Има у Кит-Го разно разни пива и чат-пат кога и да влезам си одбирам по 1-2 врсти на пиво да ги пробам. Пред 2 години бев у Германија на тоа Вазен што е у Штутгарт и испив божја киша од пиво ама не знам какво беше, у огромна кригла само памтам. Вкусот курац што ќе го препознаам.
Вака некако ги рангирам овие што ги пиев последниве неколку денови.
Првиве 2 Пауланер дефинитивно треба да ги пробам по повеќе, пошто сум стрвен за алкохол на прво место го стаив Белиот пошто има повеќе алкохол од Жутиот.
Кромбахеров ми се свиѓа, купив и од белиот Пилс мислам дека се вика мада и покрај тоа што културно и фино им ЗАБРАНИВ на моите да ми ги чепкаат пивата пошто ги дегустирам, ене го татко ми го дере Кромбахерот на тераса иако претходно испи 2 ракии со шопска салата и се најаде грав како мечка.
Среќа Вајзенов имаше поише алкохол од Пилсот.
Добар е.
Црни пива обично не пијам и не ми се убави, ама Пауланерот е добар и ако би бирал црни пива дефинитивно би го пиел само тој. Боље е од црниот Кромбахер.
Холштенов не е лош ама што знам, некако тежок ми е, можеби затоа што е нефилтриран, не знам.
Будвајзерот е океј мада сосема поразличен вкус од германскиве во секој случај. Да бидам искрен пре би пиел Скопско и Хајнекен отколку Будвајзер.
Старопрамен иам пиено у Чешка и памтам дека ми остаи добар впечаток, ова гомно пунето у Бугарија нема врска.
Останаа уште 2-3 врсти што ќе ги пробам деновиве.
Првиве 3 пива се врв. Баш би сакал да се начукам од белиот Пауланер да видам што се дешава ама маме му ебам 130 денари, треба 10 да испијам.
Ќе прежалам некад 20 евра сигурно, стрвно копиле сум. Лаком.