Да бидам и ја нешо корисен на форумов.
БОЖЕНСТВЕНАТА КОМЕДИЈА - ПЕКОЛОТ
Биографија за авторот
Данте Алигиери е роден 1265 година, во родното место Фиренца. Произлегува од страо благородничко семејство со мајка Бела и татко Алигиеро II.За неговото образование неможе точно да се каже но повеќе негови биографии тврдат дека тој учел не само во Фиренца, туку и на универзитетите во Болоња и падова, а предстојувал некое време и во Париз. Данте својот живот го проживува во постојани политички борби, прогонство и неспокојство. Му се восхитува на поетот Велгилиј кој представува негов „патеводец“ во животот. Многи важен факт од биографијата на Данте е неговата средба, уште во детството, со Беатриче, ќерка на видниот филентинец Фалко Портинари.
Поетски израз на чуствата и љубовта кон Беатриче тој дава во својата прва книга збирката песни и проза „Нов Живот“ и во своето последно, најголемо дело „Боженствената комедија“.
Бетриче умрела млада во 1290 година, кога данте имал 25 години, но неговата љубов не престаната во текот на целиот негов живот. Тој ја издига на највисок пиедестал во својата Боженствена комедија, особено во последните песни Чиштилиште и Рај. По смртта на Беатриче, Данте се одвана на неуморна работа за проучување на богословијата, филозофијата и астрономијата и со тоа станува еден од најпознатите луѓе во своето време. Во Боженствената Комедија Данте е просутен како лик што значи е пишувана во ICH (их форма). Тука Данте е и автор и на наратор ( раскажувач)
Данте умрел во 1321 година и бил закопан во Равена.
Делови: особености на композицијата.
Боженствената Комедија е разделена на три дела: Пекол, Чистилиште и Рај. Секој од овие делови има по 33 песни. Пред Пекол има една уводна песна за целата поема, така што општиот број на песните е 100. Сите песни се напишани во строфи од по 3 стиха ( терцини). Низ целата композиција на делото особена улога игра бројот 3, како христијански симбол, симболизирајќи го светото тројство (отецот, синот и светиот дух), исто така и бројот 9; 9 круга во пеколот и 9 небесни свери во рајот, додека вкупниот број на песни 100 го симбилизира совршенството. Кон особеностите на оваа композиција треба да се изнесе и тоа што секој од трите дела завршува со еденист збор- ѕвезди кој добива симболична смисла.Првата песна е увод не само на првиот дел на поемата „Пекол“ туку во целата поема. „Во средината на мојот живот земен“ значи кога Данте бил на 35 години, сметајќи дека човечкиот трае околу 70 години. Сите слики во таа песна имаат алегорично значење. Темната и густа гора ги означува заблудите, баспаќието и хаосот, во кој западнал Данте во таа возраст. Врвот, огреан од сонцето, е неговиот идеал за совршенство, воопшто идеалот на човекот. Патот кон идеалот, кон совршенството, му го препречуваат три ѕвера: Пантерот, пргав и шарен е похотливоста, телесната љубов и гревот на младоста; Лавот е симбол на жедноста за власт и човечката гордост како и гревот на позрела возраст; Волчицата – на алчноста за пари и ненаситноста. Тие слабости му пречат на човекот да се издигне до морално совршенство. И кога Данте немал веќе сила и надеж да се ослободи од нив му доаѓа во помош Вергилиј, големиот поет и негов учител. Тој е симбол на мудроста, на разумот и човечкото знаење.Човечкиот разум (Вергилиј) ќе го води низ пеколот, ќе му даде можност да ги види последиците и страдањата што доаѓаат од нашите пороци; после во Чистилиштето, каде пак преку страдања се ослободуваат душите од своите пороци и слабости и живеат со надеж. Но човечкиот разум, симбол на кој е Вергилиј, неможе, според Данте, да го доведе до познавање на највисоките тајни на животот и вселената. Почиста река ќе го води во рајот: Беатриче, симбол на верата и богословската наука. Така, во таа прва песна ни се открива и алегоричната смисла на целата поема. Таа не е само опис на задгробниот живот според религиозните представи од тоа време, туку и историја на неговото внатрешно преродување, патот на неговото морално усовршување: преку грешките и страдањето од нив, преку сознавањето и ослободувањето од пороците, до совршеното знаење, до моралното совршенство и среќа.
Втора песна
Данте е исполнет со трепет и страв пред тешкиот пат. Незнае дали е тој достоен, како Енеј и Апостол Павле, да влезе во подземното царство и во рајот. Вергилиј му открива по чија волја дошол да му биде водач: во Лимб ( прв круг на пеколот), каде во вечна тага претстојувал поетот, дошла жена, која греела со таква убавина што вој веднаш осетил потреба да ги исполнува нејзините заповеди. Таа дознала дека нејзиниот несреќен пројател Данте се наоѓа во голема опасност и го испратила Вергилиј да го спаси. Нејзиното име било Беатриче. Данте, исполнет со бодрост, тргнува по својот водач.
Трета песна
Поетите доаѓаат до вратата на пеколот на која Данте чита страшен натпис:
„Низ мена се влегува во градот на болки
Низ мене се влегува низ вечна мака
Оставете секоја надеж,вие што влегувате“
Преку таа врата влегуваат во еден темен простор, во кој се слушаат плачови и жални викови. Тоа е предворјето на пеколот. Во него се мачат душите на тие што во животот не биле добри, ни лоши, рамнодушните, безволните. Данте гледа неизброиво мноштво сенки, како трчаат во темнината касани од муви и оси. Но
посилно од физичката болка, нив ги мачи свеста за нивната ништожност. Потоа поетите преминуваат преку реката Ахерон, пренесени од чуварот на пеколот Харон.
Четврта песна
Данте влегува со Вергилиј во првиот круг на пеколот - Лимб. Тука се затворени душите на мудрите и добротворни луѓе кои живееле пред Христа и воопшто непокрстените невини души. Вергилиј му ги посочува Хомер, кралот на сите поети, Хорациј – сатиричарот, Овидиј и Лукиј. Тие го примаат другарски Данте. Тука Данте го видел и Аристотел на кого „ сите му се восхитуваат, сите го почитуваат“. Покрај него се Сократ и Платон, Демокрит, Диоген и Талес, Евиклидиј геометарот, и многу други грчки и римски филозофи, како и Електра, Хектор и Енеј. Во овој круг нема физички маки, но големите поети и филозофи се опфатени од тага, зашто не се приопштиле кон Христовата наука, бидејќи се родени пред неговата ера.
Во оваа песна многу јасно се гледа раздвоеноста на погледите на Данте, кој е најголемиот поет во средниот век и предвесник на ренесансата. За одбележување е тоа што во описот на овој круг се спомнува зеленило, зелена полјана, а инаку во многубројните описи на пеколот, има црна боја – бојата на мракот и димот, и црвена боја – на огинот – пламенот. (Во Чистилиштето преовладуваат меките бои: зелена и сина, а во рајот силна светлина ).
Петта песна
И во оваа песна се гледа раздвоеноста на Данте: со големо сочуство тој ја опишува нежната страст што ја довело Франческа до изневера на нејзиниот маж, за кого била омажена без нејзина волја, а кој бил жесток и суров човек. Поетот разбира како е понижено нејзиното човечко достоинство со насилно мажење и со жестока одмазда од мажот, која е преголена за нивниот грев (Паоло и Франческа се убиени од нејзиниот маж кој е постар брат на Паоло). Но при сета таа симпатија спрема несреќната двојка, и при сето разбирање за нивните чуства, тој пак им го одредува местото во пеколот, затоа што не се раководеле од должноста и разумот.
Шеста песна
Во третиот круг на пеколот се лакомите и пијаниците. Тие лежат во кал, а студен, незапирлив дож ги удира по телата. Штом ќе излезат од калта, веднаш пак паѓаат во неа „напред со главата“, органот на вишите стремежи за кои тие заборавите во животот. Сликата на гадната кал во која се мачат оние што се оддавале само на јадење и пиење, го симболизира одсуството на духовен живот о повисоки цели во животот. За одбележуавање во оваа песна е и сликата на политичката положба во Италија.
Седма песна
Чувар на четвртиот круг е Плутон, митолошки лик, бог на богатството. Во четвртиот круг се мачат скржавите и расипниците. Тие туркаат тешки вречи со злато и постојано се подбиваат едни на други. Потоа поетите слегуваат низ калта на Стикс во петтиот круг.
Осма песна
Врз чунот, со кој двајцата поети пливаат, се нафрла бесно душата на фиорентинецот Филипо Аргенти, политички противник на Данте, познат по својата жестокост. Вергилиј му препорачува да го потопи чунот. Разгневени ѓаволи се нафрлаат на двајцата поети; вергилиј го храбри уплашениот Данте во очекувањето на небесна полош. Тука во петтиот круг се мачат гневните и глобните.
Деветта песна
Поетите го наближуваат пеколниот град Дис од чии зидови гневните фигури го заплашуваат Данте, а погледот на Медуза може да го претворе го камен. Самиот Вергилиј не е спокоен. Напомош им доаѓа ангел и ги спасува. Поетите навлегуваат во едно место покриено со гробници, згорештени од вечен огин што се вие како змии меѓу нив. Тука, во тие гробмници на шестиот круг се мачат еретиците- кривоверците.
Десета песна
Од еден гроб се исправа гордо фигурата на Фарината Деи Уберти, познат на Данте како водач на политичка партија и храбар војник. Осуден е тука за кривоверство и не верувал во бесмртноста на душата.
Единаесетта песна
Поетите проседнуваат на одмор, за да се привикнат постепено н атешката смрдеа што доаѓа од подлабоките кругови на пеколот. Вергилиј говори за тие круговио (последни три), каде се мачат три вида насилници спрема другите (грабачи, лихвари и др.), спрема себеси (самоубиците) и спрема природата и бога.
Поважни епизоди од другите песни
Поетите слегуваат во седмиот круг каде што се мачат лихварите и ограбувачите. Во овој круг се и самоубиците. Особено сликовито е опишана гората на самоубиците – гора на сиви, искривени дрвја, без лисја и без плод. Гората е исполната со плачеви од невидливите души на самоубиците.
Осмиот круг има десет одделенија. Тука, меѓу другите, се мачат и симонитите, оние папи, кардинали и др. што тргувале со верата, продавале индулгенции (проштевање на гревови), ги продавале за пари свештеничките служби. Алчноста за пари, трговијата со верата на луѓето предизвикувале длабоко огорчување дуги и кај луѓето со искрена религиозна вера. Во осмиот круг се лажните пророци, чии лица сега се свртени накај грбот, така што гледаат секогаш назад, тие плачат од мака, а солзите им се ронат по грбот. Тука се и лицемерите кои маршираат со тивки стапки под тешки шлемови од одлово однадвор позлатенни (симбол на нивното лицемерие). Тука се мачат секаков вид измамници.
Во најдлабокиот деветти круг на пеколот, каде владее вечна зима и мраз, се мачат предавниците. Тука е и владетелот на пеколот Луцифер. Лицето му е обоено со три бои и има три усти. Од крајните две висат телата на Брут и Касиј, а со средната уста Луцифер ја раскинал главата на Јуда.
Данте и Вергилиј преминуваат низ центарот на земјата (каде завршува куповидната пропаст на пеколот) и преминувајќи на другата полусфера од земјата, согледуваат ѕвезди.
ЧИСТИЛИШТЕ
Во деветта песна на Чистилиште поетот вели дека неговиот предмет во овој дел е повозвишен и затоа го обработува со повеќе уметност. Од скоро физичките осети за смрдејата и калта, за огнот и страдањата во пекол, од морничавите слики како таа за гроф Уголино, кој ја гризе главата на својот убиец и ја раскажувал потресната историја за своите синови, кои умреле од глад во неговите раце, се преминува на светли слики, во кои има ведро небо и сонце, простор и зеленило. Место омразата, пакосната волја и гневот, со кои се исполнети жителите на пеколот, тука, во Чистилиште, владее надежта и радоста од моралносто пречистување, владее добропожелност, така што, кога некоја душа ќе се ослободи од својот гнев и преминува во погорно скалило сите и се радуваат, и светла химна го исполнува просторот на Чистилиштето.
Данте и тука често се враќа на политичка сатира, ја оцртува положбата во Италија и Фиренца, ги наоаѓа „трговците во храмот“ за нивната лакомост и раскошен живот, и тука како и во првиот дел, говори за човечките слабости и пороци; но она што преовладува во Чистилиште е психологијата на моралното очистување и внатрешното задоволство од победата над сите слабости.
Додека Пеколот е опишан од Данте како пропаст, како кратер којсе спушта во длабочините на земјата, Чистилиштето е представено како планина-остров сред океанска шир на јужната хемисвера. Чистилиштето е заградено од сите страни со ѕид од високи карпи, во кои е исечена тесна врата. Седумте круга на Чистилиште се