Јас во суштина мразам кога некој ми дели совети без самиот да му побарам совет. А ти некако обожаваш во секој свој пост да ми кажуваш како треба и што треба да правам, што е подобро а што не е....
Ниту религиозните побараа од тебе да им посочуваш во каков бог веруваат или не треба да веруваат,тие имаат една добра изрека "не им го прави на другите она што не сакаш тебе да ти го прават"
Во предходните постови ти поставив едно едноставно прашање кое го премолче, и повторно почна да се повторуваш.
Затоа ќе ти го повторам истото тоа едноставно прашање.
Ако светот без религии е кафезот, а човештвото лавот, како според тебе изгледа "саваната"? Што е тоа кое човекот ќе го смени и наместо мртов лав ќе го направи жив пес? Кој и што ќе го научи човекот да лови во саваната за да преживее?
Излези од позади твоите метафори и кажи го ставот ако воопшто го имаш, во спротивно ќе морам да заклучам дека единствено што може да се категоризира како "духовен измет" се твоите празни постови, полни со критика а без идеа и алтернатива.
Во предходниот пост посочив што е кафезот,ќе повторам уште еднаш.
Мерењето на времето во интервали и негова широка употреба е КАФЕЗОТ.
Иако може да се каже и дека на религиозните кафез им е религијата и на богатите кафез е нивното богатство(било материјално или знаење),
но заедничко и на едните и на другите е времето.
Човек кој се ослободил од стегите на религијата,а и понатака живее во општеството во кое се мери времето на интервали е мртов лав,тој само врти околу стадото и како куче лае на овците настојувајќи да истргне барем една овца од стадото и да го претвори во куче,да има отворен ум.
Мислејќи дека со тоа прави некакво добро,за жал суетна помисла е тоа.
Доколку сакаш да се стопат разликите по религиозна основа,ќе треба и богатитот да се откаже од своето богатство,т.с. удри во самиот корен а тоа е времето и неговите интервали.Тогаш лавот ќе легне покрај јагнето.
Крив за све е јануари,фебруари,март итн.и како нивни предводник дедо мраз.А кој ќе се навреди ако го обвинам дедо мраз дека е антихрист
Бидејќи колку и да се трудиш и вртиш околку стадото,све додека постои временскиот интервал луѓето ќе се потсетуваат на денот кога некој умрел или воскреснал,кој ден треба да се пости,кој ден е празник,кој ден е сабота.Залудна работа вршиш.
Од друга страна доколку удриш по времето,удираш и по науката и технологијата со еден збор и по богатите.Зошто целиот систем стои на времето и неговите интервали,бакарскиот систем,индустијата,произвоство на храна,транспорт,примена во разни пресметки во науката,физиката, итн.
Би си ја пресекол гранката на која седиш за да ги доближиш луѓето кој се разделиле по религиозна припадност, со тоа и ти да се доближиш до нив.
Полесно камила ќе протнеш во игла отколку богат да се откаже од своето богатство.(знаење)
Човекот е дел од природата,не раѓа природата асфалт,згради со тоа само го отежнувате природнит ситем која го има природата.
Според природните услови, човекот ќе се научи да живее повторно во саваната,некој ќе огледува добиток,некој ќе обработува земја,некој ќе има овоштарник,сам да си обезбедува храна,да не зависи од никого.Исто како што лавот сам си ја лови храната и го рани своето потомство.
Со еден збор,човекот ќе биде слободен.
Религиозните ќе го имаат својот бог во раце,тоа се нивните деца,тие се богови на земјата.
И ти не ми одговори на едно прашање,пак ќе го повторам.
На кој бог му се молите за да не ви снема струја?