Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
А бе што збориш...

- Да беше човековиот ум „најсовршен„, тој и таков ум би творел совршени а не фалични нешта.
-Да беше Бог совршен, немаше да не створи нас, несовршени суштества.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
kolku i da se ubeduvate nema nikad da se ubedite i toa e fakt...ja vo princip sum ateist i sum bila u situacii da se raspravam so nekoi "vernici" i sum videla deka nema fajde zaso ocigledno narodov uste misli deka koga vrne dozd Gospod moca od ozgora taka da...nema zaso da se raspravate sekoj so svojot stav i kraj na muabetot....
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Знам дека е од Волтер, ама еве каде доаѓа до израз и неговата поента во една од неговите концепции кон проблематиката за Бог.
Да разјасниме, Волтер не бил атеист, туку агностик и скептик во текот на целиот живот, а подоцна, односно на смртната постела, донекаде и отстапил од ставот и констатирал нешто друго.

Значи да те цитирам:

А, поентата и на самиот Волтер е, доколку Бог постои, или сака, а не може да го спречи злото во светот, или може, а не сака.
Војна, глад, сиромаштија, нарушеност на секаква морална вредност, непочитување на моралните кодексите, криминал, корупција, убиства, природни катастрофи, неправда, нетолеранција, стереотипи...

Пасивен е или немоќен пред сите овие појави?

И еве го оноа шо ја го пишав во постот кој го цитираше, односно само го изрецетирав вашиот концепт:

Очекуван одговор од ваша теистичка страна нели?
Истото е ништо повеќе од само една обична и неуверлива спекулативна поставка, со која теистите се чукаат во гради откако ке ја изречат некому, сметајќи дека аргументирано го побиле или поразиле.
Подоцна, како шо горе ти потенцирав за неговата отстапка од ставот, е моментот кога при крајот на својот живот како и многумина други, благодарение на стравот (една од темелните причини за потпирање кон Бог (фиктивна подршка во умот на верникот) ) се изјаснил дека Бог само го креира светот, а понатаму целата просперитетна процедура е оставена на дејствувањето на самиот човек.

Колку понижувачки и деградирачки е да отстапиш од сопствениот став кој си го конципирал во текот на целиот живот, си изградил авторитет, стравопочит, историски ентитет, енормно обемен импакт врз човековата мисла и тогашното општество и подоцнежната процедура, врз база на тој став, од еден прост и смрден страв кој те потиснува, а тоа е стравот од неизвесноста за тоа шо следува после смртта.

Поголема глупост од овоа, ни баба не би ми кажала.
Секако не го слушаме прв пат, цитираното е истотака еден од наводно моќните и цврсти теистички аргументи.
Мики, помина времето на феудализмот, одржување на синџирот на благородниците, концепции за вродени идеи/слики повеќе не постојат.
Единствено вродено кое го поседуваш после раѓањето се неколку условни рефлекси и ништо повеќе.
Идејата/сликата/преставата за Бог твојот ум ја акцептира во периодот на социјализација кога средината ти ја наметнува.
Најпрво си крстен во црква (и ако немаш никакво право на избор тогаш, и ти се наметнува религијата во зависност од средината), а потоа и концептуално ти ја пикаат идејата за Бог во мозочето која тогаш делува прилично ефективно, пошто умот ти е во најмоделативна форма, и поприменото искуство тогаш е од страшен ефект за подоцнежната процедура.

Земи за прост пример, дете кое би било оставено од своето раѓање да егзистира во дива, примитивна и напуштена средина (а, има такви случаи во прилично добар број, кога за напуштени деца во дивината се грижат животни).
Како тоа дете, а подоцна и човек би ја имало идејата за Бог кога нема кој да му ја наметне?
Имено, и еден сколастички филозоф, Анселмо Кентербериски, ја поставува оваа поставка и тврди дека онтолошки доказ за постоењето на Бог е самата идеја која поседуваме и теистите и атеистите.

Идејата ја поседуваме пошто е Бог креација/идеја на човековиот ум и опстојува како таков низ целата процедура на историјата, а паралелно со неа и се наметнува и опстојува низ системот.
А, воедно и е вечна проблематика и вечно прашање, подложено на дискусија.
А, не затоа шо ни е вродена идеја.[/quote]

Поднаучи троа па ќе прајме муабет....

-Да беше Бог совршен, немаше да не створи нас, несовршени суштества.
Бог е совршен и створи совршен човек по тело (Адам) а неговото (Адамовото духовно усовршување допрва претстоело, согласно Божјата промисла: „...по наш образ и подобие...„. Уподобувајќи се кон Бога, Адам би ја постигнувал Божјата совршеност, но никогаш не би ја достиглан во полнота - 100%.
 
U

UnholY

Гостин
Колку содржен одговор.
Десет минути зјапам и не можам да го протолкувам.
Ајде помагајте.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Просто и едноставно-се обидуваш со философски шпекулации за истолкуваш духовни вистини...
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Бог е совршен и створи совршен човек по тело (Адам) а неговото (Адамовото духовно усовршување допрва претстоело, согласно Божјата промисла: „...по наш образ и подобие...„. Уподобувајќи се кон Бога, Адам би ја постигнувал Божјата совршеност, но никогаш не би ја достиглан во полнота - 100%.
Абе пак си се вртиме у круг, он создал совршен човек, само по тело, а не умствено..значи, не е комплетно совршен.
И, шо има толку совршено во нашето тело? Подобро пливаме од делфин? Побрзи сме од тигар?
Под совршенство се подразбира да со најдобар во секој аспект.
Така да, муабетов, го очекував, нормално, секој верник тој одговор ќе го даде, ама муабетот не држи.
Совршено суштество не би створило несовршена ствар, намерно.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Абе пак си се вртиме у круг, он создал совршен човек, само по тело, а не умствено..значи, не е комплетно совршен.
И, шо има толку совршено во нашето тело? Подобро пливаме од делфин? Побрзи сме од тигар?
Под совршенство се подразбира да со најдобар во секој аспект.
Така да, муабетов, го очекував, нормално, секој верник тој одговор ќе го даде, ама муабетот не држи.
Совршено суштество не би створило несовршена ствар, намерно.
Ај пак:

- Значи, Божјата промисла во Постанокот вели: „...да создадеме човек според Нашиот образ и Нашето подобие како што сме Ние ...„ (Битие, 1.26).
Така, Адма, човекот, телесно е створен по обарзот/сликата Божја, а духовно, требало да се уподобува кон Бога.

- Човекот не е створен за да се споредува со животнтие, скраја да е....
- Што е тоа „најдобар„ и по чии мерила треба да е најдобар?
- Само совршено битие може да створи друго совршено битие. Сите човекови производи се несовршени, па аналогно на тоа, човекот не е совршен, оти ја прокоцка приликата да стане совршен.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ај пак:

- Само совршено битие може да створи друго совршено битие. Сите човекови производи се несовршени, па аналогно на тоа, човекот не е совршен..
Токму така.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Вадејќи ги моите зборови од контекст, сметаш дека си го постигнал ефектот?
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Вадејќи ги моите зборови од контекст, сметаш дека си го постигнал ефектот?
Ти го кажа тоа, зарем не?
Ја се сложувам.

И, да, а со кого да се споредуваме ако не со животните? Со кого ја делиме планетава?
И, еве, и сами меѓу себе да се споредуваме, бог не создал како совршени по тело, а ете, сите иаме разлики, некој имаат деформации, се раѓаат со Даунов синдром и не доживуваат ни 1 годинка..
Совршенство..
 
Мојот одговор е во постот, кој е цитиран пред твојот пост.

И покрај тоа што на форумов се изнесени милион објаснувања, ти и сличните форумџии изгледа дека ниту ги читате ниту им обрнувате внимание на објаснувата за причините за падот Адамов и за раѓањето вакви и такви деформирани луѓе, туку упорни си терате некоја своја вистина...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ај пак:

- Значи, Божјата промисла во Постанокот вели: „...да создадеме човек според Нашиот образ и Нашето подобие како што сме Ние ...„ (Битие, 1.26).
Така, Адма, човекот, телесно е створен по обарзот/сликата Божја, а духовно, требало да се уподобува кон Бога.

- Човекот не е створен за да се споредува со животнтие, скраја да е....
- Што е тоа „најдобар„ и по чии мерила треба да е најдобар?
- Само совршено битие може да створи друго совршено битие. Сите човекови производи се несовршени, па аналогно на тоа, човекот не е совршен, оти ја прокоцка приликата да стане совршен.
Ќе се решиш ли веќе еднаш...колку богови имаш......еден, два, три или којзнае колку?:vozbud:

- а што тоа.....човекот бил створен како бета верзија:pos2: и бил пуштен на тестирање:vozbud:.......ете гледаш и тој твојот семоќен не можел од прва да створи нешто без фалинки....:toe::pos2::vozbud:
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ќе се решиш ли веќе еднаш...колку богови имаш......еден, два, три или којзнае колку?:vozbud:

- а што тоа.....човекот бил створен како бета верзија:pos2: и бил пуштен на тестирање:vozbud:.......ете гледаш и тој твојот семоќен не можел од прва да створи нешто без фалинки....:toe::pos2::vozbud:
Не бе! Види го -.- Не капираш! Он демек, хардверот си го напраил прва лига, али остаил, за казна, нечија, софтверот сам да се усоврши!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не бе! Види го -.- Не капираш! Он демек, хардверот си го напраил прва лига, али остаил, за казна, нечија, софтверот сам да се усоврши!
Право велиш, иако тоа ги велиш на мајтап...
Адамовиот „софтвер„ навистина требало да доживува „апгрејд„. но само во Божја близина.

Ќе се решиш ли веќе еднаш...колку богови имаш......еден, два, три или којзнае колку?:vozbud:

- а што тоа.....човекот бил створен како бета верзија:pos2: и бил пуштен на тестирање:vozbud:.......ете гледаш и тој твојот семоќен не можел од прва да створи нешто без фалинки....:toe::pos2::vozbud:
Имам само Еден Бог во Три Лица-Света Троица, единствена, неслиена.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Имам само Еден Бог во Три Лица-Света Троица, единствена, неслиена.
Приказната за светите троица почнува со исус.......а тоа што ти го имаше цитирано се однесуваше за многу пред него.......
...или и боговите се размножуваат?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom