Како што е редот, да си кажам некое мислиње за денешното искуство на Титов врв.
5:45 сабајле, најлегитимно ме буди аларнот, возбуден станувам од прва, насмеан... гледам низ прозор време што ветува, сонце срамежливо, ама го има, спремен за забава, дружење, уживање, сончање релаксирање....
6:25 стигам со количето полека на Попова Шапка, и нешто ми е чудно, гледам луѓе со ветровки, стуткани, капи, ај си викам надежта последна умира, сабајле е ќе се среди времето до вечер не би било фер, нели

Тргнавме што тргнавме, капата зимска на глава, блуза и ветровка на мене, не пресретна квалитетен ветер, не многу студен, ама прилично јак за да не дозволи да се опуштиме.
Како што се движеше колоната се повеќе се појача ветрот и дојде више време и надежта последна, ама да умре...
9:55 комбинација од една страна на ладното време поради кое не ми беше згодно да правам пауза и на добрата кондициска подготовка што ја имав претходно од друга страна, во седмото искачување си го рушив личниот рекорд стигнав за 3 саата и 20тина минути и без никакво застанување направив една обиколка околу кулата колку да не биде без ништо и тргнав одма на враќање назад.
На враќање не завари ветер што неможеше ни да се замисли, неколку луѓе буквално ги фрли на земја, па моравме да се прибереме повеќе луѓе и да застанеме под една карпа за да не не одвее ветрот, и кога сфативме дека нема план да намали, фативме збиено полека-полека назад!
Негде на пола пат се смири ветрот, можеше малку да здивнеме, некои 20тина минути, и таман мислевме дека се среди времето, нареден шок, почна ветрот со себе да вее снег што го носеше од спротивните планини, успеа да ни го залепи по облеката и се што не беше од шушкав материјал да го направи водено.
13:50 Више спуштени на Попова Шапка, на шолја топол чај во Конакот под црквата!
14:40 Дома, топол туш и топол јорган, време беше да се осети нешто топло денеска
Глобално земено, нешто што требаше да биде рекреативна тура, се претвори во алтимејд планинарење и ако некој решил да ја почне планинарската кариера денеска, верувам дека таму и ја завршил, затоа што временските услови не дозволија никаков комфорт ниту на искачување ниту на слагање... сега останува да го чекаме наредното искачување во Август, па да ни се подобри впечатокот

Еве две слики во прилог, на едната се гледа како вее снег, а на наредната како се движев низ пола од патот