Слушнала плавуша дека во рајот имало добар секс. За да провери решила да скокне од надвозникот и да изврши самоубиство. Скокнала плавушата, ама случајно наместо на асфалтот таа паднала во камион со банани. Плавушата полека ги пипкала сите и велела:
- Полека, момчиња, сите вие ќе дојдете на ред!
Влегува плавуша во земјоделска аптека.
- Добар ден, семе за канаринци, ќе ве молам.
- Добар ден, колку канаринци имате?
- Немам ниту еден, сакам да посеам неколку.
Шефот и вели на плавушата:
- Исчисти го лифтот!
Плавушата:
- На сите спратови?
Како се вика мозочен удар кај плавуша?
- Удар во празно.
Оди плавуша во продавница за завеси и му вели на продавачот:
- Добар ден, дај те ми завеса долга 22 сантиметри.
Се зачудил продавачот и ја прашал:
- Зошто толку мала завеса?
- Па, за компјутерот, - му одговорила плавушата!
- Па на компјутерот не се става завеса - и возвратил продавачот.
На тоа плавушата му рекла:
- Па јас имам WINDOWS!!!
Влегува плавуша во автобус и еден полицаец станува да и ослободи место за таа да седне.
Плавушава да покаже култура му вика:
- Многу Ви благодарам, баш сте менаџер.
Полицаецот да и возврати на убавите зборови и вика:
- Фала на континетот.
Плавуша и кажува на комшиката:
- Донесе маж ми една кокошка дома и ми рече да ја спремам в недела. Јас не знаев што носат кокошките в недела, ама и најдов едно убаво фустанче.
Влегува плавуша во автобус и гледа многу луѓе се држат горе за шипката. Плаќа карта и им вика:
- Пуштете јас ќе ја држам шипката.
Одат две плавуши по улица и наоѓаат огледало. Едната го крева огледалото, погледнува во него и зачудено и вика на другата:
- Еј, ја знам од некаде оваа во огледалото.
Другава го зема, се погледнува и и` вика:
- Леле, значи колку си за никаде... Па, нормално дека ја знаеш, па јас сум, ма.
Се туркале две плавуши на еден кревет и на крај едната паднала, а другава и рекла:
- Дојди сега има место.