Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
добро ако е така на нас атеистите ни одговара

во таков случај нас библијата не признава како РАЗУМНИ божји луѓе а вас религиозните
како пропалици проклети

еве :

Псалм: 53:2 Бог гледа на човечките синови од небесата, да види има ли некој РАЗУМЕН да Го БАРА Бога.

Евреите: 11:6 А без вера не е можно да Му се угоди, зашто кој Му пристапува на Бога треба да верува дека има Бог и дека ГИ НАГРАДУВА оние кои Го бараат.

Плач Еремиин: 3:25 Добар е Господ за оној, кој се надева во Него, за душата, која Го БАРА.
.
.
.
ЕТЕ ГЛЕДАШ !

Ние атеистите сме божјите светии бидејќи откривакќи ги законите во природта ја откриваме божјата Волја

ете Чорбаџија бил атеист ама се откажал и станал проклет оти веќе не ја бара божјата волја туку се занимава со бесполезни работи ..и ти исто како и него .
Ама ако се покаете и станете атеисти ние може ќе ви простиме .... ама мора да престанете да ширите малоумие
Нема везе ова што си го напишал.Тој што го бара бога може да го најде на милиони начини.Некој тоа го прават преку библијата,други преку науката,трети преку воспоставување ред и т.н.
Не шири никој малоумие бре човек,јас не сум христијанин не проповедам ништо само кажувам што е и каков е светот.

1:20 Она што кај Бог е невидливо, имено Неговата вечна моќ и божествена природа, можат јасно да се согледаат уште од создавањето на светот и да се разберат преку се што е создадено. Затоа нема оправдување за оние што немаат почит спрема Бог.

А не вака како мутлаци редите цитати без везе како ќе ви прдне на паметот
Тоа баш јас ти го велам на тебе.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
Во Божјата моќ била можноста да не направи сите нас добри и да не принуди на послушност, што би значело одземање на слободата на изборот. Но, тогаш веќе човекот не би бил човек, тој би бил ангел,тој не би имал право да бира, тој не би имал слободна воља. А ќе признаеме дека човекот не е таков.
По вољата и мудроста на Господ слободата со болка е поблагородна за човекот од ропство со среќа. Затоа е и оставена можноста за грешење.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29

А зарем ангелите немаат слободна волја???????? Зарем немаат право да бираат???????????
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
1. Нема докази дека постои бог - неколку илјади години никој не успеал валидно да докаже дека постои бог. Зошто бог се крие? Најверојатниот одговор е - затоа што не постои.

2. Бог е несфатлив - Што е бог? Само едно сведоштво на непознавање на нештата. Како она што е несфатливо, необјасниво, може да ни го објасни тоа што не го знаеме. Ако бог постои, кој го создал? Според повеќето од светите записи тој многу личи на човек, значи може да се сомневаме дека тоа и е.

3. Религиските догми се во контрадикција со она што секојдневно ни се случува - Човекот знае дека ќе умре и нема ништо после смртта. Зошто да се обожува бог кој го казнил човекот само за еден грев, толку перверзно суштство кое создал човек, ама и јаболко за да го искушува. Зошто да се одбере оваа религија, а не некоја друга? Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави.

4. Она што го ветуваат религиите е преубаво за да биде вистинито - премногу лесно ни ветуваат се што ќе посакаме - вечност, да ги видиме повторно оние кои сме ги изгубиле, прошка за она што сме го згрешиле...

5. За да се чувствуваш слободен - да се нема илузии, кон која и да е догма. Да се одбијат готови решенија. Зашто да клечиш и да се понижуваш пред нешто чие постоење никогаш не е докажано е апсурдно, безвредно за Човек. За да не се биде манипулиран.

6. Поради негативното влијание на религиските организации - го поттикнуваат религискиот фанатизам и нетолеранцијата. Конзервативни се и против прогресот. Поради религиските војни и Инквизицијата. Христијанството учи на резигнација, на покорност. Сојуз со политиката за сопствен интерес на религиските водачи. Штетното влијание на религиите на секое општество.

7. Прогресот на науката - прогресот на науката секој ден отркива докази што ги објаснуваат појавите што човекот често им ги припишувал на божествата. Бог е оттурнат на маргините, таму каде што науката се уште не стапнала.

8. Има луѓе кои живеат добро, дури и без бог - Вербата спасува! Од што тоа спасува? Неверниците не се чувствуваат изгубени. Не им треба да бидат спасени. Бог нема практична употреба, не е потребен за да се биде среќен.

9. Поради хуманизмот - да се разбуди свеста дека основната грижа е човекот и иднината на човештвото, како тој да се направи задоволен, а не да се задоволува некоја илузија (бог)

10. Да се биде свесен дека не се подлегнува на полесни решенија - многу е потешко да се биде атеист и да се соочиш со проблемите, отколку да си верник.

11. Хумор тест - многу е полесно да се прават шеги за верници отколку за атеисти. Едвај чекам да чујам некој виц за атеисти што навистина може да ме насмее
1.Бог не се крие тој е во твоето срце но за да го пронајдеш треба да погледнеш внатре искрено со љубов.

2.Бог е љубов, ако се спознаеш себеси ќе го спознаеш и Него.

3.Бог не е религија тој е Љубов, јаболкото во библијата е симбол за падот на човештвото во грев, не го разбирај буквално,
Бог не е пазивен ти си пасивен за злото што се случува околу тебе.

4. Религиите не нудат нешто што е премногу убаво за да биде вистинито, човекот има право да дава и прима безусловно и безрезервно Љубов, секој има право на Љубов затоа што Божјата љубов е неизмерна.

5.За да се чуствуваш слободен прости и побарај прошка, да побараш да ти простат не е понижување, доблест е,
за да не бидеш манипулиран ослободи се од стравот и безвредноста и исполни се со љубов и вера.

6.Кога се водиш според твоето срце ќе знаеш што е вистина а што не и неможеш да бидеш изманипулиран од ничие извртување на вистините во било која религија.

7.Ако се што неможе да се види и потврди со разум непостои, тогаш мислата чија е?

8.Неверниците покрај тоа што не веруваат во Светлината не веруваат ни во себе полека се откажуваат од Љубовта од која се создадени уверени во својата лажна безвредност.

9.Ако бидеш хуман и ги сакаш и помагаш луѓето тогаш веруваш и во Бог затоа што оној кој ги помага и ги сака твоите деца те сака и тебе.

10.Лесно е да се откажеш од она што си тешко е да веруваш и да бидеш љубов.

11.Тажно е да не веруваш во Светлината и Љубовта и во себе, уште повеќе да се шегуваш на себеоткажувањето.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

Во се ова што си го напишал никаде не го препознавам библискиот бог.
Ова ти е, во „најдобар случај“ будизам.

Највише личи на хуманизам. Поготово 3 и 6 ко ти ги читам.

Сигурен си дека си православен?!?
 
Пред се верувам во Љубовта и Светлината односно во Христос.

Затоа што вистинската религија е Љубовта, а вистинската црква срцето.

Тоа е вистинската духовност која не осудува и не ги дели луѓето.

Ако некој мисли само затоа што е Христијанин по религија е вистински и правилен и може да прави што сака во негативна смисла
а сите оние кои припаѓаат на другите религии и нации се лоши не веруваат и не ги гледаме
еднакви како нас како луѓе тогаш ние не сме Христијани ние сме националисти или фашисти.
А тоа воопшто не е духовно само е зло и подло.
А тоа што тебе ти личи на будизам тоа е поради што и во таа религија има вистини.

Но сепак светото писмо е највистинитата книга и единствена која сведочи за вистинската човечка историја, и ако она што погоре го напишав во 11 точки мислиш дека е погрешно тогаш
читај ја библијата со отворено срце и понизно само тогаш ќе ги спознаеш вистините во неа.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
2.Бог е љубов, ако се спознаеш себеси ќе го спознаеш и Него.
Можеш ли да ми ги објансиш зборовите кои Господ Исус Христос ги изрече:

„Вие сте како варосани гробови, однадвор убаво обоени, а однатре полни со црви и трули“

„Лицемери“

Дали ова личи на љубов? Бог е исти, и во Стариот и во Новиот Завет. Не се занесувајте, Бог е љубов и се ќе ни прости, зошто Бог е и праведен судија и секоја неправда ќе добие праведна отплата. Бог е страшен.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Edna od pricinite za masovnata ateizacija e opstestvoto koe se bazira na materijalisticki vrednosti na profit exploatacija...vladeackata klasa vrsi masovna propaganda i stanca generacii koi mislat koi se (in)formirani od nivnata propaganda, zatoa i religijata se svela samo na dogmatika i obredi bez deluvanje spored etickite pravila.
Mnogu pobitno e deka samiot svet poveke dava fakti koi idat vo prilog na tezata deka nema Bog.Vo sekoja generacija postojano ima masovni katastrofi i cel optimizam se sveduva na pusta nadez.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Можеш ли да ми ги објансиш зборовите кои Господ Исус Христос ги изрече:

„Вие сте како варосани гробови, однадвор убаво обоени, а однатре полни со црви и трули“

„Лицемери“

Дали ова личи на љубов? Бог е исти, и во Стариот и во Новиот Завет. Не се занесувајте, Бог е љубов и се ќе ни прости, зошто Бог е и праведен судија и секоја неправда ќе добие праведна отплата. Бог е страшен.
Toa сигурно во библијата е напишано во поширок контекст но ќе се обидам со ова што е тука.

Ова се однесува на она што е нечисто во нас во нашето срце и душа и на нашата лажна верба во Љубовта, и тоа што всушност од
внатре сме мртви.
И јасно укажување дека овај наш живот е далеку од љубовта и светлината.
Но сепак доколку се промениме и возобновиме во љубовта Бог ќе ни прости се и дека за секоја наша неправда ќе бидеме казнети доколку вистински не се себеспознаеме. Но знај дека Бог е Љубов а љубовта не казнува, природата на љубовта не таква за да казнува, ние сами се казнуваме.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Но сепак доколку се промениме и возобновиме во љубовта Бог ќе ни прости се и дека за секоја наша неправда ќе бидеме казнети доколку вистински не се себеспознаеме. Но знај дека Бог е Љубов а љубовта не казнува, природата на љубовта не таква за да казнува, ние сами се казнуваме.
Бог не казнува, пошто е љубов, ама казнува доколку не се промениме и возобновиме...

хммм..... а што е тогаш со aferlife? Има или нема рај/пекол?
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Бог не казнува, пошто е љубов, ама казнува доколку не се промениме и возобновиме...

хммм..... а што е тогаш со aferlife? Има или нема рај/пекол?
Секако дека има рај и пекол, но никој не може да не принуди
ни на рај ни на пекол наш е изборот во што ќе еволуираме
во светлосни битија или во паразити и ѕверови, а правецот по кој ќе тргнеме сега
секој од нас го избира во себе свесно или несвесно и е почната една голема промена во
секој човек на планетата.

Онакви какви што ние ќе бидеме таква ќе биде и реалноста за нас и со енергијата која е еднаква со нас со неа ќе се сплотиме на некој начин и ќе бидеме едно со неа.
Ако сме Љубов ќе бидеме до друштво со светли души,
а ако не сме ќе бидеме во друштво со оние обратните.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom