А бе што збориш...
- Дека Бог го ствотил Светот па го препуштил на самиот себе, тоа е став од Волтер (колку се сеќавам) а не од некој припадник на Црквата. Црквата го вели токму спротивното: дека Бо ем го створи Светот ем птомислува са се во Светот.
- Бог не е „најсовршен„ туку Е совршен.
- Или е совршен или не е совршен, каков е тој израз „најсовршен„? Има и „помалку совршен„? Има и „несовршен„?
- Да, навистина, идејата/сликата за Бога му е вродена на човековиот род.
- Да беше човековиот ум „најсовршен„, тој и таков ум би творел совршени а не фалични нешта.
Знам дека е од Волтер, ама еве каде доаѓа до израз и неговата поента во една од неговите концепции кон проблематиката за Бог.
Да разјасниме, Волтер не бил атеист, туку агностик и скептик во текот на целиот живот, а подоцна, односно на смртната постела, донекаде и отстапил од ставот и констатирал нешто друго.
Значи да те цитирам:
Црквата го вели токму спротивното: дека Бо ем го створи Светот ем птомислува са се во Светот.
А, поентата и на самиот Волтер е, доколку Бог постои, или сака, а не може да го спречи злото во светот, или може, а не сака.
Војна, глад, сиромаштија, нарушеност на секаква морална вредност, непочитување на моралните кодексите, криминал, корупција, убиства, природни катастрофи, неправда, нетолеранција, стереотипи...
Пасивен е или немоќен пред сите овие појави?
И еве го оноа шо ја го пишав во постот кој го цитираше, односно само го изрецетирав вашиот концепт:
Бог го креира човекот но подоцна го остава на самоволна егзистенција и дејствување со цел да извршува тестинг на човековата верба во него, а на крајот да донесува заклучок и пресуда за тоа каков ќе биде неговиот епилог.
Очекуван одговор од ваша теистичка страна нели?
Истото е ништо повеќе од само една обична и неуверлива спекулативна поставка, со која теистите се чукаат во гради откако ке ја изречат некому, сметајќи дека аргументирано го побиле или поразиле.[/quote]
Подоцна, како шо горе ти потенцирав за неговата отстапка од ставот, е моментот кога при крајот на својот живот како и многумина други, благодарение на стравот (една од темелните причини за потпирање кон Бог (фиктивна подршка во умот на верникот) ) се изјаснил дека Бог само го креира светот, а понатаму целата просперитетна процедура е оставена на дејствувањето на самиот човек.
Колку понижувачки и деградирачки е да отстапиш од сопствениот став кој си го конципирал во текот на целиот живот, си изградил авторитет, стравопочит, историски ентитет, енормно обемен импакт врз човековата мисла и тогашното општество и подоцнежната процедура, врз база на тој став, од еден прост и смрден страв кој те потиснува, а тоа е стравот од неизвесноста за тоа шо следува после смртта.
Да, навистина, идејата/сликата за Бога му е вродена на човековиот род.
Поголема глупост од овоа, ни баба не би ми кажала.
Секако не го слушаме прв пат, цитираното е истотака еден од наводно моќните и цврсти теистички аргументи.
Мики, помина времето на феудализмот, одржување на синџирот на благородниците, концепции за вродени идеи/слики повеќе не постојат.
Единствено вродено кое го поседуваш после раѓањето се неколку условни рефлекси и ништо повеќе.
Идејата/сликата/преставата за Бог твојот ум ја акцептира во периодот на социјализација кога средината ти ја наметнува.
Најпрво си крстен во црква (и ако немаш никакво право на избор тогаш, и ти се наметнува религијата во зависност од средината), а потоа и концептуално ти ја пикаат идејата за Бог во мозочето која тогаш делува прилично ефективно, пошто умот ти е во најмоделативна форма, и поприменото искуство тогаш е од страшен ефект за подоцнежната процедура.
Земи за прост пример, дете кое би било оставено од своето раѓање да егзистира во дива, примитивна и напуштена средина (а, има такви случаи во прилично добар број, кога за напуштени деца во дивината се грижат животни).
Како тоа дете, а подоцна и човек би ја имало идејата за Бог кога нема кој да му ја наметне?
Имено, и еден сколастички филозоф, Анселмо Кентербериски, ја поставува оваа поставка и тврди дека онтолошки доказ за постоењето на Бог е самата идеја која поседуваме и теистите и атеистите.
Идејата ја поседуваме пошто е Бог креација/идеја на човековиот ум и опстојува како таков низ целата процедура на историјата, а паралелно со неа и се наметнува и опстојува низ системот.
А, воедно и е вечна проблематика и вечно прашање, подложено на дискусија.
А, не затоа шо ни е вродена идеја.