Поделба на Македонија, па создавање на “природна Албанија“

Статус
Затворена за нови мислења.

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Очигледно е дека 2.500 војници на НАТО, колку на крајот треба да останат во Косово, нема да бидат физички во можност да спречат евентуален нов, завршен бран на етничко чистење од страна на големоалбанските сепаратисти и нивните криминално-паравоени формации. При носењето на одлуката за намалување на бројот на војници, стратезите на НАТО, можеле да се раководат само со намерата да можната нова дестабилизација на Косово, да ја спречат со политичко влијание, кое Вашингтон и Брисел го имаат на раководството во Приштина, на чие чело е Хашим Тачи, но и на другите поранешни терористички команданти, кои истовремено се и водачи на организирани криминални кланови.

Дестабилизација

Такви амбиции и планови, кои неможе да се реализираат без нови војни во регионот, радикалното намалување на бројот на војници на НАТО во Косово, може само да ги охрабри, бидејќи во ситуација кога Алијансата, поради малиот број на свои припадници нема да може ефеткиво да ја контролира косовската територија, целосно ќе биде отворен патот за регрутирање, обука и вооружување на албанските паравоени формации и нивното префрлување од Косово во Јужна Србија, во Македонија и во Црна Гора, и предизвикување на дестабилизиација. Намалувањето на силите на НАТО на Косово, реално може да ги поттикне големоалбанските сепаратисти, да тргнат во одлучувачка акција за дестабилизација на регионот, поради содзавање на “природна Албанија“, со претпоставка дека НАТО нема да биде подготвен во тој случај брзо и енергично да одговори и да спречи нов воен пожар, туку дека поради геополитичките интереси на поедини негови членки, особено САД и Велика Вританија, ќе им се создаде простор и ќе им се даде потребно време на албанските паравоени формации да ја завршат работата и меѓународната заедница да ја стават пред свршен чин.

Поделба на Македонија
Во таа насока е евидентно дека големоалбанскиот сон, не е униптен туку дека неговите заговарачи се’ почесто јавно зборуваат за него. Албанскиот премиер, Сали Бериша, повика Албанија и Косово заеднички да работат на интеграцијата и на обединувањето. Тој тврди дека “повеќе нема препреки, нема ништо, што би можело да не подели, не само духовнп туку и физички“. Конечно, пред неколку денови, Бериша повика на единство на сите Албанци и на укинување на границите меѓу Косово и Албанија. Последниве неколку месеци, многу приметни се големоалбанските активности во регионот. Албанците во Македонија, неодамна побараа земјата да стане “бинационална држава“, односно да се реконституира во федерална заедница на два народи, што би бил најважниот чекор кон сецесија на дел од Македонија, во кој АЛбанците се мнозинство. Донесен е и заеднички план на албанските интелектуалци од Албанија и Косово, за создавање на “природна Албанија“. Според планот, прво треба да се создаде “голема Албанија“, а потоа да се зачлени во Европската унија. “Фронтот за национално обединување на Албанците“, чие воено крило е “Албанската национална армија“ во Македонија делело летоци, со кои се повикува на создавање на “голема Албанија“. Познатиот екстремист Албин Курти, водач на организацијата “Самоопределување“, на приштинскиот универзитет држи предавања на кои на стдентите им зборува за непоходноста од создавање на “голема Албанија“. Со еден збор, големоалбанските сепаратисти наголемо се подготвуваат да ја завршат работата, почната со сецесијата на Косово.

“Природна Албанија“
Од друга страна, генералите на НАТО, калкулираат дека Косовската полициска служба и т.н. Косовски безбедносни сили, ќе бидат во состојба, со поддршка на Еулекс и редуцираниот КФОР, да ја држат под контрола безбедносната ситуација во Косово. Таа стратегија би можела да вроди со плод оти на владата во Приштина мора да и биде јасно дека новиот бран етничко насилство дефинитивно би ја урнал секоја сериозна шанса Косово да стане држава со целосен меѓународен капацитет. Непознато е дури и за американските и за НАТО стратезите, дали големоалбанските сепаратисти, сметаат дека големото намалување на силите на Алијансата во Косово, би создало потребни услови за еден вид со блиц реакција да се прогласат т.н. албански етнички територии во Македонија, јужна Србија и во Црна Гора, кои потоа би се споиле со Косово, а на крајот би се обединиле со Албанија, за да се реализира проектот на Призренската лига-“Голема Албанија“, која сега официјална Тирана ја нарекува “природна Албанија“.

(текстот е интегрално преземен од српскиот весник “Данас“)

Автор на веста: Нетпрес
 
Член од
22 март 2009
Мислења
25
Поени од реакции
0
Фактот, дека 1/3 от населбата на МК са албанци муслимани е и ке биде нај-големиот проблем на МК. Бомба со тајмер...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Несакам да верувам во вакви глупи и црни сценарија... Мада и ако некогаш дојде до тоа, мислам дека ке најдеме механизам да се одбраниме.

И сега ке се јави Геро и следбениците и ке кажат, прифатете било какво име оти во спротивно планот погоре напишан веќе 90% е реализиран (ако тоа благе везе нема со реалноста)...
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
“Природна Албанија“ ... Кој сарказам, човече....
 

Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Глупости... Природна Албанија не постои све е вештачко... Етничка Македонија тоа да ;).
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Природна Албанија:pos2: Мех мех....:pos2:таму некаде на Кавказ можат да си прават филмови за такво нешто!
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Гледаш како бугариве све си знаат :).
Понекога човек треба да разбере дека прво е човек,а после го делат некакви граници и држави.Света оди ком глобализациja и ком падане на сите граници.Сите граници и држави на този свет са вештачки и голем дел от хората во светот го разбраха и махнаха границите си.
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Понекога човек треба да разбере дека прво е човек,а после го делат некакви граници и држави.Света оди ком глобализациja и ком падане на сите граници.Сите граници и држави на този свет са вештачки и голем дел от хората во светот го разбраха и махнаха границите си.
Се сложувам.А посебно оние граници кои ние лугетп ги цементирама а се создадениод предрасуди,омраза,поделби...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Понекога човек треба да разбере дека прво е човек,а после го делат некакви граници и држави.Света оди ком глобализациja и ком падане на сите граници.Сите граници и држави на този свет са вештачки и голем дел от хората во светот го разбраха и махнаха границите си.
Понекога човек треба да разбере дека прво е човек.........
.......заборави да напоменеш......и бугар...т.е. специјалка....:vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom