Пливање на ОИ Рио 2016

Член од
18 септември 2011
Мислења
5.426
Поени од реакции
5.546



Пливањето е еден од ретките спортови кој се наоѓа на програмот уште од првите ОИ во Атина 1896. Тогаш биле одржани 3 трки во слободен стил на 100м, 500м и 1200м. Во Атина се натпреварувале само мажите а жените прв пат настапиле во Стокхолм во 1912( пливале 100м слободно и штафетна трка 4х100м слободно). Во Лондон 1908 година прв пат е изграден базен со должина од 100м. Од Париз 1924 се користи базен од 50м. а тогаш прв пат биле обележани и стазите. Во Берлин 1936 година почнуваат да се користат стартни блокови. Делфин стил почнал да се плива од 1956 година,а 4 години подоцна биле уведени и штафетните трки на 4х100м мешано. Наочарите за прв пат биле дозволени 1976. Во Сеул 1988 прв пат се пливало 50м слободен стил, а последна дисциплина која е додадена во програмот е штафетата 4х200м слободен стил за жени во 1996 во Атланта. Од Сиднеј(2000) воведени се полуфинални трки( до тогаш директно од квалификации кои се одржувале претпладне, најдобрите 8 ишле во А финале, а се пливало и Б финале за оние кои оствариле од 9-16 место во квалифкациите).

Најтрофејна нација е САД со дури 520 освоени медали, од кои 230 златни, зад нив се Австралијците кои имаат освоено 178 медали од кои 57 златни.

Најтрофеен пливач е Мајкл Фелпс со дури 22 медали, од кои 18 златни. Двоцифрени по број на медалите се и Марк Шпиц(9 златни), Мет Бјонди(8 златни), Рајан Лохте(5 златни), инаку сите овие имаат освоено вкупно 11 медали, како и Гери Хол Јуниор 10 медали(5 златни). Кај жените со по 12 медали се издвојуваат Американките Џени Томпсон(8 златни), Дара Торес(4 златни) и Натали Колин(3 златни). Со нив единствена која има освоено 10 медали но ниту една златна е Французинката Ван Алмик.

Мајкл Фелпс и Кристин Ото се единствените пливачи кои освојувале медал во 3 различни дисциплини. Фелпс е и единствениот кој има освоено 3 златни медали по ред (100м делфин).


Денеска пливачкиот програм се состои од 17 дисциплини во машка и женска конкуренција. Од пекинг официјално се вклучени и трките на 10км, али тие се пливаат на отворено море(вода). Во базен се пливаат по 16 дисциплини, 13 поединечни и 3 штафетни.

Натпреварувањето во пливање бо базен ќе се одржи од 6 до 13 август. Маратонските трки на 10км ќе бидат одржани на 15 и 16 август. Во сите дисциплини подолги од 200м и во штафетните трки финалистите се одредуваат на основа на резултатите во квалификациите кои се одржуваат претпладне, додека финалињата се во вечерен термин. Сите останати дисциплини имаат квалификации и полуфиналиња во ист ден, додека пак финалето е наредниот ден во вечерен термин.


Натпреварувањата ќе се одржуваат во новоизградениот Олимписки стадион за спортови на вода. Трките на 10км ќе се пливаат блиску до тврдината Копакабана која се наоѓа на јужниот дел од плажата. Тука може да има проблеми бидејќи во претходните години во тој дел од водата се најдени така наречени супер бактерии, кои се отпорни на лекови.







Распоред на натпреварувањето:

Сабота 6 август

-400м мешано мажи
-400м слободно мажи
-400м мешано жени
-штафета 4х100м жени
Недела 7 август

-100м пеперутка жени
-100м прсно мажи
-400м слободно жени
-штафета 4х100м слободно мажи
Понеделник 8 август

-200м слободно мажи
-100м грбно жени
-100м грбно мажи
-100м прсно жени
Вторник 9 август

-200м слободно жени
-200м пеперутка мажи
-200м мешано жени
-штафета 4х200м слободно мажи
Среда 10 август

-200м прсно мажи
-200м пеперутка жени
-100м слободно мажи
-штафета 4х200м слободно жени

Четврток 11 август

-200м прсно жени
-200м грбно мажи
-200м мешано мажи
-100м слободно жени
Петок 12 август

-200м грбно жени
-100м пеперутка мажи
-800м слободно жени
-50м слободно мажи
Сабота 13 август

-50м слободно жени
-1500м слободно мажи
-штафета 4х100м мешано жени
-штафета 4х100м мешано мажи
Понеделник 15 август

-10км жени
Вторник 16 август

-10км мажи


Официјален сајт на пливањето
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
82.017
Поени од реакции
184.660
Уште една Олимпијада на која ќе го слушаме она „In lane 4, representing the United States of America... Michaelll Phelpssss“ :cuc:

USA official flag bearer :)



Кај девојките мојата поддршка ја има Ајрон Лејди, Катинка Хосу. Редно е некој да им покаже европска сила на Американките и Австралијанките :D
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.224
Поени од реакции
53.409
Ви текнува веројатно на ова од минатата Олимпијада, сеа имаат ново:


Песната од Покемон на 5,03 минути, после тоа Френдс! :pos:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
82.017
Поени од реакции
184.660
Лохти го продужува трендот на бич бојс кај спортистиве, само што на него како да му стои за разлика од другиве што пробаа :D

tumblr_obbhasF2h31qhiteyo1_1280.jpg
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
82.017
Поени од реакции
184.660


First world record in swimming that Adam Peaty (GBR) just set here in Rio in his Olympic debut! Un-be-lie-va-ble!! He beat himself as the old #WR was set by him in London, in April 2015, stopping the clock in 57,92!

This time he swam the #100BREAST (heats) in a time of 57,55! WELL DONE, Adam!! ;)
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.426
Поени од реакции
5.546
Каква трка за Јапонецот Хагино во финале на 400м мешано...

Прв златен медал во историјата за Јапан во пливање, земаа и бронза.

Американците после 24 години го изгубија златото во оваа дисциплина.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.264
Поени од реакции
17.946
Маргарет Тачер да е горда :)
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.745
Поени од реакции
9.402
Што исплива маџаркава секоја чест.Вакво мангупско пливање на 400 метри мешано немам видено
 
Член од
28 март 2015
Мислења
4.006
Поени од реакции
7.556
Не верувам дека некој би можел во брзо време да се доближи до тој резултат, има да стои бајги време. Едино самата Катинка ако не го подобри.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.426
Поени од реакции
5.546
Австралијките со нов светски рекорд, Американциве чекаат на Фелпс со златните медали изгледа
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.745
Поени од реакции
9.402
Американчосите потфрлија денес за сите пари.Особено во штафетата задните 2 девојки беа очај.Интересен ден, пријатно изненаден сум засега.Уф ми иде сеа да отидам на базен да се испукам
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
82.017
Поени од реакции
184.660
Катинка е цар. Терминатор е девојката, заслужува секакви почести. Не Ајрон Лејди, не знам што да кажам, мотор од БМВ да имаше место срце немаше таква спремност да прикаже.
 

K.Warrior

Why So Serious?
Член од
25 јануари 2009
Мислења
409
Поени од реакции
623
На врв Bottom