Писмото на Исус

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Члену во право си тројството е лага која е вметната од еретиците за тоа има историски податоци црно на бело.
Тројството го прави Јехова чуден несфатлив, а ако јас не можам да го разберам Бог тогаш како можам да бидам со него пријател?
Освен Јудаизмот Исламот и Јеховини Сведоци сите останати религии и фракции го подржуваат тројството
За секое прашање ако добиваш одговор од типот на:
"Тоа е Божја тајна која човекот со својот ограничен мозок не може да ја разбере" ако е така go to hell Богу кој не можам да те разберам не ми требаш, попрво ќе станам атеист отколку да имам Бог кој ќути.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15

Ова ме “однесе“ малце наназад кога размислував за Религијата....
Велат Бог е семоќен. Тогаш зошто го создал Луцифер кога знаел дека ќе се одметне, дека ќе биде денешниот Сатама? Зошто го создал светот кога знаел дека Адам и Ева ќе бидат истерани од рајот ?! Зошто па и нив ги создал кога знаеле дека ќе згрешат ?! Велат семоќен е, да е, Бог е, но ова што се создадено од него или е доказ дека не е семоќен, или пак дека само си игра со нас, или пак уште едно нешто: Не жртвува нас за да им покаже на ангелите што би било ако згрешеле, да им разбие монотонија за да им ја покаже виситнската смисла на животот и неговото познавање, верување......
Некои велат Дадено ви е се за да верувате, но на сите не размислуваат исто. Некој гледа детали, ситници, па му треба повеќе. Мене не ми е доволен доказ библијата во која има некои контроверзии.... треба повеќе, доволно е овие работи да ми се разјаснат, па тогаш ќе бидам Верник !

Ова животов на Земјава испаѓа филмче, со добар режисер - Бог, актери - Луѓето, а и Сатанта е измеѓу... Се знае кој каде, како, зошто почнува и како завршува. Разликата од Почетокот до Крајот е животот кој ние се го диктираме, но сепак ќе стасаме до крајот кој ние предвиден !
 
Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
:back1:

Се` сте измешале на темава, заборавајќи за што треба да се дискутира. Почнете да дискутирате за она за кое е поставена темата. Се убивте од препукувања и оф-топици.
Избришав неколку мислења. Ако земам да ја чистам темава, ќе остане само една страна.

THE_CHOSEN_ONE имаш посебна тема за Јеховини сведоци, па ќе се чудиш зошто ти се избришани мислењата. Аман не ги труј темиве.
 
Wake up

Music lover
Член од
19 јули 2006
Мислења
145
Поени од реакции
0
Према она што го пишува и како е опишано во светите книги Троиството се Таткото Синот и светиот Дух, но не гледам цврсти докази дека се едно ниту дека се еднакви. Тие постојат независно еденм од друг и хиерархиски подредени еден на друг.
Stvarno na temava se komentirat raboti koi ne se bas povrzani so nea, a ustvari i temata e malce mutava (bez navreda, imas i dobri temi), ama gledas deka tuka nesto i ne uspeva. Ocigledno sakas da razvivas nekakva diskusija, ama kako da toa go pravis so cel da istaknes kolku poznavanje imas za istorija na crkva i sl. Vo red e sto se interesiras za toa, i ocigledno imas mnogu informacii, samo obidi se da ne bides tolku ironicen, na se da se stava tapa so s vika, ili oko za oko, da se prepukuvate. Toa gi grdi temite. I za kraj, "nemalo dokaz deka Bog i Isus se edno"? epa ajde, eve samo eden citat od Evangelieto po Jovan
-
6 Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.
7 Ако Ме бевте познавале, ќе Го познававте и Мојот Татко. А отсега Го познавате и сте Го виделе!”
8 Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Таткото, и доста ние.”
9 Исус му рече: „Толку време Сум со вас и не Ме позна, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел и Таткото; тогаш како велиш ти: ‘Покажи ни Го Таткото!’
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Упс... не знаев дека теми и дсикусии се отвараат да покажеш колку не знаеш за историја на црква и сл.

“ А Стефан, исполнет со Дух Свети, кога погледна кон небото, ја виде славата Божја и Исуса како стои од десната страна на Бога. “ Делата Апостолски 7. 55

“ А Он, принесувајќи само една жртва за гревовите, засекогаш седна оддесно на Бога“ до Евреите 10. 12

“Имајќи го пред очи Началникот и Завршителот на верата - Исуса, кој поради неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји“ до Евреите 12. 2

“ И така ако сте воскреснале заедно со Христа, барајте го она што е горе, каде Христос седи оддесно на Бога“ до Колосјаните 3. 1

“Кој е, што ќе суди? Христос ли Исус? кој умре, но уште и воскресна, Кој е од десната страна на Бога и кој се застапува за нас“ до Римјаните 8. 34

А ова ми е посебно интересно....

“Откровение на Исуса Христа, кое Му го даде Бог, за да го покаже на слугите свои“
Откровение 1. 1
Бог има нешто што Исус го нема значи имателот му дава на примателот, Бог го има Откровението и му го дава на оној кој го нема на Исуса.
Значи имаме доста видувања на посебностите на таткото и синот кој каде седи кој кому оддесно и кој кому нешто му предава
 
Wake up

Music lover
Член од
19 јули 2006
Мислења
145
Поени од реакции
0
Супер стихови, воопшто не се спорни. туку се надополнуваат. Тоа е тоа, Бог Синот, Бог Таткото И Бог Духот. Точно е дека тоа се три лица, личности, но кои битисуваат во една хармонија, во меѓусебна поврзаност и се нарекуваат едно, и поради тоа, таа забуна, “е повеќе ли Богови се“ и слични за мене глупави прашања. Аман бе, па дај тие коментари од типот дали Хирстијанството е политеистичка религија, нека ги гледат работите во целост. Стварно има смешни коментари (незнам точно чиј беше, прочитав погоре за тоа). А стихот кој го цитирав е со таа цел, тројца се, делуват ко ЕДНО!Не си противречат, туку се надоврзуват!
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Тројца се едно и тројца делуваат како едно се два различни поими.
Тројца делуваат како едно може да се однесува на некој нападачки фудбалски тим.... отецот центрира.... топката со глава ја подфаќа духот.... до синот... полуволеј ии ГОООООЛ,
Затоа и има разлики во догмите на многуте различни христијански цркви дали се едно или не се едно, дали на Исус природата е боженствена или дуалистичка....
Не е тоа толку едноставно.
 
Wake up

Music lover
Член од
19 јули 2006
Мислења
145
Поени од реакции
0
Ова ме “однесе“ малце наназад кога размислував за Религијата....
Велат Бог е семоќен. Тогаш зошто го создал Луцифер кога знаел дека ќе се одметне, дека ќе биде денешниот Сатама? Зошто го создал светот кога знаел дека Адам и Ева ќе бидат истерани од рајот ?! Зошто па и нив ги создал кога знаеле дека ќе згрешат ?! Велат семоќен е, да е, Бог е, но ова што се создадено од него или е доказ дека не е семоќен, или пак дека само си игра со нас, или пак уште едно нешто: Не жртвува нас за да им покаже на ангелите што би било ако згрешеле, да им разбие монотонија за да им ја покаже виситнската смисла на животот и неговото познавање, верување......
Некои велат Дадено ви е се за да верувате, но на сите не размислуваат исто. Некој гледа детали, ситници, па му треба повеќе. Мене не ми е доволен доказ библијата во која има некои контроверзии.... треба повеќе, доволно е овие работи да ми се разјаснат, па тогаш ќе бидам Верник !

Ова животов на Земјава испаѓа филмче, со добар режисер - Бог, актери - Луѓето, а и Сатанта е измеѓу... Се знае кој каде, како, зошто почнува и како завршува. Разликата од Почетокот до Крајот е животот кој ние се го диктираме, но сепак ќе стасаме до крајот кој ние предвиден !
Па, ти како што зборуваш, требало да те стават прв министер на Бог, да си знаеш се, па и да те крунизаме како Бог Џуниор. Бог го создал светот, и го направил сосема интересен. Еве, не ли ти е тебе животот интересен поради некои исчекувања. Пример, очекуваш да го направиш тоа, да се видиш со оној, и тоа те држи во некое убаво чувство, во кое, уживаш, очекуваш. Мислам дека Бог е стварно многу креативен со тоа што, ни дава да знаеме многу работи, ама и многу работи ги остава за нас непознати, се со цел да сме во тоа исчекување дека еден ден ќе си седнеме до Него и ќе добиеме одговор на се. Е тоа е Неговиот план, еден ден ќе ја имаме таа мудрост која овде ни недостасува. Тоа ти е како една сложувалка, интересно е, дел по дел, полека полека, еден ден ќе дојде и финалето, само наградени се оние кои ќе тргант со сетилото “вера“, и “Господе, помогни ми да Ти верувам, да ја вршам твојата волја и да го следам она што си ми го открил“. (Sorry што бев долга)

Тројца се едно и тројца делуваат како едно се два различни поими.
Тројца делуваат како едно може да се однесува на некој нападачки фудбалски тим.... отецот центрира.... топката со глава ја подфаќа духот.... до синот... полуволеј ии ГОООООЛ,
Затоа и има разлики во догмите на многуте различни христијански цркви дали се едно или не се едно, дали на Исус природата е боженствена или дуалистичка....
Не е тоа толку едноставно.
па да ти кажам и добра ти е илустрацијата со фудбалот. И точно, не е така едноставно за да се разбере, ама не смееме да ги гледаме нештата само од еден агол, во смисла, само стиховите шо јас ги цитирав или оние ти што ги цитираше, бидејќи и едните и другите го имаат истиот авторитет!А тоа не е контрадикторност, но сосема добра разбирливост на Божјата семоќност и божественост!
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Не си долга него опширна. Јас споменав дека постојат многу гледања на христијанството на ннеговите пораки, закони, заповеди.... ти си застапник на лабавата и продемократска варијанта на сеопшта светсјка среќа благостање каде бог е добриот кој одозгора со љубов и толина и разбирања среќно го гледа светот и сите нас во нашите мали несташлуци.
Со такво сфаќање ќе јадеше клоца од првата Христијанска заедница на братот на Исус Јаков, Петар и учениците кои го виделе, следеле и слушале Исуса што и како рекол.
 
Wake up

Music lover
Член од
19 јули 2006
Мислења
145
Поени од реакции
0
Ок, фала на мислењето, не си придавај толку големо значење дека до толку си мудар па да миа кажеш што ќе биде со мене. Еден ден сите ќе видиме кој ке јаде клоца кој не. Извини со пробав да комуницирам со пријателски тон. За тројството сега имаш отворено тема, па таму оди и провоцирај, немам шо друго да ти кажам, изгледа си го достигнал врвот на интелегенција, па нема што да се обидуваме да ти коментираме на било што од тебе, очигледно си знаеш се.
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Зошто некако не ги разбирате контекстите. Јадење клоца не оти мислам дека грешиш или не знаиш или си во заблуда... прочитај го тој текст во целина, твојот став и оној на првата христијанска заедница , е тотално спротивен. Значи неприфатливи би биле за нив твоите (а и за тебе нивните ставови) Удирање клоца го споменав како .... вулгарна фигура на отфрлање на спротивставено мислење а не како навреда на основ на процена на интелектуалната твоја способност.
Инаку ни самиот јас не знам како ова тема тргна кон дискусија за троиството, но сигурно постоела желба и интерес за тоа а јас сум тука да одговаорам на прашања и дискусии на секој кој го интересира

ПС
Ајде да не се расплинувам на друга тема, овде само ќе дополнам уште едно видување за “единството“ на Тројството.

32 А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот
Марко 13

Јасна одвоеност и хиерархијска подреденост на Отецот и Синот.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Па, ти како што зборуваш, требало да те стават прв министер на Бог, да си знаеш се, па и да те крунизаме како Бог Џуниор. Бог го создал светот, и го направил сосема интересен. Еве, не ли ти е тебе животот интересен поради некои исчекувања. Пример, очекуваш да го направиш тоа, да се видиш со оној, и тоа те држи во некое убаво чувство, во кое, уживаш, очекуваш. Мислам дека Бог е стварно многу креативен со тоа што, ни дава да знаеме многу работи, ама и многу работи ги остава за нас непознати, се со цел да сме во тоа исчекување дека еден ден ќе си седнеме до Него и ќе добиеме одговор на се. Е тоа е Неговиот план, еден ден ќе ја имаме таа мудрост која овде ни недостасува. Тоа ти е како една сложувалка, интересно е, дел по дел, полека полека, еден ден ќе дојде и финалето, само наградени се оние кои ќе тргант со сетилото “вера“, и “Господе, помогни ми да Ти верувам, да ја вршам твојата волја и да го следам она што си ми го открил“. (Sorry што бев долга)
Не е се така добро како што кажуваш. Има многу контроверзии кои знаат да те оддалечат од Религијата и од Бог, како некои цитати од Библијата во кои се вели дека СЕГА постои рај, а на друго место дека не постои Рај. Ако постои Рај треба да има и пекол.....Не ужива секој во исчекувањето ! Нам ни терба Бог близок до човекот, зошто да чекаме когам ожел порано да реагира. Зошто толку страдања и жртви да има, кои се споменваат во Библијата дека ќе ги има во т.н. последното време, кога Тој ја пишувал Библијата преку нив ?! Или одговор на непознатото е “Тоа се Божји работи“.
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Кај христијанството треба да разбереш дека е акумулирана јудјеската вера а пак јудејската има акумулирано во себе иранска и египетска религија. Толку акумулации на различни верувања и филозофии секако носи компликуван производ составен од меѓусебе испреплетени и често апсурдно спротивставени тврдења.
 
Член од
1 септември 2007
Мислења
42
Поени од реакции
0
[Едитирано од Fortune: За да се избегнат додатни расправии.]

dali e poznato drugo pismo od Isus osven ova do Abgar?
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
[Едитирано од Fortune: За да се избегнат додатни расправии. Аман, отвораш теми и сам ги расипуваш.]

За други писма на Исус не знам,не ми е познато,но има многу Исусови изреки кои не се влезени во светите писма туку ги има во други дела кои црквата ги отфрла. Издадена е и една книга на тие Исусови изреки
 
Kajgana Shop

На врв Bottom