- Член од
- 18 септември 2011
- Мислења
- 5.432
- Поени од реакции
- 5.555
Пливањето е еден од ретките спортови кој се наоѓа на програмот уште од првите ОИ во Атина 1896. Тогаш биле одржани 3 трки во слободен стил на 100м, 500м и 1200м. Во Атина се натпреварувале само мажите а жените прв пат настапиле во Стокхолм во 1912( пливале 100м слободно и штафетна трка 4х100м слободно). Во Лондон 1908 година прв пат е изграден базен со должина од 100м. Од Париз 1924 се користи базен од 50м. а тогаш прв пат биле обележани и стазите. Во Берлин 1936 година почнуваат да се користат стартни блокови. Делфин стил почнал да се плива од 1956 година,а 4 години подоцна биле уведени и штафетните трки на 4х100м мешано. Наочарите за прв пат биле дозволени 1976. Во Сеул 1988 прв пат се пливало 50м слободен стил, а последна дисциплина која е додадена во програмот е штафетата 4х200м слободен стил за жени во 1996 во Атланта. Од Сиднеј(2000) воведени се полуфинални трки( до тогаш директно од квалификации кои се одржувале претпладне, најдобрите 8 ишле во А финале, а се пливало и Б финале за оние кои оствариле од 9-16 место во квалифкациите).
Најтрофејна нација е САД со дури 520 освоени медали, од кои 230 златни, зад нив се Австралијците кои имаат освоено 178 медали од кои 57 златни.
Најтрофеен пливач е Мајкл Фелпс со дури 22 медали, од кои 18 златни. Двоцифрени по број на медалите се и Марк Шпиц(9 златни), Мет Бјонди(8 златни), Рајан Лохте(5 златни), инаку сите овие имаат освоено вкупно 11 медали, како и Гери Хол Јуниор 10 медали(5 златни). Кај жените со по 12 медали се издвојуваат Американките Џени Томпсон(8 златни), Дара Торес(4 златни) и Натали Колин(3 златни). Со нив единствена која има освоено 10 медали но ниту една златна е Французинката Ван Алмик.
Мајкл Фелпс и Кристин Ото се единствените пливачи кои освојувале медал во 3 различни дисциплини. Фелпс е и единствениот кој има освоено 3 златни медали по ред (100м делфин).
Денеска пливачкиот програм се состои од 17 дисциплини во машка и женска конкуренција. Од пекинг официјално се вклучени и трките на 10км, али тие се пливаат на отворено море(вода). Во базен се пливаат по 16 дисциплини, 13 поединечни и 3 штафетни.
Натпреварувањето во пливање бо базен ќе се одржи од 6 до 13 август. Маратонските трки на 10км ќе бидат одржани на 15 и 16 август. Во сите дисциплини подолги од 200м и во штафетните трки финалистите се одредуваат на основа на резултатите во квалификациите кои се одржуваат претпладне, додека финалињата се во вечерен термин. Сите останати дисциплини имаат квалификации и полуфиналиња во ист ден, додека пак финалето е наредниот ден во вечерен термин.
Натпреварувањата ќе се одржуваат во новоизградениот Олимписки стадион за спортови на вода. Трките на 10км ќе се пливаат блиску до тврдината Копакабана која се наоѓа на јужниот дел од плажата. Тука може да има проблеми бидејќи во претходните години во тој дел од водата се најдени така наречени супер бактерии, кои се отпорни на лекови.
Распоред на натпреварувањето:
Сабота 6 август
-400м мешано мажи
-400м слободно мажи
-400м мешано жени
-штафета 4х100м жени
Недела 7 август
-100м пеперутка жени
-100м прсно мажи
-400м слободно жени
-штафета 4х100м слободно мажи
Понеделник 8 август
-200м слободно мажи
-100м грбно жени
-100м грбно мажи
-100м прсно жени
Вторник 9 август
-200м слободно жени
-200м пеперутка мажи
-200м мешано жени
-штафета 4х200м слободно мажи
Среда 10 август
-200м прсно мажи
-200м пеперутка жени
-100м слободно мажи
-штафета 4х200м слободно жени
Четврток 11 август
-200м прсно жени
-200м грбно мажи
-200м мешано мажи
-100м слободно жени
Петок 12 август
-200м грбно жени
-100м пеперутка мажи
-800м слободно жени
-50м слободно мажи
Сабота 13 август
-50м слободно жени
-1500м слободно мажи
-штафета 4х100м мешано жени
-штафета 4х100м мешано мажи
Понеделник 15 август
-10км жени
Вторник 16 август
-10км мажи
Официјален сајт на пливањето
Последно уредено: