Треба и мора да се излезе од тој балкански начин на размислување со партиско-политичко гледање на буквално се во животот.
Чим и во ваква трагедија некои коментираат и размислуваат според интересите на својот господар, не знам што повеќе да кажам.
Кога се зборува за одговорност, сите како бараат одговорност, ама да одговараат само другите.
Тие што молчеа кога изгореа луѓето во модуларните клиники во Тетово се најгласни денес и обратно, тие што тогаш беа гласни денес слабо им се слуша гласот.
За среќа мислам дека им се намалува бројот и на едните и на другите.
Едноставно, вака веќе не може!
Токму од овие причини, кај нас не може да има асален протест на кој ќе се искаже револтот кон сите кои до сега и ебаа мајката на државава во овие 30ина години.
Ми се гади од луѓе на кои им се протестира за суштински системски проблеми кои не засегаат сите нас, САМО КОГА стадото на кое припаѓаат е во опозиција, а претходно кога неговите биле на власт преќутувал се и сешто. Или го гледаш до вчера лаел против сите неправди, а сега неговите се на власт и вика "не смее никако да се протестира, дај да оставиме да работат", или некои оправдувања од типот "абе и претходните се криви, не само овие".
Па да, нормално дека сите се криви за ова кај што сме денес. Да не имало некои суштински разлики во овие 30тина години? НЕ, барем од кога јас памтам. Се менуваат највисоките ешалони и високата политика, ама криминалот и корупцијата се константа.
Затоа треба да се искаже револт не кон една гарнитура, туку кон сите подеднакво, треба на сите да им се изнаебеме се по список за да има реални промени. Кога народот ќе покаже дека е газда и е заинтересиран да промени нешто, тогаш и тие што ги носат одлуките ќе се подзамислат.
Ама тоа го можат само луѓе што имаат нешто во главата, а не тие што "размислуваат" според тоа како ќе им кажат.