1. Нема докази дека постои бог - неколку илјади години никој не успеал валидно да докаже дека постои бог. Зошто бог се крие? Најверојатниот одговор е - затоа што не постои.
2. Бог е несфатлив - Што е бог? Само едно сведоштво на непознавање на нештата. Како она што е несфатливо, необјасниво, може да ни го објасни тоа што не го знаеме. Ако бог постои, кој го создал? Според повеќето од светите записи тој многу личи на човек, значи може да се сомневаме дека тоа и е.
3. Религиските догми се во контрадикција со она што секојдневно ни се случува - Човекот знае дека ќе умре и нема ништо после смртта. Зошто да се обожува бог кој го казнил човекот само за еден грев, толку перверзно суштство кое создал човек, ама и јаболко за да го искушува. Зошто да се одбере оваа религија, а не некоја друга? Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави.
4. Она што го ветуваат религиите е преубаво за да биде вистинито - премногу лесно ни ветуваат се што ќе посакаме - вечност, да ги видиме повторно оние кои сме ги изгубиле, прошка за она што сме го згрешиле...
5. За да се чувствуваш слободен - да се нема илузии, кон која и да е догма. Да се одбијат готови решенија. Зашто да клечиш и да се понижуваш пред нешто чие постоење никогаш не е докажано е апсурдно, безвредно за Човек. За да не се биде манипулиран.
6. Поради негативното влијание на религиските организации - го поттикнуваат религискиот фанатизам и нетолеранцијата. Конзервативни се и против прогресот. Поради религиските војни и Инквизицијата. Христијанството учи на резигнација, на покорност. Сојуз со политиката за сопствен интерес на религиските водачи. Штетното влијание на религиите на секое општество.
7. Прогресот на науката - прогресот на науката секој ден отркива докази што ги објаснуваат појавите што човекот често им ги припишувал на божествата. Бог е оттурнат на маргините, таму каде што науката се уште не стапнала.
8. Има луѓе кои живеат добро, дури и без бог - Вербата спасува! Од што тоа спасува? Неверниците не се чувствуваат изгубени. Не им треба да бидат спасени. Бог нема практична употреба, не е потребен за да се биде среќен.
9. Поради хуманизмот - да се разбуди свеста дека основната грижа е човекот и иднината на човештвото, како тој да се направи задоволен, а не да се задоволува некоја илузија (бог)
10. Да се биде свесен дека не се подлегнува на полесни решенија - многу е потешко да се биде атеист и да се соочиш со проблемите, отколку да си верник.
11. Хумор тест - многу е полесно да се прават шеги за верници отколку за атеисти. Едвај чекам да чујам некој виц за атеисти што навистина може да ме насмее
1.Бог не се крие тој е во твоето срце но за да го пронајдеш треба да погледнеш внатре искрено со љубов.
2.Бог е љубов, ако се спознаеш себеси ќе го спознаеш и Него.
3.Бог не е религија тој е Љубов, јаболкото во библијата е симбол за падот на човештвото во грев, не го разбирај буквално,
Бог не е пазивен ти си пасивен за злото што се случува околу тебе.
4. Религиите не нудат нешто што е премногу убаво за да биде вистинито, човекот има право да дава и прима безусловно и безрезервно Љубов, секој има право на Љубов затоа што Божјата љубов е неизмерна.
5.За да се чуствуваш слободен прости и побарај прошка, да побараш да ти простат не е понижување, доблест е,
за да не бидеш манипулиран ослободи се од стравот и безвредноста и исполни се со љубов и вера.
6.Кога се водиш според твоето срце ќе знаеш што е вистина а што не и неможеш да бидеш изманипулиран од ничие извртување на вистините во било која религија.
7.Ако се што неможе да се види и потврди со разум непостои, тогаш мислата чија е?
8.Неверниците покрај тоа што не веруваат во Светлината не веруваат ни во себе полека се откажуваат од Љубовта од која се создадени уверени во својата лажна безвредност.
9.Ако бидеш хуман и ги сакаш и помагаш луѓето тогаш веруваш и во Бог затоа што оној кој ги помага и ги сака твоите деца те сака и тебе.
10.Лесно е да се откажеш од она што си тешко е да веруваш и да бидеш љубов.
11.Тажно е да не веруваш во Светлината и Љубовта и во себе, уште повеќе да се шегуваш на себеоткажувањето.