///////////////////Замислете си ситуација во која нато ги нема на балканот, што ќе направат србите во косово... ..................
Србите.....копаат!
...и ископуваат!
......само прашање е кој им ги кажува локациите каде да копаат?!
Во закопана цистерна криено оружје за вооружување стотина терористи
Српската полиција верува дека оружјето го закопала групата на Лирим Јакупи-Нацист
Во закопана цистерна за нафта, завчера, српската полиција пронајде оружје и муниција со што може да се вооружат и стотина терористи кои дејствуваат на потегот Прешево-Медвеѓа-Бујановац. Цистерната е откопана од нива во близина на селото Кончуљ, а од неа биле извадени минофрлачи, рачни фрлачи, на десетици најразновидни експлозивни мини, автоматски и полуавтоматски пушки и 100.000 куршуми.
Од внатрешноста на цистерната е изваден и бестрзаен топ, три минофлачи со калибар од 81 милиметар со лафети, шест рачни фрлачи, три постолја за митралези со калибар 7,62 мм, осум противтенковски, 16 пешадиски мини, 24 гранати за рачни фрлачи, 150 мини за минофрлачи и 139 рачни бомби. Од вкупниот број куршуми само 4.000 се за пушкомитралез, а останатите 96.000 куршуми се за автоматска пушка. Според српски експерти, оружјето е во одлична состојба и употребливо. Селото Кончуљ, каде што е откопана цистерната, стана познато уште во текот 2000 година и следната 2001 година, како место кое терористите на тогашната ОВПМБ го користеа како главен штаб.
Тамошните експерти сметаат дека со оваа најново запленување на оружје и муниција им е нанесен тежок удар на терористите што оперираат во еден поширок круг и кои често влегуваат и во нашата земја.
И покрај тоа што кривичната пријава што ќе следува ќе се однесува на непознати сторители, сепак, сознанијата со кои располага српската полиција говорат дека запленетото оружје е сопственост на терористот Лирим Јакупи, познат под прекарот Нацист. За Јакупи се верува дека е пребегнат на Косово каде што, исто како и во Македонија, е осуден на повеќегодишна затворска казна за тероризам, убиства и изнуди.
Пред нецела година Лирим Јакупи-Нацист, во отсуство, правосилно беше осуден на 15 години затвор за настаните што се случија во тетовското село Бродец, каде што тој и неговиот близок соработник и, исто така, добар познаник на македонските судско-полициски органи, Рамадан Шити, организираа поголема група што изведувала вежбовни активности во селото. На полициската акција „Планинска бура“, реализирана во ноември 2007 година, и' претходеше долго прикривање на Нацист во тетовските села.
За него безбедносните служби носеа оперативни информации што укажуваа на тоа дека се криел во Бродец, Вешала, Вратница, дури и во Мала Речица. Имено, само малку пред реализирањето на акцијата на македонската полиција Лирим Јакупи-Нацист, со поголема група затвореници, успеа да побегне од косовскиот затвор „Дубрава“. На Косово Лирим Јакупи е осуден на затворска казна од 40 години, но во август 2007 година тој успеа да побегне од затворот. За него македонските правосудни органи побараа екстрадиција, но тоа не се случи токму поради неговото бегство. Во групата што побегна од „Дубрава“ беше и Џавид Морина алијас командант Дреница, инаку близок соработник на Јакупи, кој беше застрелан во тетовското село Одри во ноември 2007 година.
Двајца поранешни студенти на Тетовскиот универзитет беа осудени на затвор во траење по 3,5 месеци. Студентите, Ваљом Аземи и Фљорет Сахити, инаку дојденци од Бујановац одговараа за криење на Нацист и за попречување при негово апсење. Во акцијата за апсење на Лирим Јакупи едно лице загина, а со повреди се здоби и припадник на полицијата.
Лирим Јакупи, како азилант, е роден во Германија, во 1979 година. Таму тој ги има и првите контакти со албанската емиграција, а веќе во 1998 година станува доброволец во ОВК. По војната на Косово тој дејствува во Прешевската Долина, а по демобилизацијата се враќа на Косово каде што меѓународните сили го уапсија. По кратко време е пуштен од притвор, а по враќањето од Германија доаѓа во Македонија. Во настанот што се случи кон крајот на 2004 година тој е ранет, а по враќањето на Косово повторно е уапсен.
Пред пет години Лирим Јакупи се најде на црната листа на САД, а од 2005 година му е забранет влезот во сите земји на ЕУ. Пред две години судот во Гнилане го осуди на шест години затвор за киднапирање албански цивили во Косово, а судот во Врање, во отсуство, го осуди за тероризам.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7DB7F36F5BC7E24A9B81E82493830292