Темава се запусти, значит можам да ја активирам пак. Преска слушнав една "приказна", добро, не баш приказна, односно се работи за филм.
Човекот што го раскажа филмот, немаше време да каже негов наслов или нешто што би ми помогнало да го најдам.
Се работи за човек кој со камера го снима секој роденден на неговата ќерка, значи додека умре. И секој роденден, значи секоја година и поставува исти прашања додека снима. Не се некои обични, туку некои пофилозофски од типот "која си ти".
Станува збор за вистинита приказна, и кога таткото умира, значи, ќерката бара продукција и го прават филмот.
Ако некој може да помогне, баш сакам да го видам ова, ме фасцинира, а ако нема потенцијален одговор, слободно некој друг нека поставит филм за погодување.