Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.077
Поени од реакции
3.234
Шо мислете дали ќе ги исплатат сега парите шо ги собравме или ќе не заебат, јас првпат решив да соберам 1800 и сега може да ми испадне за џабе собирањето на сметки.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

Со оваа дупка во буџет тешко....ќе бидеме солидарни и нема да бараме пари :)
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.077
Поени од реакции
3.234
Со оваа дупка во буџет тешко....ќе бидеме солидарни и нема да бараме пари :)
Тоа ми е на мене, решив и ја да се збогатам и сега ќе испадне дека за џабе се „тепав“ за сметки:D
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Тоа ми е на мене, решив и ја да се збогатам и сега ќе испадне дека за џабе се „тепав“ за сметки:D
Не дека сум се замарал многу, ама уште пред месец дена имав максимум постигнато....не е битно, треба да бидеме спремни на многу поголеми загуби од ситуацијава :)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.885
Поени од реакции
7.264
Со оваа дупка во буџет тешко....ќе бидеме солидарни и нема да бараме пари :)
Ако администрација ја стават на минималец, не се купуваат најнови коли и мебел, тогаш можеби ќе бидам солидарен.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Ако администрација ја стават на минималец, не се купуваат најнови коли и мебел, тогаш можеби ќе бидам солидарен.
Ќе ја стават, ама не знам зошто сте запнале толку за администрацијата. Освен некои директори во тој сектор се најутепани, до 20000 највеќе стигаат :)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.885
Поени од реакции
7.264
Ќе ја стават, ама не знам зошто сте запнале толку за администрацијата. Освен некои директори во тој сектор се најутепани, до 20000 највеќе стигаат :)
180.000 * 20.000 = ц.ц 60.000.000 еур само за плата, а нема потреба од нив.

За сите нив, рачунај после треба пензија да им обезбедиш, а ништо продуктивно не направиле, не произвеле, а уништиле многу. Паразити.

Буџети огромни а непотребни, неефикасни, непродуктивни, никаква корист. Пример ти е АРМ, имаат 100.000.000 еур буџет, а никаква корист нема народ (освен тие во арм и тендерашите).

Ти носат регулации и милион прописи, ако сакаш да работиш, мора да бациш рака кај нив. Има уште милион причини зашто администрација е рак на секое општество.

Јас еднаш напишав, ако толку многу ви е жал за администрација, сите по дома да си земете и плаќате по 4 слуги/нки. Дајте им ја истата моќ како на администрација, они нека ви кажуваат што смеете да работите и како (иако се неписмени, а немаат ни практично знаење).

Зајко и другите самите кажаа за некои вработени, дека НЕ би ги вработиле во нивните приватни фирми.
 
Тоа е начин како да се вратат услугите за доаѓење на власт....криви го системот, не луѓето. :)
Во таа администрација има луѓе што ни се блиски...не зборувај така. Јас лично сум имал доста можности да клатам врата ама не сум прифатил заради сумата....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.092
Како се дујат бројкиве, сега испаднаа 180 илјади :ROFLMAO:
Башка муабет што од тие 140тина илјади беа последни информации (заедно со АД), најголем дел се оние кои се борат против вирусов-војска, полиција, здравство.
И башка муабет што, приватниците одвај чекаат намалени плати во јавен сектор за и тие што работат без врска да намалат. Е дури тогаш буџетот ќе се пуни од милостиња на лоповите во оваа држава, најголем број приватњаци.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.885
Поени од реакции
7.264
Тоа е начин како да се вратат услугите за доаѓење на власт....криви го системот, не луѓето. :)
Во таа администрација има луѓе што ни се блиски...не зборувај така. Јас лично сум имал доста можности да клатам врата ама не сум прифатил заради сумата....
А системот што е .... Како да кривам зграда некоја, некоја барака ... Тоа што ни се блиски ми е баш гајле, тоа се луѓе кои реално НЕМА потреба од нив. Друго нешто продуктивно ќе работат, а не паразити. Ако играш на чуства и социјален мир, биди сигурен, сметката кога тогаш ќе дојде за наплата, ама износот ќе е многу голем.

Еве земи 4 слуги дома или вработи ги во фирма, нека си клатат врата... и кажи ми зашто нема да земеш :D
Автоматски споено мислење:

Бројките 180.000 ги кажа Грујо, кога западњаците го притиснаа да каже реално колку се на буџетска цицка по разни основи.

Само паразити административци поистоветуваат лопови и приватен сектор.
Како и да е, сметката е испорачана, сега гледаат како да сокријат причината за висината.
 
Системот е инсталација од надвор, знаеш за што мислам :)
Ефикасна мерка за добивање гласови е вработувањето, и нема начин тоа да не биде така во овој начин на функционирање на државата.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.885
Поени од реакции
7.264
Системот е инсталација од надвор, знаеш за што мислам :)
Ефикасна мерка за добивање гласови е вработувањето, и нема начин тоа да не биде така во овој начин на функционирање на државата.
Тоа надвор-внатре е симболика на :sekcza: .
Ти праша оти сме се фатиле со администрација, јас на тоа одговорив.
А народ ако почне да расудува, нема така лесно да не :sekcza: .
Пријател вработен во администрација, отвори локал за храна. За да го отвори му беа треба Х дозволи и глупи непотребни услови. Негов близок работи во институцијата одговорна за повеќето дозволи.
Додека завршуваа работа, пријателов му вика, абе не сте нормални со овие глупи прописи и услови, да не се знаевме година дена ќе потрошев и којзнае колку пари.

Одговорот на колегата беше: па како ќе купам нова кола, или обезбедам децата.
Пред некоја година имаше видео од инспектор за храна ли што ти знам. Ќерка му имала фирма за кетеринг, овој иде кај конкуренцијата, намерно ги загадува примероците што ги зема и никому ништо. Доколку беше избркан, одземен имотот, тогаш ќе и платев на државата со благослов.
 
M

Macedon1um

Гостин
И башка муабет што, приватниците одвај чекаат намалени плати во јавен сектор за и тие што работат без врска да намалат. Е дури тогаш буџетот ќе се пуни од милостиња на лоповите во оваа држава, најголем број приватњаци.
Приватниците ако намалат ќе ги изгубат и така се помалкуте добри работници, а администрацијава и 0 да им дадат од крај на година никој нема да замине тоа е разликата. Ама пусти гласови се во прашање, попрво ќе брцнат во заштедите на граѓаните отколку да ја чепнат администрацијава со плата
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.092
Приватниците ако намалат ќе ги изгубат и така се помалкуте добри работници, а администрацијава и 0 да им дадат од крај на година никој нема да замине тоа е разликата. Ама пусти гласови се во прашање, попрво ќе брцнат во заштедите на граѓаните отколку да ја чепнат администрацијава со плата
Неколку од нив знам дека ќе намалат, повеќе од сигурно. Еден газада Х и двајца соседи приватници веќе најавија, чекаат како ќе е со државно и пензии. Ако се неколку, тогаш се многу од нив. Ќе чекаат буџетарите како ќе им намалат. А потоа се се повлекува како домино ефект. 30 години така функционира приватниот сектор, се влечка ко мртовец.
Е кога ќе се наполни буџетот од персоналец, здравствено и пензиско со ваков концепт, нека пише некој. Па јавна, па општа потрошувачка...отидоа "јаките" фирми. Чак што више, буџетските плати по 2-3 месеци ќе се вратат. Приватните, повеќето од нив топки.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2009
Мислења
3.614
Поени од реакции
5.124
Каква финта спремаат со ова само, по иницијатива на граѓаните за солидарност нема да се исплаќаат ќе иделе за други цели (највероватно за следното тромесечје). Е сеа таа иницијатива ќе ја потпишат и поднесат 200 штабски пацови и ќе ја прифатат, а иницијативата и онлајн петицијата за цел ден ефтина струја што ја потпишаа 100.000 души ќе ја прифатат ? и ќе се солидаризираат ЕВН и ЕЛЕМ што имаат заедно преку 100 мил евра годишно добивка ?
Или банките што лани пријавиле 170 мил евра профит, ќе се солидаризираат со народот што го стрижат и да им тргнат каматите барем за 2/3 месеца?

Кој нормален што скенирал 200 сметки ќе му текне да се откаже од тоа, ако е така подобро му е уопште да не скенира... која глупа и ефтина финта чоече
 
Kajgana Shop

На врв Bottom