Ова е апсолутно невозможно.
Не е возможно да немаме наши грешки, не е возможно да не грешиме.
И никогаш не може да се учи од туѓите грешки, затоа што околностите не се исти, ти не си ист како другите луѓе. Секогаш друг кога ќе направи нешто, најчесто луѓето велат: е како можеше тоа да го направи, но никогаш не знаеш во какви услови и околности ќе завлезеш.
Сам кога ќе направиш грешка подоцна си попретпазлив сам кон себе, додека пак друг кога ќе направи грешка во моментот ја коментираш, па после забораваш и не си толку претпазлив.
Ти не си другите луѓе, другите луѓе не си ти. Не можеш животот и лекциите да ги учиш преку нивни грб, едноставно не е возможно.
Во право си, али само делумно.
Јас кажувам за оние грешки на другите кој потоа не тераат да не постапиме исто и како тие затоа што со таа грешка претреле некоја загуба, срам, страв и ред други работи.
Би ти дал пример....
Имам познаник кој направи 3 сообрајќајни несреќи во алкохолизирана сосотојба. И во трите помина без посериозно последици а другите во кола за жал и ден денес си проблеми.
Јас кога и да се напиам повеќе ми доаѓа сликата негова и последиците и фино си викам такси.
Друго во последно што се дешава со интимни сликите од екс девојки кои протекуваат на нет.
Преубеден сум дека сите кога ќе им мане еден флешбек пред очи нема да го направат тоа.
Ќе го споменам и комарот и наркотиците. Кога би биле паметни а примери имаме зошто да посегнеме по нив..
Значи има некој грешки кои општеството ни ги нуди како добар пример. А секако има и некој за кои ти пишуваше во горниов пост.
И секако респект за твоето мислење