не разбирате како одат работите кај нас.

Во 80% од случаите на продажба на дрога во помалите Македонски градови одат преку полиција т.е инспектори нтш и слични бараби, се апси само конкуренција тие 20% што ќе се осмелат залутаат да шиткаат надвор од „системот“. Полицаецов бил на задача за наркотици и малолетници, да реагирал на време за присуство на малолетници ќе дојде полиција ќе ги истресат легитимираат и ќе ја затвореле дискотекава а ништо немало од тоа - за дрога колку бил успешен да скенира лоцира конкуренција не сум сигурен.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.454
Поени од реакции
6.037
Имаш секојдневни домашни проблеми, сакаш да здивнеш малку, да промениш мисли и расположение излегуваш да си поминеш убаво, на крај загинуваш поради идиоти кои сакаат да здиплат што е можно повеќе пари на кој било начин. Тоа е сликата за нас како личности, а и за Македонија.

Од самото раѓање па се до смртта ние животите тука ги поминуваме како скотови, полни со омраза, завист, љубомора, чемерност и тешка суета...израснати во болни средини. Во Македонија здрави и присебни луѓе скоро и да нема, секоја чест на тие што се уште го издржуваат овој живот тука.

Немам зборови со кои би можел да го искажам мојот револт и тоа колку сум лут првенствено на себе, а и на овој клет народ.
Се уште не можам да прифатам она што се случи ноќеска.
 
Член од
8 октомври 2015
Мислења
946
Поени од реакции
3.142
Од најпросперитетна држава после распадот на ЈУ, со избегната војна и полн старт за напредок дојдовме до ниво Косово да ни е е пример за многу работи. Младоста ни ја зедоја, кола половна неможиме да купиме, фамилија да изградиме, матер ни ебаја сите од еден до последен. Во најтешки маки да умира секој еден шо има нанесено штета на државата, очигледно изгубија страв од Бога и казнивост.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
17.640
Поени од реакции
20.200
Ај не се правете како да не разбирате како одат работите кај нас.

Во 80% од случаите на продажба на дрога во помалите Македонски градови одат преку полиција т.е инспектори нтш и слични бараби, се апси само конкуренција тие 20% што ќе се осмелат залутаат да шиткаат надвор од „системот“. Полицаецов бил на задача за наркотици и малолетници, да реагирал на време за присуство на малолетници ќе дојде полиција ќе ги истресат легитимираат и ќе ја затвореле дискотекава а ништо немало од тоа - за дрога колку бил успешен да скенира лоцира конкуренција не сум сигурен.
Па и јас истото го верглам, ама тука ме нападнаа.
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
2.229
Поени од реакции
2.767
Катастрофална штета. Сочуство кон родителите, роднините и пријателите.

Ќе има доста вина и истраги, за тоа има време, сега е најбитно помош на тие што се во критични ситуации.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.240
Поени од реакции
36.533
Сите се они ок ликови, за на пиво и заебанции. Се додека не може да размислат они и тие до нив или кој и да е одговорен од дискотеката абе чекај пиротехникава да не заебе нешто 1500 луѓе игла нема кај да фрлиш
Ова! Скарани сме како народ со одговорност и користење на разумот. Се е: врски, рекети, партии, локални шерифи, "шо гебиш ќе тера и вака муабет".

Тука има направено еден куп пропусти, како што се прават и секојдневно, и на секој чекор во државата – само што стануваат видливи кога ќе почнат да течат гомната низ ногавиците.

Апсолутно се согласувам. Сите се "океј ликови" за со ракија и заебанции, но, за жал, било поради лични интереси или едноставно поради „турни ме да кинисам“ и немарност, овојпат убиле луѓе, а некои од нив го изгубија и својот живот.

Најтажно е што ова ќе биде како и се друго на Балканот – секое чудо за три дена. Веќе од следниот месец, се ќе продолжи по старо, и така се до новата трагедија.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.550
Поени од реакции
23.656
Дискотеката работела со фалсификувана лиценца.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.969
Поени од реакции
57.765
Не е исто бидејќи во време на Ковид 19 се градеа модуларните со потпис на министерот со тендери на кои им ги даваше актуалната власт, а објектов е од 90тите, лиценцата добиена 23та година.
Не ми се дискутира за тоа, но ако ти е полесно ајде исти се ватевер.
Подеднакво лошо, сменети гарнитури, табиетот е ист.

Сите имаме излегувано во вакви дупки ко помлади, ништо не сме направиле да се смени тоа.

Овие деца вчера се колатерална штета на неодговорноста на уништенава нефункционална држава.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.668
Поени од реакции
29.507
Друже сите сме криви, до еден! Едни за силување, вторите за не давање отпор! И не е само 30 години, ние пропаѓаме од 1970 па наваму, само малку такви метузалеми има на форумов, како мене, кои го памтат почетокот на гниењето на општеството.
У право си. Некој од Србија, Хрватска имаше кажано " Уште на маршалот кога го заболела ногата 1978-79 год требало да се мисли да се бега од овде ".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom