Од туѓите грешки единствено нешто што можам да извлечам како корисно е некаков вид на искуство. Може да ми се најде корисно некогаш (пример, да бидам во иста/слична ситуација и да си кажам „Еј да беее, на оваа и оваа и се деси тоа, дај ќе бидам претпазлива.) Сепак, шансите да се сетам на тоа се минимални кон непостоечки, освен ако личноста не ми е премногу блиска или фамилија.
Згора на тоа, кога некој друг ќе згреши, секогаш си викам дека нема шанси и мене да ми се случи истото, и не толку обрнувам внимание на туѓите последици. Нормално-затоа што се туѓи.
Од друга страна, кога јас лично ќе се изгорам еднаш, ретко ја повторувам истата грешка (ретко исклучок да ми се деси да се изгорам по втор пат, ама се дешава

).
Се` на се`, подобро се учи од сопствените грешки.