Ај здраво.
Во ситуација сум во која ми требаат мислења од повеќе луѓе воедно и совети,секако од оние кои се разбираат во сферата во која и ми е прашањето.
Пред повеќе од месец дена, ставив пирс на клучната коска. Првата недела и втората да речам се беше океј, имаше црвенило кое е нормално во првите две недели.
Секој пирс,тетоважа што и да е си бара соодветна нега, па така по три пати на ден го мачкав со Бетадин, го миев со антибактериски сапун, арно ама дечкото шо ме пирсаше ми кажа дека не ми го прима кожата, а и самата можев да забележам црвенило и гној, но не чувствував бопка.
Се до пред недела дена,кога околу самите топчиња на пирсот се изменуваше бојата, де црвена,де модро сино,па на лилаво и слично, а и почна да ме боли, се гледа дека е заради гнојот.
Дали да продолжам да го мачкам со сите средства (иако после втората недела имав прекинато), или да го вадам?
Кој е компетентен во оваа област ме интересира и кои се компликациите кои можат да се направат, освен инфекции(за кои исто незнам кои се последиците)?