Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714
Максимално 600 денари од месец, 1800 тромесечје, 7200 годишно.
За сметка во вредност од 1000 денари за која се плаќа 180 денари ДДВ, државата ќе врати 15% или 27 денари.

За да ти вратат максимално 600 денари од месец - треба да скенираш околу 22000 денари во сметки (месечно).
За да ти вратат максимално 1800 денари во тромесечје - 66000 вредност на фискални.
За да ти вратат 120 евра на годишно ниво - 264000.
не верувам дека е максимум 600мкд/ монтхлу, ако има фискална од 30,000мкд само таа има повеќе...
 
B

Beginner

Гостин
не верувам дека е максимум 600мкд/ монтхлу, ако има фискална од 30,000мкд само таа има повеќе...
Ти и за еден месец можеш да ги направиш тие 1800 ама после тоа 2риот и 3тиот месец и да скенираш џабе ти е.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
6 јануари 2015
Мислења
1
Поени од реакции
1
dali nekoj zel pari od skenirani samo smetki od benznska.mislam deka nema nisto nezakonski.mi gi sobiraa ovaa nedela i stignav do 1800.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Не мешај работи, да објаснуваш прилив на пари е сосема различно од одлив на пари по основ скенирање на фискални сметки. Данок се плаќа на приход, а не на расход, па да се замараат да гледаат каде ти скенираш сметки и колку.

УЈП ги интересира од каде ти се парите, колку ти се и дали се толку за да те даночи.
Плус не само УЈП, и финансиска полиција има можност за увид по банките.
Фала богу знам дека данок се плаќа на приход, а не на расход. Друг беше муабетот, не си ме разбрал.
УЈП не се замара каде ти скенираш сметки и колку, нити пак ги интересира чии се тие сметки.
УЈП и те како може да се заинтересира доколку ти прикажуваш одредена сума на пари како годишен прилив на пари, а од друга страна трошиш 3 пати повеќе од годишниот прилив.

Ајде уште еднаш вака нацртано

За да земеш 1800 денари за тромесечје треба да потрошиш 66,000 вредност на фискални сметки или годишно 264,000 денари вредност на фискални. Ти си вработен во некоја текстилна фабрика и земаш 14,000 плата или годишно 168,000 денари, тука минусирај сметки за струја, вода (затоа што тие не влегуваат во скенираните).
УЈП друже има легитимно право да ти тропне на врата и да те праша „чекај бе друже од каде ти е тебе вишоков на пари кога прикажуваш плата од 168,000, а трошиш 264,000,“. Од кај да знае УЈП дека ти преку трошењето не пушташ во промет црни неоданочени пари?

И да го сумирам муабетов.
Не реков дека тие ќе одат од врата на врата за да проверуваат кај секој граѓанин, туку дека со скенирањето на туѓи сметки (тетка во маркет, другар келнер, комшија на бензинска) постои можност да си накалемите на врат непотребни нервози и докажувања, чешлање на финансиите, па и некоја глоба.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.398
Ниту некој ќе те чешла, ниту ќе те глоби. И нема никаква можност да си накалемиш било што.

Знаеш зашто?
Затоа што во правилата на МојДДВ никаде не стои дека фискалните треба да се лично и персонални твои и да имаш доказ дека се издадени лично на твое име и презиме. Дозволено е да скенираш фискални (определени со правилата на МојДДВ), без разлика дали прометот направен на нив е од тебе или од тетка ти Станка.

МојДДВ е крајно популистичка метода и би била нелегална во држава различна од Северџанија. Затоа што е незаконски една фискална сметка да биде поврзана со било кое физичко лице т.е се нарушува приватноста на граѓанинот. Фискалните не се метод за контрола на тој што купува, туку на тој што продава. Да не зборам што е неетички и нелегално било какви фискални да се поврзуваат со нечие име и презиме.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.796
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.601
Поени од реакции
5.106
Фала богу знам дека данок се плаќа на приход, а не на расход. Друг беше муабетот, не си ме разбрал.
УЈП не се замара каде ти скенираш сметки и колку, нити пак ги интересира чии се тие сметки.
УЈП и те како може да се заинтересира доколку ти прикажуваш одредена сума на пари како годишен прилив на пари, а од друга страна трошиш 3 пати повеќе од годишниот прилив.

Ајде уште еднаш вака нацртано

За да земеш 1800 денари за тромесечје треба да потрошиш 66,000 вредност на фискални сметки или годишно 264,000 денари вредност на фискални. Ти си вработен во некоја текстилна фабрика и земаш 14,000 плата или годишно 168,000 денари, тука минусирај сметки за струја, вода (затоа што тие не влегуваат во скенираните).
УЈП друже има легитимно право да ти тропне на врата и да те праша „чекај бе друже од каде ти е тебе вишоков на пари кога прикажуваш плата од 168,000, а трошиш 264,000,“. Од кај да знае УЈП дека ти преку трошењето не пушташ во промет црни неоданочени пари?

И да го сумирам муабетов.
Не реков дека тие ќе одат од врата на врата за да проверуваат кај секој граѓанин, туку дека со скенирањето на туѓи сметки (тетка во маркет, другар келнер, комшија на бензинска) постои можност да си накалемите на врат непотребни нервози и докажувања, чешлање на финансиите, па и некоја глоба.
Да не ги плашиме луѓето што не читаат, убаво ти вика Стелт. Во правилата не пишува никаде чии сметки (од физички лица) можеш или неможеш да скенираш.
Има логика и твоево, ама реално сите шо скенираат се еден до двајца макс од семејство, значи ти може зимаш 15.000 ден ама 4ца плус некои и од баби дедовци шо скенираат испаѓа околу 60.000 ден месечно. Свесни се за ова и УЈП, така да.... нека си скенира кој колку сака не е проблем.
Кај Боки не прашале од каде му се милионите на сметка у УЈП, ќе идат по илјадници семејства у сиромаштијава да им ги бараат назад 30те евра месечно шо им ги дале...
Има и студенти шо немаат никакви примања али скенираат од нивните шо пазареле и сл
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.724
Поени од реакции
1.996
Зошто не ми ги дава сметките во менито што влегуваат за наградна игра? Кога го отварам тоа мени и број на коло за учество не ми дава ни еден сериски број, а имам скенирано сметки?
 
Член од
27 јуни 2014
Мислења
51
Поени од реакции
67
Бев 2 пати до ујп за 2 пати истиот одговор да го добијам од различни вработени таму и сега мислам да не речам сигурен сум дека лажат, првиот пат тој ми вика другар и на мене не ми префрлиле уште до денес до 4 саат треба на 31ви јан.. Нормално ништно не бидна отидов завчера пак за од друга вработена да добијам ист одговор дека ни неа и го немале исплатено и решение на тоа е да чекам без притоа да ме прашаат дали се во ред документите не се ни понудија да проверат да не станува збор за грешка во системот. Сума сумарум све е само гол популизам
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082

Имаш над 15 години, регистриран си на Е-Пдд, трансакциската сметка од банката (која може да се најде при логирање на електронско банкарство во конкретна банка, а не бројот на самата картичка) ти е во ред, имаш скенирано сметки и повторно не ти доаѓа поврат на сметка?
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
755
Поени од реакции
356
Зошто не ми ги дава сметките во менито што влегуваат за наградна игра? Кога го отварам тоа мени и број на коло за учество не ми дава ни еден сериски број, а имам скенирано сметки?
Сметките ги дава според датумот кога се издадени а не кога се скенирани. Провери тоа да не те збунува.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.724
Поени од реакции
1.996
За во наградно коло зборувам... Кога бирам во кое коло поединечно само во коло 5ми дава некој фискални, а во другите не ми дава иако имам скенирано...
Screenshot_2020-02-06-19-04-33-569_mk.accent.vatret.jpg
 
Член од
7 октомври 2018
Мислења
196
Поени од реакции
364
@Francesco Totti Исто и кај мене. Само во првите 4 кола ми прикажува некои фискални, ама не знам дали се сите што сум ги скенирал во тој период.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
@Francesco Totti Исто и кај мене. Само во првите 4 кола ми прикажува некои фискални, ама не знам дали се сите што сум ги скенирал во тој период.
За во наградно коло зборувам... Кога бирам во кое коло поединечно само во коло 5ми дава некој фискални, а во другите не ми дава иако имам скенирано...
Прегледај го приврзокот 232559
Вчера влечеа награди за 2-ро коло, а од февруари започна 3-то така да не можете да имате листа на фискални за 4-то и нагоре.
 
Член од
7 октомври 2018
Мислења
196
Поени од реакции
364
Вчера влечеа награди за 2-ро коло, а од февруари започна 3-то така да не можете да имате листа на фискални за 4-то и нагоре.
Пардон, до 3 имам.

Онда многу дебилно го направиле тоа на апликацијата да ги покажува сите 12 и 12 да е избрано бај дифолт, а не е ни стигнато до него :) Само ги буни корисниците.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom