Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
26 септември 2012
Мислења
8.383
Поени од реакции
7.171
Тој бил таму и да не дозволи малолетници не само за дрога.
А и општо полицаец е, на службена задача, гледам дека ништо не е како што треба пријавувам.
ако бил службено бил со дадена задача,има нешто нејасно уште?
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.385
Поени од реакции
21.936
Чекајте малце, министерот вика дека полицаецот кој починал кој бил на должност вечерта, да спроведи ред за да не има малолетни и дрога, требало да биди одликуван за добри дела претходно, како еден добар полицаец.
Како тоа да бил одликуван а не виде дека пола дискотека е полна со малолетници и има отповеќе луѓе внатре ?
Леле која глуперда си и ти. :facepalm:
Човекот погинал додека бил внатре да си ја брка работата по процедура, да проверува дали има малолетници. Одликувањето било за претходни негови дела и добро работење. Што е тој, семоќен, со еден поглед 1500 луѓе да ги провери и преброи, и во истиот момент да ги изнесе од просторија како Супермен?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.641
Поени од реакции
20.201
Свесна си дека идеш накај Рон и Војаџер левел со ваков вид постови? На што ти личи полицаецот, на Бетмен? Тој имал задача да лови неовластена трговија и продавање на наркотици, не може 3838282 работи да спроведе во иста вечер. Аман како може вакви заклучоци да си носите, како не видел дека имало повеќе луѓе во дискотеката :tapp:
Министерот рече дека бил на задача да не дозволи малолетници да влегуваат.
Стефан, прво и основно полицаец е, требало да го тргни газдата прво и да му посочи дека во дискотеката има малолетни и има пута 10 повеќе луѓе од што треба. Не ме заебавајте луѓе, знаеме сите како функционираат полицијата кај нас.
Во локал кај што имам работено идеа јадеа пиеа без пари, се "прашувам" зошто
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
7.013
Поени од реакции
41.636

За ова да се нарече дискотека треба да се поминат следните институции:

1. Издавање на лиценца за работа:

• Министерство за економија – Издава лиценца за вршење угостителска дејност за ноќни клубови, дискотеки, кабареа и други објекти од овој тип.

Општините – Локалната самоуправа издава одобрение за работа, во зависност од урбанистичките и безбедносните услови.

2. Контрола и инспекциски надзор:

• Државен пазарен инспекторат – Врши редовни и вонредни контроли за почитување на законите, како што се работното време, дозволениот број гости и условите за работа.

• Државен инспекторат за труд – Проверува дали вработените работат во согласност со трудовото законодавство.

• Инспекторат за животна средина (локално ниво) – Надгледува дали клубовите ја почитуваат регулативата за бучава и заштита на животната средина.

• Полиција (МВР) – Го контролира редот и мирот, проверува безбедносни мерки, влез на малолетници и дозволи за работа после полноќ.

• Противпожарна служба – Врши проверки на противпожарната заштита и евакуациските планови.
Настрана другите државни инспекторати како пазарен инспекторат, инспекторат за труд и слично, општините, се првото ниво на корупција кај нас. Министерство за економија дало лиценца за вршење угостителска дејност, ама ОПШТИНАТА дала дозвола и одобрение за работа за дискотека во еден таков кокошарник. Демек не знаат они за кој и каков објект се работи?

Градоначалниците, локалните шерифи(криминалци) и началниците на станици се првото ниво на корупција, и она со кое ние секој ден имаме допир. Особено во ваквите помали градчиња како Кочани. Има тука еден куп членови од внатрешноста можат и они да потвдрат дека најкорумпираните личности во нивните градови/општини се токму луѓето што ги држат овие позициии. За што и да правиш ти треба амин од нив.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.641
Поени од реакции
20.201
Леле која глуперда си и ти. :facepalm:
Човекот погинал додека бил внатре да си ја брка работата по процедура, да проверува дали има малолетници. Одликувањето било за претходни негови дела и добро работење. Што е тој, семоќен, со еден поглед 1500 луѓе да ги провери и преброи, и во истиот момент да ги изнесе од просторија како Супермен?
Леле која вошка си, прво не знајш да читаш или шо е работата ?
Пред да се случи трагедијата зборам требало да интервенира, никој не го обвини за тоа што се случи, припазвајте малце пред да пишите нешто, знам дека сите сме запалени за ова ама размислете пред да напишете нешто
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.546
Поени од реакции
31.206
Исти курац сте и дел од симпатизерите на актуелната власт.

И тогаш одма се бараше одговорност од Филипче у 2021 за болницата - и тоа е во ред и така треба!

Секогаш треба да се бара одговорност од институции и функционери, затоа што они се директни виновници за вакви трагедии.

Не треба да се бранат истите и да се трга вина под наравите “што можеле они да направат“, тоа е проблемот на фиромов.

Сега тие што тогаш први бараа одговорност, викаат абе не го злоупотребувајте случајов за политички поени. Подеднакво лошо се злоупотребата за политички поени и ќутенката. А сеа има ќутенка затоа што моите се на власт.

Не е ова фудбалска утакмица па има гол од офсајд па ајде ќе го бранам мојот тим.

Ова е најголемата трагедија у историјата на државава.

Овде мора да има ланчана одговорност исто како што мораше да има и за претходните трагедии. Дали ќе има? Тешко.

Причината за настанувањето на срањето е огномет, ама тоа не е единствената причина за толкав број на жртви.

Милион работи се погрешни за овој геноцид во Кочани. Огнометот, квалитетот на објектот, заппаливоста на матерјалот, излезите за евакуација, пп апарати.. Све е погрешно.

Да не пуштеа пиротехника у локалот, немаше да се запали.
Да беше таванот плоча а не стиропор, немаше да се запали така брзо.
Да имаше доволно излези, немаше да има стампедо и повеќе луѓе ќе се спасеа.
Да имаше асална полиција (а има повеќе од доволно полиција у државава) ќе влегоа и ќе го испразнеа објектот ради пренатрупаност.
Да имаше контрлолни инспекции, објектот не би ни работел.

Барем една работа од тие да беше спроведена, ќе беше намален бројот на погинати.

А да не почнуваме па од подготвеноста на државава да се справи со вакви работи. Во болницата во Кочани немало ни доволно кислород, ни доволно опрема а ни кадар. Да имало бар неколку луѓе би се спасиле. Тука го занемаруваме и фактот дека многу деца погинаа затоа што НЕМАМЕ УСЛОВИ ЗА БРЗА ПОМОШ. Да им се помогнело, можеби немале да подлегнат на траумата.

Не ги обвинувам тука луѓето што помагале, толку опрема имаат...

Еве сеа и дел од повредените ќе ги праќаат во странство, пошто сме неспособни.

Ова не се жртви од земјотрес или поплава. Ова се жртви од непочитување на прописите. Прописи и закони има, никој од нас не ги почитува.

Морална одговорност кај политичар кај нас е мисловна именка. Затоа мора да има увек барања за одговорност. И да, и протести треба да има, дури и ако не сменат ништо тие, пошто од ќутенката сигурно нема нешто да се смени.
Не е исто бидејќи во време на Ковид 19 се градеа модуларните со потпис на министерот со тендери на кои им ги даваше актуалната власт, а објектов е од 90тите, лиценцата добиена 23та година.
Не ми се дискутира за тоа, но ако ти е полесно ајде исти се ватевер.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.550
Поени од реакции
23.656
Инфото од утринава ми било точно за жал.
Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Тој, според нашите информации, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот.
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.419
Поени од реакции
1.281
Со оглед на фактот дека не можат да го најдат 12 часа по настанот, а е познато лице, не очекував добри вести. Греота.
Со кола бил однесен во болница, така прочитав, и дека некој тапанар загинал од бендот
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.529
Поени од реакции
5.347
Исти курац сте и дел од симпатизерите на актуелната власт.

И тогаш одма се бараше одговорност од Филипче у 2021 за болницата - и тоа е во ред и така треба!

Секогаш треба да се бара одговорност од институции и функционери, затоа што они се директни виновници за вакви трагедии.

Не треба да се бранат истите и да се трга вина под наравите “што можеле они да направат“, тоа е проблемот на фиромов.

Сега тие што тогаш први бараа одговорност, викаат абе не го злоупотребувајте случајов за политички поени. Подеднакво лошо се злоупотребата за политички поени и ќутенката. А сеа има ќутенка затоа што моите се на власт.

Не е ова фудбалска утакмица па има гол од офсајд па ајде ќе го бранам мојот тим.

Ова е најголемата трагедија у историјата на државава.

Овде мора да има ланчана одговорност исто како што мораше да има и за претходните трагедии. Дали ќе има? Тешко.

Причината за настанувањето на срањето е огномет, ама тоа не е единствената причина за толкав број на жртви.

Милион работи се погрешни за овој геноцид во Кочани. Огнометот, квалитетот на објектот, заппаливоста на матерјалот, излезите за евакуација, пп апарати.. Све е погрешно.

Да не пуштеа пиротехника у локалот, немаше да се запали.
Да беше таванот плоча а не стиропор, немаше да се запали така брзо.
Да имаше доволно излези, немаше да има стампедо и повеќе луѓе ќе се спасеа.
Да имаше асална полиција (а има повеќе од доволно полиција у државава) ќе влегоа и ќе го испразнеа објектот ради пренатрупаност.
Да имаше контрлолни инспекции, објектот не би ни работел.

Барем една работа од тие да беше спроведена, ќе беше намален бројот на погинати.

А да не почнуваме па од подготвеноста на државава да се справи со вакви работи. Во болницата во Кочани немало ни доволно кислород, ни доволно опрема а ни кадар. Да имало бар неколку луѓе би се спасиле. Тука го занемаруваме и фактот дека многу деца погинаа затоа што НЕМАМЕ УСЛОВИ ЗА БРЗА ПОМОШ. Да им се помогнело, можеби немале да подлегнат на траумата.

Не ги обвинувам тука луѓето што помагале, толку опрема имаат...

Еве сеа и дел од повредените ќе ги праќаат во странство, пошто сме неспособни.

Ова не се жртви од земјотрес или поплава. Ова се жртви од непочитување на прописите. Прописи и закони има, никој од нас не ги почитува.

Морална одговорност кај политичар кај нас е мисловна именка. Затоа мора да има увек барања за одговорност. И да, и протести треба да има, дури и ако не сменат ништо тие, пошто од ќутенката сигурно нема нешто да се смени.
Од протести ништо не се менува кај нас. Само мала излезност на избори и недавање легитимитет на тие шо не дупат од 1991 навака. Некој е на врвот на пирамидата , тие инспекции градоначалници началници сопственици не се никнати од земја , ние им даваме легитимитет.

Али џабе на кој му зборувам , за неколку месеци пак со коли ќе свират илјадници за големата победа на изборите...
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.928
Поени од реакции
8.963
Апсолутно, ова не е нешто што се случило одеднаш, туку резултат на долгогодишно затворање очи пред проблемите. Кој напиша дека работеле со блокирана сметка, па имаше некој што напиша дека им била одземена лиценцата па после вратена. Ако е точно се тоа треба да се прочисти и се по процедура. Ма децава се иднината на државата. Каков пример се остава со случувањата од Дурмо,Беса и модуларната? Плус секојдневни случувања каде буквално нула функционирање од правната држава. Ама затоа функционираат адвокатите и нотарите. И оние извршителите. И правна држава за некој што дувал во парк.


Инспекциите кои сега одеднаш стануваат „ажурни“ се истите што до вчера не гледале ништо спорно. Ова значи дека проблемот не е само кај сопствениците на објектите, туку и во институциите што дозволиле вакви локали да работат без основни безбедносни услови. И тоа е јавна тајна.

Ако навистина има волја, лесно ќе се утврди кој потпишувал дозволи, кој занемарувал пријави, кој дозволил да се користи пиро техника и под какви услови. Како што велиш, за сè има траг во документите, ако се сака да се оди до крај. Клучот е во тоа дали судството и обвинителството ќе ја сработат својата работа професионално или ќе останеме само на површни истраги и казнување на ситни риби. А тоа е под знак прашалник, и веќе годиништа иста ситуација. Дали вмро, сдсм, дуи или некој трет. До даска корупција.

Покрај ова, треба темелно да се проверуваат и другите објекти од ваков тип. Ако се открие дека има нерегуларности, тогаш да се види кој дозволил такви пропусти – дали некој од инспекциите „замижал“, дали некој во општината „заборавил“ да провери документација или дали некој имал интерес да не реагира. Ова не смее да заврши само со моментално затворање на еден објект – треба да се расчисти системски.
Јас лично во мојот роден град, знам дека секој ноќен клуб нормален тоалет нема за таков капацитет а не пак излез за евакуација. И работат годиништа.



Во секој случај, ако институциите не се обединат во ова и не почнат со вистинска одговорност, ништо нема да се промени, а вакви трагедии ќе продолжат да се случуваат. А познавајќи го нашиот менталитет. Не сме ние за држава Владе, ова е само продолжение на трагедијата наречена Македонија. Ние имаме имитација на држава.

Ај да не јадам гомна. Ама сепак како општество потфрламе секој ден. И како лични индивидуи сме под знак прашалник, слепи на сериозни проблеми се додека не не засегнат лично.
Друже сите сме криви, до еден! Едни за силување, вторите за не давање отпор! И не е само 30 години, ние пропаѓаме од 1970 па наваму, само малку такви метузалеми има на форумов, како мене, кои го памтат почетокот на гниењето на општеството.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom