Пиволенд 2012 [29.08.2012 - 02.09.2012]

  • Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Ужас во Македонија еден асален фестивал со асални артисти да не се направи па видете во соседството какви епик фестивали се прават зошто мораме да бидеме најужас.
Елементал сум ги гледал 3 пати до сега го отапаа.
Рибља Чорба беа ок скурчија веке премногу може комотно да се изгубат.
Сарс исто така беа на доста фестивали кај нас
Бајага досега имаат многу пати доагано и тапа се.

Нека донесат нешто ново нешто невидено за нашава ни земја јес да има 20 видови на пива тоа е све ок ама мора музичкиот лајн ап да биде подобар.

Зашо сите ќењаат за музичката програма а никој не го спомнува денс стејџот? Башка и Славе е ставен во програма на мејн стејџ (сабота од 2ипол до 3ипол)
Браво Славе го ставиле како да не сме биле на Славе над 300 пати во животот му ги знам сите песни по ред што ги пушта веке.
 
П

Паган-др

Гостин
Зашо сите ќењаат за музичката програма а никој не го спомнува денс стејџот? Башка и Славе е ставен во програма на мејн стејџ (сабота од 2ипол до 3ипол)
Едно време ги немаше Славе, Зад Аголот, Ај Кју, Шајн и уште некои, да не ги барам сеа. :)
 

noviot

Форевер Aлоун :(
Член од
19 април 2006
Мислења
446
Поени од реакции
170
Ја да си исхејтам малце, глеам сите си се радувате ама мене не ми се свиѓа ич локацијата. Која будала одлучува две години по ред да прави фестивал на 100 метри од градска болница?!?! Се сеќавам од лани кај мене се слушаше гласна музика и басови до рани сати а живеам во дебар маало кај министерство за одбрана, можам само да замислам колку било гласно во болницата! Ова само во нашава држава смрдена може изгледа, секој си глеа меракот да си го направи, кој ги ебе другите.... :mad: Преку таквово ми е више од све....
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.027
Поени од реакции
36.812
Ќе одам само на Зад Аголот и уште нешто друго раперско ако има. За другото не сум заинтересиран.

Но пред БС салата? Бедно
Не бев минатата година ама читам крш било.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
значи жими се е боље да донесат вакво нешто наместо срање бендови башка ефтин бенд се за разлика од другиве
дечките свират страшно добро сум бил 2 пати у колосеум и премногу се добри и сигурно ке напраат добра журка боље него ПАМПЕРС ( ало памперс ??? незнам кој знае ама кога имаа концерт во хавана имало 4 души буквално 4 !!! )
малце тапа звук ама ке се долови моментот колку моќно звучат на голем стејџ
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Терминов е лош од причина што го ставиле на крај на месец коа повеќето се при крај со ќеш ако не и на крај.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
haters gonna hate... Јас одам, сите вечери... И не, нема да одам и да стојам како трупец, барајќи безпари да ми донесат кој ти знам таму некои групи и да се чуствувам како во Универзална сала... Ќе одам да се журкам и да играм (ај ај и да пијам...) :)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.059
Поени од реакции
24.936
Знам дека не сте (сме) задоволни од многу работи поврзани со Пиволендот. Ама па од друга страна пробувам да се ставам во кожа на организаторите. Од една страна имаш лимитиран буџет. Од друга страна сакаш фестивалот да ти има голема посетеност, ама па од трета страна не сакаш да створиш репутација на сељачизам и ренесанса како што е Прилепскиот фестивал или овие некои нови фестивали што ги прават по Струмица, Охрид секаде. Тоа те става во многу незавидна позиција, Енглезите викаат Бегерс кент би чузерс. Соочен со овие дилеми, изборот ти се сведува на забавњаците од комшилук кои не се милион, па се знае ако оваа година се Чорба и Рамбо, наредната година ќе бидат Дубиоза и Лолобриџида. Не може да очекувате Мадона или Ролинг Стоунс да ви ги донесат на Пиволенд. Од друга страна ептен ми се смешни некои предлози и имиња на демек алтернативни бендови, па зошто не ги викнале нив. Добро стварно ли мислите дека освен вас и уште 30тина редовни клиенти на Ла Кања, некој сака да слуша некој ултра геј постпанк, построк и синтпоп од кој ти иде да се обесиш на бандера претходно пиејќи цијанид?
Локацијата е дефинитивно катастрофална, паркинг и асфалт не воопшто пригодни за таков настан. Калето беше топ локација не знам зошто го сменија, претпоставувам поради масивност или слично. Сепак и тука постои дилемата ако си организатор, каде ќе најдеш доволно голем отворен простор а да е во рамките на Скопје поради пристапност, нели не е финтата да биде во Зелениково каде што треба ем бензин да трошиш ем да се змараш со организација за одење. Мене во моментот ми текнува само на оној делот позади базен Карпош, да се ишишаат тоа тревите таму и ќе се добие убав амбиент како што е Белградскиот на Ушче. Градски парк е втората локација, ама ќе го направат лом и отпаѓа како опција, а третата е плоштадот кој поради пренатрупаноста со штоливеќене може да организира само фестивалчиња од помал калибар како Виноскоп, Баскерфест и слично и мислам дека Пиволендот скроз ќе го закрчи плоштадот и обратно. Дајте некој предлог за подобра локација, кој знае може некој што треба ја чита темава па ќе се чукне по глава.
Цените се ужас и промашена поента. Претпоставувам дека самите пивари и увозници ги креираат цените. Како што и многу луѓе кажаа, поентата на пиво фестивалите во светот е ПРОМОЦИЈА на брендовите, и скоро секаде е пракса снижување на регуларните цени како би можеле посетителите да дегустираат што е можно повеќе пива, бидејќи буџетите ни се и повеќе од ограничени. Ама тука веќе повеќе е проблем на македонскиот табиет. Пошто сме си овчички има да не стрижат, исто како што е со поскапувњата, гласањата на избори и се останато што кукаме. Така да нормално и јас да сум од пивариве, ако можам да лупнам и милион денари за лименка 0.5 и ако има луѓе кои се спремни да ја плаќаат таа цена има да дебело да се искеширам па ич око нема да ми трепне. Проста економија-понуда и побарувачка и максимизација на профит кога играјќи си со цена и квантитет го добиваш оптимумот. Така да апсолутно ги сфаќам и поддржувам сите оние кои планираат од продавница да си носат пиво а на фестивалот да одат само поради музиката. Претпоставувам дека поради фестивалот пивариве набавиле поголема количина за залиха па кога ќе им останат пивата во фрижидерите, а пивата се роба со рок на траење и пожелно е да имаш добра продажба оти прекумерните залихи треба да ги фрлаш после, (за разлика од да речеме пазарот за садови за домаќинство каде што го нема овој проблем) е тек тогаш ќе видите како на последниот ден на пиволенд пивото ќе оди три за сто и тоа големите. Ама тоа е до нас и колку ние тивко ќе бојкотираме со некупување за да сфатат дека не можат курот да си играат и да не ебаваат. Ако некоја фирма од производните и увозничките излезе коректна и ги намали цените и тоа во најлоша верзија на ниво на супермаркетни цени, да се купува пиво од таму за другите да немаат продажба. Истото важи и за пренапуманите цени а ништо посебно квалитетната скара од Жи-Ва.

Пиволендот е стварно добра замисла и идеја, и фестивал кој му треба на Скопје. Барем јас кој воопшто ретко пијам пиво оти не ми лежи за време на фестивалските денови супер сум си проаѓал, сум се гледал со многу луѓе кои не сум ги видел одамна, цел град е таму и се забавува, има еуфорија, позитвност, релаксираност и онаа убава атмосфера, едноставно убава забава и поминато време и штета би било да го нема. Затоа очекувам конструктивна дебата на темава. Не е само пу да им ебам мајката. Ставете се во кожа на спротивната страна и размислувајте аутсајд д бокс, како да сте вие дел од организацијата. Не ви чини локацијата, посочете поприкладна, не ви чинат бендовите пиште зошто не ви чинат и кого би донеле ама да е релативно добро прифатлив за масите а не некои блекметалци. Мрчењето за да речеме Нокаут е стварно и повеќе од на место, докурца веќе. Ако има добри предлози, може да се организираме и да им пишеме еден мејл со најдобрите предлози и да им го испратиме, 5 минути работа е тоа. Ако се бизнис ориентирани и сакаат (како што велат) да се со прозападњачка филозофија према муштеријата слушајќи ги неговите предлози и сугестии можеби и ќе им текне да прифатат и сменат нешто. Ако не сменат а ние случајно (пу, пу скраја да е) се опаметиме, ќе се соочат со посетеност само кај бендовите кои стварно вредат да бидат посетени, а пиво претходно секој ќе си купува од локалните гранапчиња. Отворањето е денес и добра можност е да се стекнат првични импресии. Ако се паметни може да биде вин-вин-вин ситуација, и организаторите добиле масовна посетеност, и пиварите извадиле некоја пара+стекнале идни купувачи, и посетителите се забавувале, дегустирале и со душа чекаат да дојде следниот пиволенд.
 
П

Паган-др

Гостин
Тивкиот протест е најдобриот лек за ова, само, за жал, тоа ќе го гледаме на филмови и документарци и ќе викаме како не бевме ние тоа.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
haters gonna hate... Јас одам, сите вечери... И не, нема да одам и да стојам како трупец, барајќи безпари да ми донесат кој ти знам таму некои групи и да се чуствувам како во Универзална сала... Ќе одам да се журкам и да играм (ај ај и да пијам...) :)
Драга, батали ги хејтериве и мрчаториве, јас ќе те дружам (сите вечери), и така мислам минатиот го пропуштив, баш ми се оди на овој :).

On topic, предлогот од Sussaro - Не сум запознаен кој се ќе настапува на годинашниов Пиволенд, но мислам декa LeeLooJamais и Elemental би биле добра едиција (ако не се веќе дел од програмата). Не се Мадона или Ролингстоунси како што рече, а се групи кои настапуваат секаде каде што можат, и мислам би прифатиле да се појават на фестивалов.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И јас хејтерски годинава. Лани ми беше одвратно, годинава не планирам да одам. Ако си поминете убаво ќе ми биде криво и така :)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Значи такви гагаџии сте чудо невидено. Кој сакате да ви го донесат за без пари, лејди гага, У2, металика. Предпоставувам дека лигите ви течат по Октобар фест и слични манифестации, кои бендви ги носат таму??? мање битно , никој не го интересира???Пиво фест се прави за да се ЛОКА пиво и да се рошат пари а не со едно пиво во рака да се слушат бендови за кои не ви се дава 500 денари кога свират ама со влезници. На човек да му се смачи од постојано мрчење ова она, овие бенодви оние бендови, па зошто турбо фолк зошто ова зошто она.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Сега ми е јасно зошто оваа година порано се одржува пиволенд, еден куп средношколци кои сеуште се на распуст. :) Како и да е, не е лошо како за прв ден сепак не е Кале за да ја имаа таа вистинска атмосфера на правиот пиволенд ама оваа година барем пивата не се претерано скапи како една година кога ми наплатија скопско лименка 80 денари па после тоа се знае што следеше, цел ранец 20 пива шверц.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.572
Сега ми е јасно зошто оваа година порано се одржува пиволенд, еден куп средношколци кои сеуште се на распуст. :) Како и да е, не е лошо како за прв ден сепак не е Кале за да ја имаа таа вистинска атмосфера на правиот пиволенд ама оваа година барем пивата не се претерано скапи како една година кога ми наплатија скопско лименка 80 денари па после тоа се знае што следеше, цел ранец 20 пива шверц.
Кажи цени на пивата што ги запамти...
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Кажи цени на пивата што ги запамти...
Пауланер 0.5 лименка и точено - 100 денари. Murphy's исто мислам
Корона 0.33 - 100 денари.
Лашко 0.4 темно - 80 денари.
Каменица 0.55 - 60 денари. :D
Унион 0.5 (словенечкото) - 60 денари (мислам и лашко светло дека беше толку)

Тоа беше што пиев или видов цени за други сеуште не знам, уртре може. : )
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom