Обично не би го препорачал ова, но затоа што во Македонија поретко се наоѓаат вакви артикли, за канали можете да користите било каков објект кој ќе успее да ви го прошири моменталното дупче. Но внимавајте сето тоа да биде соодветно стерилизрано со 98% алкохол или 3% хидроген. Исто така внимавајте објектот да не предизвикува никаква повреда, боцкање, иритација, болка, гноење и сл. Погоре еден член напомена дека можете на шипката постепено да и додавате по еден слој селотејп. Пред да ја вратите шипката со новиот слој, секогаш бришете ја со алкохол за да избегнете било каква компликација. Несакате да дојде до компликација која може да ве чини уво!
Доколку сакате да направите канали а немате никаква дупка на истото место тогаш препорачувам бушење со 8G или 10G игла. Оваа дупка заздравува малку поспоро но значително го забрзува процесот затоа што овозможува поголем предмет да го започне проширувањето. Доколку сакате дупката да ви заздрави побрзо а притоа да ја проширувате подолго, тогаш 14G дупка е таман.
За канал на нос е задолжително 8G-6G дупка!
Наскоро ќе ми стигне пратка со прави и спирални проширувачи, па можете да се обратите кај мене во ПП за пирсање или проширувачи. Слободно обратете се и за било каков друг вид на пирсинг.