Плав екран (Windows)

Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
14
Епа вака имам еден проблем на мојот лап топ, стар ми е година пред тоа се си беше ок али сега почна нешто да си заебава. Често кочи додека користам фејсбук а имам 2 гига рам :toe: , после некогаш знае да си укочи и ич не му чуе морам да го палам па да го гасам. А и на секое исклучување т.е shut down не се гаси се појаува плав екран. И морам да го гасам на копче....
Сега бидејки незнам што е проблемот незнаев дали да ја отворам темава во хардвер или овде........
 

Attachments

Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Да не ти го јаде компјутерот некој вирус?
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Епа вака имам еден проблем на мојот лап топ, стар ми е година пред тоа се си беше ок али сега почна нешто да си заебава. Често кочи додека користам фејсбук а имам 2 гига рам :toe: , после некогаш знае да си укочи и ич не му чуе морам да го палам па да го гасам. А и на секое исклучување т.е shut down не се гаси се појаува плав екран. И морам да го гасам на копче....
Сега бидејки незнам што е проблемот незнаев дали да ја отворам темава во хардвер или овде........
Тоа со фејсбукот, ако мислиш за игрите, ондак тоа е до флешот, башка и ако ти е слаб нетот ќе кинеш нерви, а ако истото го прави и на обичните страни ондак ќе да е до мозилата или некои вирус и слично.

Симни некој бесплатен софтвер за вируси и слични гадинки и скенирај го компјутерот, ако најде нешто нека исчисти.

А тоа за Blue screen of death, тоа ти е најверојатно поради драјверите.
Најчесто се дешава ради драјверите, рамот, графичката или пак ако си инсталирал некомпитабилен драјвер, а поретки случаи се некомпитабилен софтвер или пак вирус.

Земи преинсталирај ги драјверите само биди сигурен дека драјверите кои ќе ги инсталираш се соодветни за „тој и тој“ хардвер и „тој и тој“ оперативен систем.

Ако се среди арно, ако не пиши и ќе земеме се со ред да пребараме и ќе ја наредиме работата. :)
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
14
За драјверите дека се не компатибилни мислам дека не е тоа бидејќи , и виста кога имав (сега имам XP) се појавуваше тоа , а драјверите ми беа снимени од цд што ми го дадоа со лап топот , специјално за виста и за мојот лап топ. За вируси го скенирав нема ништо а и 4 пати го форматирав и тој проблем пак си се појавува , сега дури почна и да неможам на стенд бај да го ставам. Пред да почне да се појавува плав екран кога го стискав копчето ми се рестартираше.

И уште една работа да спомнам кога го форматирав и снимав нова копија на XP кога ке заврши процесот на инсталирање на Виндовс сам се рестартира компјутерот и продолжува на тоа Starting your windows for the first time бла бла .... Епа кај мене не се рестартираше се исклучи. Кулерот дуваше ко луд при рестартирањето и си се исклучи. Истото и кога снимав виста ми се деси.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Кај и да ја отвориш темава, едно е сигурно. Формат не ти бега
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
14
Кај и да ја отвориш темава, едно е сигурно. Формат не ти бега

Абе за форматирање не е проблем ќе го форматирам. Само што да не е хардверски проблем нешто со рам меморијата .
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Абе за форматирање не е проблем ќе го форматирам. Само што да не е хардверски проблем нешто со рам меморијата .
Пробај ако знаеш форматирај го, ако е пак истото на сервис.
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Абе за форматирање не е проблем ќе го форматирам. Само што да не е хардверски проблем нешто со рам меморијата .
Не ти треба формат друже, џабе ти е тоа затоа што проблемот е во комуникацијата на оперативниот систем со хардверот, такада колку и да правиш формат истото ќе се дешава.

Пробај вака:

Start > Run > и пиши msconfig

После оди во табот Services и исклучи го ATK Keyboard service, стисни Apply и направи рестарт.

Прочитај тука подетално.
 

HeRbEs

-WandereR-
Член од
21 јуни 2005
Мислења
766
Поени од реакции
272
Ако се сомневаш дека ти е рам-от во прашање провери си го со Memtest86, врши добра работа.
И плус според блускринот најверојатно ти е некој драјвер конфликт ова.Провери си дали ти се сите драјвери во ред ако не реинсталирај ги и апдејтирај ги со најнови.
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Па ти пишува дека имаш проблем со драјвер, не е хардверски проблем
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
14
Не ти треба формат друже, џабе ти е тоа затоа што проблемот е во комуникацијата на оперативниот систем со хардверот, такада колку и да правиш формат истото ќе се дешава.

Пробај вака:

Start > Run > и пиши msconfig

После оди во табот Services и исклучи го ATK Keyboard service, стисни Apply и направи рестарт.

Прочитај тука подетално.

Го нема ATK Keyboard service... во services
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Го нема ATK Keyboard service... во services
Тоа што ти го пишав е за ASUS лап топ, ако лап топот не ти е ASUS ондак на Google пиши DRIVER_IRQL_NOT_LESS_OR EQUAL + името на лап топот, пример:

DRIVER_IRQL_NOT_LESS_OR EQUAL HP

Ќе ти даде некои резултати од луѓе што имале слични проблеми... разбарај се и види дали ќе наидеш на некој со ист проблем кој го решил, ако наидеш следи ги постапките на кој го решил проблемот, ако не, појди на форумот или сајтот за супорт на марката на лап топот и прашај таму само не заборавај да го наведеш целосно проблемот заедно со оперативниот систем и твојата конфигурација за да би можеле полесно да ти помогнат.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Голема шанса е да е нешто зазнат и хардверот најчесто рамот, бидејќи не верувам да е до драјверите затоа што ако ти ги дале со лап топот треба да се во ред (доколку не ги симнале од интернет тие што ти го продале и ти го дале така)
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Друже мене истово ми излегуваше на компјутерот. Го форматирав и 2-3 дена не ми излегуваше, но потоа почна ова пак да излегува. Повторно го форматирав и ги сменав во BIOS-oт, оние BOOT device, прво ми беше наместено флопито, а го наместив хард дискот како прв, и од тогаш веќе 10-тина дена не ми излегува овај ерор.:wink:
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Читате вие дека направил формат и на виста и на хп истото се дешава.

Ако имаш вградена камера може таа да ти прави проблем.
Можно е проблем со ладењето, хард-дискот итн...

Оди на сервис, пошто најверојатно се работи за хардверски проблем.

А тоа што пишува дека е проблем со драјверот немора и да значи, пошто можно е да има некое оштетување со кое самиот драјвер неможе да се справи со хардверот за кој е инсталиран.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom