Оди еден министер по улица и гледа убава плава ептен надарена девојка. Се разминуваат и таа му шепоти:
-500 денари и цела ноќ сум твоја.
Оди министерот кај неа дома, завршува работа и ја прашува:
- Добро, како преживуваш со толку ниска цена?
- Првата недела се снимам со клиентите, наредните недели ги пуштам филмовите и ги уценувам.
Една плавуша била цело лето на одмор во Охрид. На крајот на сезоната се качила во автобус за Софија, седнала удобно,ги вкрстила нозете и едната нога на другата и рекла:
- ееее, конечно се собравме.
Плавуша и црна девојка седат и гледаат вести на МТВ. Даваат некој како сака да се самоубие. Се кладеле дали ќе скокне. Црната победила, затоа што рекла дека ќе скокне.
- Виде ли? Ти реков дека ќе скокне. Знаев дека ќе скокне бидејќи сабајле ги гледав истите вести.
- И јас ги гледав - рекла плавушата – ама не знаев дека пак ќе скокне!
Разбојник влегува во банка и наредува сите да се соблечат и да легнат голи со очите во подот. Една плавуша се соблекла но легнала на грбот.
- Сврти се – и вели момчето до неа –ова е грабеж а не службена забава!