Пиво

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 267 39,8%
  • Златен даб

    Гласови: 185 27,6%
  • Amstel

    Гласови: 65 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 74 11,0%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,9%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 121 18,0%

  • Вкупно гласачи
    671
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
за некои од овде прв пут слушам ама тоа првто...тоа темното сакам да пробам...ама незнам дал има овде таквоо? а?
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Многу е веројатно дека лебот и пивото го измислиле жените. Легендата вели дека пивото е резултат на случајно откритие. Лошо складирани зрна жито повлекле влага и со помош на секаде присутниот див квасец, ферментирале во интересна смеса.
Луѓето ја пробале и го откриле невообичаен вкус, хранливост и секако, опојност.
Тоа се случило многу одамна во Месопотамија, каде се точел „течниот леб“.

  • Приказната за пивото е стара колку и приказната за лебот. Што било прво, пивото или лебот, сè уште утврдуваат историчарите за храна.
  • Првото пиво веројатно се правело од пченица и јачмен. Дури во 1516 година баварскиот закон за чистота на пивото наложил: „Пивото се прави од јачмен, хмељ и вода“.
На овој закон се придржуваат Германците, додека останатите додаваат и поевтина пченка или ориз.

  • Хмељот на пивото се додава како зачин што ја дава пријатната горчина, пена, но и го конзервира развојот на несаканите бактерии и придонесува на процесот за бистрење.
  • Пивото ја гаси жедта, освежува, закрепнува и релаксира. Тоа е и многу здраво. Позитивниот ефект и лековитоста на пивото луѓето ја препознале уште од дамнешни времиња.
  • Во стар Египет пивото било како напивка што закрепнува и дава енергија и било задолжителен оброк на робовите - градители на пирамидите.
  • Освен за враќање на силата по напорната работа, пивото тогаш било напивка на сиромашните и ја заменувало главно нечистата вода.
  • Освен за пиење, пивото се користело и во козметички цели за освежување на кожата на лицето и превенција од кожни заболувања.
  • Пивото содржи витамини од групата Б, потоа магнезиум, калиум, калциум, железо и цинк. Богато е со јаглени хидрати, протеини и флавоноиди, но и антиоксиданти.
  • Лековитоста на пивото е потврдена и во многу современи научни и клинички испитувања.
  • Пивото, меѓу останатото, позитивно влијае и врз циркулацијата на крвта и крвниот притисок, како и на количеството шеќер и вредноста на маснотиите во крвта.
  • Има благотворен ефект и кога станува збор за болестите на мокрачните канали или камен во бубрезите.
  • Пивото поволно делува и врз психата бидејќи го поттикнува доброто расположение, релаксира, ја намалува напнатоста, нервозата и стресот. Сепак, со оглед на опасноста што ја носи претерувањето во алкохолот, клучен збор кај сите сознанија за позитивниот ефект на пивото врз здравјето е „УМЕРЕНО“.
  • Спротивно на врежаното мислење, пивото воопшто не здебелува, бидејќи не содржи маснотии. Пивото има слична енергетска вредност како и млекото и нема никакви „сокриени“ состојки што би поттикнувале на дебелеење, посебно на создавањето на таканаречениот „пивски стомак“.
  • Причина за таложење на килограмите кај „пивопијците“ е претерувањето. Исто така, утврдено е дека прехранбените навики на пивопијците се помалку во склад со нутриционистичките препораки, отколку кај луѓето кои повеќе го сакаат виното.
  • Исто така, интересно е дека многу поголема е веројатноста за појава на „пивски стомак“ ако одеднаш се испие поголемо количество на овој пијалак, отколку ако тоа рамномерно се распореди во текот на неделата.
  • Според податоците на една студија, во која учествувале 57.000 испитаници, луѓето кои пиеле исто количество пиво, само рамномерно распоредено во текот на неделата, биле помалку наклонети кон создавање на „пивски“ стомак.
  • Најважните „пиварски“ земји се Чешка, Германија и Белгија. Пивото е, велат, најпродаван алкохолен пијалак на светот - околу 1.500 милиони хектолитри годишно.
  • Европа и Америка, иако претставуваат само една четвртина од светската популација, консумираат две третини од светското производство на пиво, со просечна потрошувачка по глава на жител од 64 односно 55 литри годишно.
Но, и покрај раширената пракса за пиење ладно пиво во текот на жешките денови, лекарите тоа не го препорачуваат бидејќи алкохолот дополнително го дехидрира телото.
Умереното и одговорното пиење пиво најдобро годи во вечерните часови, советуваат лекарите.
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Во последно време само Скопско пијам, многу, многу литри од него испив летово :)
А ова Силвер Мун подобро да не го направеле, најголема трагедија во македонската пивска индустрија, и Крали Марко е подобро од него.

Па како се изреволтирав синоќа, како може во дискотека да има само Силвер Мун, а претходната вечер имаше и Скпоско, Амстел, Хајнекен.... Бев приморан да го пијам пивово, прв пат во животот ми се случи да оставам шише пиво недопиено.
 

theprince

Fan of Irony
Член од
3 февруари 2008
Мислења
1.256
Поени од реакции
155
Mene mi se bendisa Silver Moon ali mnogu brzo ja gubi gaziranosta...za 5 min otide u nepovrat...
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
хајнекен...мн си сакам:smir:ама кад имам паре...инаку скопско увек и горско(кад смо мн ама мн душе) се собираа паре и мн шишиња излагаа:baeh:
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Хаинекен у срча,таман најдов трафика у која има го изгласаа законов.Сега ке мора резерви да се складираат пошто го нема кај мене у маалскиве кооперации.
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Алкохолот е забранет за малолетници,отворете тема за газирани сокови:helou:
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Skopsko limence na kej so kikiritcinja, Gorsko vo domasna atmosfera so cimeri. cimerki itn..Guiness vo Irish Pub i momentalno CORONA...leleee abe ne sum jas golem pivopijac samo gi prilagoduvam vkusovite spored prigodite i bigetot studentski..:icon_bigg
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
33
лашко златорог најдобро пиво за мене во последно а и цената ми се свиѓа
 
Член од
11 септември 2008
Мислења
224
Поени од реакции
6
Хајнекен и Скопско се фаворити. Хајнекен кога сум при пари, Скопско кога не сум баш при пари.:salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom