Плаќање на казна

Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Оди во најблиската станица и прашај. Само не оди со колата после 23 часот.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Мислам дека е од 2010, али нема врска тоа, што сакав да прашам е дали треба башка во полициската станица да идам каде што ме сопреа (Карпош) или во најблиската што ми е (Центар), или нема врска. Полицаецот не беше башка расположен и нејкеше да ми одговори.
Ахх кој ќе чека уште 9 месeци :(
Сл.Весник на Р.Македонија бр. 54 од 03.05.2007 година
Во 2010та има измени но основата на член 240 е таа од 2007ма. Како и да е џандарот требало да исполни норма ама и ти требало да знаеш колку е саатот. Ако гледаш дека не може да си дојдеш дома пред 11 воопшто не седнувај да одиш некаде со возење... некогаш ќе се спасиш и нема да те казнат или воопшто застаната ама ете после повеќе од година ти се „посреќило“ јбг...
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
треба да ти дадат уплатница и си уплаќаш на сметка на буџет на рм.. а у цел на дознака треба да го пишеш бројот на казната мислам дека... имам јас плаќано само не ми текнува у цел на дознака што имаше.. и мој совет.. О Б А В Е З Н О !!! да си напраиш копија од уплатницата и оригиналот да не го даваш на никој !!! откако ке платиш оди во полициска станица да ја приложиш како доказ дека си платил и пак ке ти повторам никако да не го даваш оригиналот !!!

инаку можеш да уплатиш у нило која банка или у пошта ако имаш у близина... за 8 дена ако платиш упола треба да рачунаш у денарска против вредност . - ке ти напраат пресметка кај што ке плаќаш точно до денар
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Здраво, ми пишаа денеска казна бидејќи сум возел возило од 306 коња во 1 полнок, и сакам да знам како иде процедурата за плаќање, ги прашав нив но бидејќи имаат интелегенција помала од процесор на микробранова не знаеа да ми одговорат, па сеа тука прашувам

Поздрав
За што кола се работи?
инаку за плаќање во рок од 7 дена е на пола од вредноста
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Сликаното ти е платен налог.
Во рок од 7 дена ќе си платиш половина од сумата која на пишува на тој платен налог на сметките кои исто така ги пишува на платниот налог.
Кога ќе плаќаш, во цел на дознака на уплатницата наведи го бројот на платниот налог и направи 3 уплатници... една за тебе, една останува во поштата или банката (зависи каде плаќаш), и третата ќе ја доставиш до полициската станица од каде ти е пишана глобата за да не дојде до тоа да ти поднесат прекршочна пријава.
 
Член од
20 декември 2011
Мислења
158
Поени од реакции
255
Кое е образложението за тоа што казните кај нас се дадени у евра, па нели дополнето, во денарска противвредност?
Откако се појави еврото курсот скоро 15 години е непроменет, да се менува постојано ајде де, а и да се менува тоа не смее да биде изговор.
Ајде сега и по продавниците или угостителските објекти нека ги стават цените у евра, па у заграда у денарска противвредност. Одма ќе им се нацртат на врата и ќе ги репнат.
Бугарија и Хрватска кои се членки на ЕУ, во нивните закони, во делот за казнени одредби никаде не фигурира евро, туку соодветно левови и куни.
Еве и Србија, само во динари.
 
Член од
18 април 2014
Мислења
373
Поени од реакции
678
Иако тој закон со голема кубикажа и после 23 часот не ме фати мене, мислам дека е најглупиот закон изгласан whatsoever. Зажо да не смее да вози самиот ново положен шофер после 23? Демек после 23 ќе направи глупост ќе се опие??? Во 15 часот и во 7 часот во секој град има стопати повеќе гужва и метеж и шанси за сообраќајка него ли после 23 часот. И нашата држава е на раб на распаѓање сиромаштија до гуша и едвај таткото собрал 1000 евра да купи возило и очигледно се погоди со повеќе од 90bhp па сеа децата не смеат да ја возат, и ајде веќе ново положениот шофер нема шанси 2 години да вози законски не смее да влезе и да управува 2 години со возило, па ме интересира после полагање значи после 20 дена часови за возење и тие 2-3 часа возење после полагање од кога зема дозвола тој човек/дете нема право 2 години да управува со возило, и ме интересира после 2 години кога ќе земе возило 100 коња плус со 20 дена искуство човекот е оспособен да управува и баш нема да предизвика никаква сообраќајка? Ааабе ајде, и после кажи ми законот е за добро на граѓаните не да се полни џебот на некои суштества.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
247
Поени од реакции
136
Платено и средено се, за следен пат си најдов познаник кој би можел да ми помогне ако ме сопрат, али ќе видиме. Ако тоа не функционира нема застанување веќе.
Мене највеќе ми е криво што имам над 20,000 км поминато низ 7 држави и секој ден у гужва возам по 10 км низ Скопјево, али нее временски се мери тоа, Глупости
И уште по криво ми е што и на странската возачка ми пишува кога имам положено. Fuck требаше да си поставам шатор пред МВР.

Иако тој закон со голема кубикажа и после 23 часот не ме фати мене, мислам дека е најглупиот закон изгласан whatsoever. Зажо да не смее да вози самиот ново положен шофер после 23? Демек после 23 ќе направи глупост ќе се опие??? Во 15 часот и во 7 часот во секој град има стопати повеќе гужва и метеж и шанси за сообраќајка него ли после 23 часот. И нашата држава е на раб на распаѓање сиромаштија до гуша и едвај таткото собрал 1000 евра да купи возило и очигледно се погоди со повеќе од 90bhp па сеа децата не смеат да ја возат, и ајде веќе ново положениот шофер нема шанси 2 години да вози законски не смее да влезе и да управува 2 години со возило, па ме интересира после полагање значи после 20 дена часови за возење и тие 2-3 часа возење после полагање од кога зема дозвола тој човек/дете нема право 2 години да управува со возило, и ме интересира после 2 години кога ќе земе возило 100 коња плус со 20 дена искуство човекот е оспособен да управува и баш нема да предизвика никаква сообраќајка? Ааабе ајде, и после кажи ми законот е за добро на граѓаните не да се полни џебот на некои суштества.
Убаво реков Банана Држава.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.367
Поени од реакции
7.453
Убаво реков Банана Држава.
Закон си е закон, додека има вакви мислења за законите и се бара начин да не се почитуваат ќе личиме и останеме за навек банана држава.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
247
Поени од реакции
136
Закон си е закон, додека има вакви мислења за законите и се бара начин да не се почитуваат ќе личиме и останеме за навек банана држава.
Бидејќи казнување народ за закон кој нема врска што кошта колку една плата е тотално нормално нели.
Банана државааааа.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.367
Поени од реакции
7.453
Бидејќи казнување народ за закон кој нема врска што кошта колку една плата е тотално нормално нели.
Банана државааааа.
Колку ти е казната?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.144
Поени од реакции
18.168
треба да ти дадат уплатница и си уплаќаш на сметка на буџет на рм.. а у цел на дознака треба да го пишеш бројот на казната мислам дека... имам јас плаќано само не ми текнува у цел на дознака што имаше.. и мој совет.. О Б А В Е З Н О !!! да си напраиш копија од уплатницата и оригиналот да не го даваш на никој !!! откако ке платиш оди во полициска станица да ја приложиш како доказ дека си платил и пак ке ти повторам никако да не го даваш оригиналот !!!

инаку можеш да уплатиш у нило која банка или у пошта ако имаш у близина... за 8 дена ако платиш упола треба да рачунаш у денарска против вредност . - ке ти напраат пресметка кај што ке плаќаш точно до денар
Oригиналот е за банката.Ама можат да му извадат две копии од компјутер директно во банката, без копирања и такви работи, обично и самите ги работат во 3 примероци - оригиналот за банката и уште два за плаќачот и копија за во полиција.
@Vamos Совет + : пополни го налогот со сите детаљи и ситници - во Цел на дознака : Уплата на казна по записник бр. ХХХХ и налог за глоба бр. ХХХХ од ХХ.ХХ.2015.За да не се закачат за некоја ситница.Во било која станица ќе побараш ливче со број на сметките за налогот.Биди упорен ако речат немаме, обично велат оди во банка таму се запознати со сметките (а не се, за секоја општина е посебна сметка), да не вртиш километража.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom