Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Се разбира дека во животот треба да се бориш и да работиш за да го добиеш она што го сакаш, без разлика дали се разботи за материјални добра или за да го надградиш својот дух, да се издигниш на некое индивидуално ниво. Надежта пред се треба да ја наоѓаме во самите себе, таа треба да живее во нас во секој момент. Но, често човекот се наоѓа во многу безизлезни и тешки ситуации, без разлика дали е верник или не. Се среќаваме со многу искушенија во текот на целиот живот, без разлика како го поминуваме животот на земјата, дали премногу работиме или не работиме, дали учиме или не учиме. Токму во вакви ситуации ни треба поголема надеж од онаа која во тој момент ја имаме. Таа надеж ја дава Бог. Се може да се реши со трпение и љубов, а Бог учи на тоа.
тоа се вика утеха а не надеж, дека после овој земен живот ќе живееме во благосостојба... итн...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.819
Поени од реакции
12.308
Науката (медицината) успеала таму каде што Бог згрешил...
Не постои натпревар помеѓу научните дисциплини и Бог, ниту негде пишува дека е Бог против нешто такво. Напротив, грев е ако не се лекуваш, грев е ако си го труеш телото со отрови (цигари, алкохол, дроги), а тоа тело ти е дадено од Бог...

Во животот не треба да се надеваш туку треба да се бориш...
За нешто се бориш, за нешто не пошто не зависи од тебе и твојата борба ниту волја. Примери има многу, ќе ги најдеш во секојдневниот живот-свој и на тие околу тебе.

тоа се вика утеха а не надеж, дека после овој земен живот ќе живееме во благосостојба... итн...
утеха надеж -за иднина. Но сеедно, краен резултат е подобрување на човековото расположение и позитивноста кон светот, без разлика како ќе го наречеш. Се тешиш дека се е ок, имаш надеж дека се ќе биде в ред.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Не постои натпревар помеѓу научните дисциплини и Бог, ниту негде пишува дека е Бог против нешто такво. Напротив, грев е ако не се лекуваш, грев е ако си го труеш телото со отрови (цигари, алкохол, дроги), а тоа тело ти е дадено од Бог....
Ако Бог го создал човекот како тоа Европа и Азија успеале толку многу технолошки да напреднат за разлика од другите континенти?
Дали тоа Бог на одредена популација и дал поголема интелигенција?

За нешто се бориш, за нешто не пошто не зависи од тебе и твојата борба ниту волја. Примери има многу, ќе ги најдеш во секојдневниот живот-свој и на тие околу тебе.
Се борам за работи кои ми се мене битни, а дали ќе победам во таа борба зависи од мојата упорност и способност и од тоа дали некој ќе ми подаде рака или не, зошто на светов човек сам само во WC оди.

утеха надеж -за иднина. Но сеедно, краен резултат е подобрување на човековото расположение и позитивноста кон светот, без разлика како ќе го наречеш. Се тешиш дека се е ок, имаш надеж дека се ќе биде в ред.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.819
Поени од реакции
12.308
Дали тоа Бог на одредена популација и дал поголема интелигенција?
Од една страна технолошки напреднале со што се и најголемите загадувачи и девастатори на планетава (САД, Канада, Европа, Јапонија и Австралија). Од друга страна причината за напредокот лежи не во интелигенцијата туку во бескрупулозноста и непочитувањето кон другите народи и животи. Нивниот напредок е резултат на многу милиони уништени/убиени души и исцрпени ресурси. Секоја империја има свој подем, момент и пад...истото ќе се случи и со овие империи, кога-тогаш, а ќе се издигнат други и нови. Сите империи и нивни лидери паѓаат, Бог и неговото царство е вечно.

Сепак тука не гледам поврзаност на Бог и религиозност со технологија и поробување/уништување, а според тоа за мене истото не е причина (една од 11-те) да не верувам во Бог.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Човековата интелигенција, креативност и желбата за полесен и поудобен живот ја издигнале науката а не науката човекот...
Науката (медицината) успеала таму каде што Бог згрешил...
Во животот не треба да се надеваш туку треба да се бориш...
Има една поговорка вели "не треба молитва туку треба мотика"
И резултат после толку време креативност?
За 3000 год. 5000 војни.
Хахахахаха која ебана наука .
Медицината , викаш . Па порано лугето живееле по 100 години а сега по 60.
Креативност и интелигенција е ти да се курчиш а деца по Африка да трпат за леб .
Поудобен живот што да ти кажам ако не си лопов или убица или мафијаш или ако не си у некоја партија к***ц од удобностите.
Стварно не треба молитва може , ама ни мотика не ти врши веке работа .
Добра вест , времето на Kali Yuga е при крај .
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Од една страна технолошки напреднале со што се и најголемите загадувачи и девастатори на планетава (САД, Канада, Европа, Јапонија и Австралија). Од друга страна причината за напредокот лежи не во интелигенцијата туку во бескрупулозноста и непочитувањето кон другите народи и животи. Нивниот напредок е резултат на многу милиони уништени/убиени души и исцрпени ресурси. Секоја империја има свој подем, момент и пад...истото ќе се случи и со овие империи, кога-тогаш, а ќе се издигнат други и нови. Сите империи и нивни лидери паѓаат, Бог и неговото царство е вечно.

Сепак тука не гледам поврзаност на Бог и религиозност со технологија и поробување/уништување, а според тоа за мене истото не е причина (една од 11-те) да не верувам во Бог.
...не можеш или не сакаш да ме сфатиш? кажи ми ти мене зошто скоро сите научници, филозофи... итн се европјани, ние европјаниве му сме миленици на Бог или имаме склучено пакт со Сатаната...?

И резултат после толку време креативност?
За 3000 год. 5000 војни.
Хахахахаха која ебана наука .
Медицината , викаш . Па порано лугето живееле по 100 години а сега по 60..
Не заборавај дека дел од тие војни се водени во име на религијата и ден денес постојат радикални групи кои во име на Бог вршат самоубиствени напади во кои гинат невини луѓе...
А благодарение на медицината денес многу болести се искоренети, благодарение на Луј Пастер денес ретко кој умира од висока температура... итн...
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
...не можеш или не сакаш да ме сфатиш? кажи ми ти мене зошто скоро сите научници, филозофи... итн се европјани, ние европјаниве му сме миленици на Бог или имаме склучено пакт со Сатаната...?



Не заборавај дека дел од тие војни се водени во име на религијата и ден денес постојат радикални групи кои во име на Бог вршат самоубиствени напади во кои гинат невини луѓе...
А благодарение на медицината денес многу болести се искоренети, благодарение на Луј Пастер денес ретко кој умира од висока температура... итн...
http://www.ivonazivkovic.net/KAKO-NASTAJU-BOLESTI-PRVI-DEO.html
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
интересен линк... значи ти никогаш не си примил пеницилинска инекција или било каков друг лек и нема никогаш да прифатиш било каква терапија која е во спротивност од горенаведениот линк?
Ја сум бил лечен како и сите други , тоа не го оспорувам.
Дедо ми нема отидено на лекар има 90 год. и уште работи и, дал господ здрав и прав си е.
Сакав да кажам у предходните постови дека не е се како што ни кажале у школо или на телевизија .
Нас не трујат тоа е факт , а прашањето зошто?
Полека ке си дојде на свое место.

А за тоа дали си се родил у Сенегал или у Европа , тоа ти е карма.
Што си сеел тоа ке жнееш .
Само не е една сезона имало многу , додека не си стигнал до овде.
Сега можеш да се чудиш , покрај толку животи што е посебен овој.
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Бог пред науката? Затоа сме таму каде што сме.Ако мозокот ни е само за украс, :smir::smir::smir::smir:да не мислиме и твориме - господ нека го стори тоа за нас.Баш ќе ни биде убаво.
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Атеизмот не го делам од науката - напротив, религијата ја сметам за причина за многу зла.Никој не може да каже дека науката оди со вербата во Господ.Научниците кои не веруваат во Господ не ги бива? Глупост!:devil2::devil2::devil2::devil2::devil2::devil2::devil2:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
И водата ја има во сите живи организми, па сепак таа не е жива сама по себе. Ниту таа, ниту метанот, ниту јаглеродот, ниту кислородот, ниту аминокиселините... сите овие елементи и соединенија се мртва природа. Од нив до живот е како од тука до ивицата на Универзумот :)
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
:bilokojzbor:Koj go e toa izednacil, naukata so religijata, a ateizmot - demek e nadvor od nukata. Covek mora na ova da se iznasmee.
И на нашки, смешки од тврдења, кои не носат вистински резултати во анкетата. Поставете прашање атеизам или религиозност или сл. вака не се знае што е пршањето - погрешно толкувано...:helou::helou::helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom