Пеколот од Данте Алигиери

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Ja pochnav da ja chitam i se napizdiv.
Fraerot nemozel da go kaze toa so go mislel na chovechki nachin?
I sea ja neam druga rabota da go dekodiram toa sho go pishal ko idiJot?

Дет ис д поинт дјуд...:wink:

Сеа нема да пишам нишо (не дека неам знаење) , ќе полагам колоквиум за едно 20 дена на тема Данте и све што е поврзано со неговото творештво па дента пред колоквиум све фино ќе раскажам за да видам колку сум научил....
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Дет ис д поинт дјуд...:wink:

Сеа нема да пишам нишо (не дека неам знаење) , ќе полагам колоквиум за едно 20 дена на тема Данте и све што е поврзано со неговото творештво па дента пред колоквиум све фино ќе раскажам за да видам колку сум научил....

Дојде време да се сведат сметките ....

Значи, да започнене најпрвин од авторот на делото...Данте Алигиери, наречен уште il padre Dante , се смета за татко на италијанската книжевост во целина...Најзначаен,најплоден и најдобар автор кој италијанската книжевност воопшто некогаш го имала...Потекнува од благородничко семејство од областа Тоскана а се смета дека е од Фиренца...Младоста ја поминува со своите родители во Фиренца а уште кога имал 10 години неговото семејство склучило нотарски договор за брак со Гема Донати со која тој подоцна ќе има 3 деца...Уште како млад започнува да се интересира за науките и за образованието па завршува теологија и философија во Болоња и Падова...Сепак ,тоа не го привлекува многу иако во неговите дела ќе зборува за теми што се многу блиску до овие 2 науки...Во поглед на политичката определба, неговиот татко бил благ симпатизер на гвелфите кои во тоа време се залагале за превласт врз Италија со помош на папата...Сепак, доаѓа до раздор во таа партија и во времето кога Данте политички се активирал тие се делат на бели и на црни гвелфи ...Данте застанува на страната на белите и додека е со нив тој се активирал како еден од 6-те приори т.е. старешини на Фиренца,луѓе кои што управувале со градот и кои имале доста големи овластувања...Сепак, црните гвелфи биле посилни и успеале да ги поразат белите во неколку борби во кои и самиот Данте учествувал...Во тоа време таа партија што ќе дојдела на власт ги протерувала политичките противници па така било и во овој случај и Данте се нашол во прогонство...Дотогаш успеал да собере животно искуство и образование кои биле единствените нешта покрај неговите книги кои ги земал додека бегал од политичките противници...Патува претежно по Северна Италија и се засолнува на дворовите на неколку благородници за кои работи како писар или пак преговарач со другите дворски кралства...Умира од треска при едно патување по таквите дворови ,тотално заборавен од сите и е погребан во Равена...Се уште се водат полемики дали гробот на Данте треба да биде во Равена каде што починал или пак во Фиренца која што го прославила ...

Творештвото на Данте не може да се класифицира во една гранка...Тој во младоста припаѓал на школата на Слаткиот Нов Стил и бил еден од нејзините основачи ...Пишувајќи претежно љубовна поезија насочена кон неговата вечна инспирација Беатриче во овој правец се прославува со делото Нов живот...Дело во кое опишува како ја запознал неа, како се заљубил во неа , како таа се однесувала кон него и се што е поврзано со неговата љубов кон неа...Се задржува структурата според која тој секогаш се раководел а исто така и симболиката со Светото Тројство која подоцна ќе биде еден вид на водилка во Комедијата...Имал 9 години кога за првпат ја видел Беатриче (3x3), по 9 години повторно ја видел и се заљубил во неа а всушност во ова дело тој прави своевидна апотоеза т.е. најава на тоа што ќе го опишува во Божествената Комедија...Делото е составено од 4 канцони(начин на пишување на песна која Данте сметал дека е најпогодна), 42 прозни поврзувања кои се во согласност со канцоните и 25 сонети на љубовта...Им се обраќа на жените кои умеат да ја разберат љубовта бидејќи само тие би можеле со своето благородно срце(стилновистички елемент) да разберат како тој се чувствува...
Другите дела на Данте се поделени на тие што се напишани на народен јазик и оние што се напишани на латински јазик...Комедијата,Гозба,Епистолите се напишани на италијански волгаре и во нив тој сака да го приближи јазикот до народот а во тие што се на италијански да им стави до знаење на интелектуалците дека би требало да постои единствен италијански јазик кој ќе биде достапен за целото население а не само за свештенството...


Божествената Комедија е најкапиталното дело на Данте...Со цврста структура од 100 песни и 3 дела по 33 песни ја поддржува средновековната симболика на бројот 3 кој го симболизирал светото тројство и 100-ката која била совршен број...Тројката се повторува како симбол и во тоа што има 3 земски лика,стихот е терцина, 3 дела на пеколот, 9 неба во рајот,9 круга во Пеколот....Во комедијата е опишан грешниот пат на човекот, на самиот Данте како човек кој бил изгубен во таа шума која била неговиот грешен живот...Тоа што е таму опишано има 2 значења...Едното е буквално а другото е алегориско т.е. преносно за кое треба да се има увид во целата тогашна ситуација и состојба во Италија....

Пеколот како посебно дело се обработува глеам...Пеколот се отвара како бездна во близина на Ерусалим и се спушта надолу преку 9 концентрични кругови се до центарот...Најпрвин се минува низ Портата т.е. низ предворјето каде што се сместени неодлучните т.е. оние кои што не заслужувале да се најдат ниту во Пеколот...Во првиот круг т.е. лимбот се сместени некрстените т.е. сите оние кои што живееле пред христијанството, во вториот се блудните души т.е. прељубниците и тука се споменати голем број на ликови од историјата...Во третиот круг се лакомците ,во 4-от расипниците и скржавците, во 5-от гневните и мрзливите , во 6-от се еретиците,безбожниците ,епикурејците, во 7-от се насилниците,убијците, во 8-от се измамниците и тука тој претежно се осврнува на папите за кои смета дека се големо зло...Во последниот круг тој ги сместил предавниците бидејќи сметал дека предавството е најголемото зло кое може да се направи....Заедничка казна за сите што се во пеколот е што се лишени од надеж ,круговите се чувани од митолошките суштества ...На дното се наоѓал Луцифер а казните кои што требале да се извршат биле обратни на гревот...Во 33-те пеења Данте се осврнува на политичката состојба, на сопствените ставови во однос на многу работи, има тука приказни од антиката , средби со мртвите души кои се движат....Тоновите кои што преовладуваат се претежно темни,лоши,застрашувачки и Данте имал многу лоши моменти додека се наоѓал таму бидејќи неколку пати дури се онесвестувал од силината на болката што морал да ја претрпи....Се меша односот Данте-лик и Данте-поет...


Од Пеколот Данте преминува во Чистилиштето...Со Вергилиј излегува на една плажа ,на остров од кој се пружа глетка на планина која е всушност чистилиштето кое треба да се помине за да се стигне до рајот...Чистилиштето е поделено на 3 дела, претчистилиште, вистински чистилиште и рај на чистилиште...Душите се прочстуваат на 3 начини , со казна обратна на гревот кои тие се способни да ја примат, со пеење на хорски молитви и со пеење на поучни песни од антиката...На овој начин и Данте се прочистува...Боите се различни од пеколот, тука преовладува сивило, неопределност и тука се има чувство за време бидејќи душите чекаат да се прочистат...Чувствата се носталгични,меланхолични, смирени за разлика од пеколот каде што владееше тотална несмиреност...Чистилиштето уште се нарекува и Книга на Дантеовите спомени и се смета за најава на Рајот, на совршенството каде е присутна Беатриче ...

Рајот е најразличен од првите 2 дела бидејќи тука приказната прекинува за да се опише амбиентот кој владее , нешто што за Данте било најтешко да го направи...Тука душите се заедно , нема ликови бидејќи тие се опишани амбиентално , со елементи од природата ..Исто така, нема нарација...Владее светлина, божествена атмосфера во очекување на видението на Господ...Тука атмосферата е естетски совршена а поезијата е најсовршена поради сублимацијата на повеќе стилови и совршенствата...Структурално е слично како и претходните 2 дела а тука исто така се споменуваат голем дел на средновековните мислители како Тома Аквински...Се е подредено на очекувањето да се види господ, совршенството што сјае од сите страни и што никој и ништо не може да го засени...Ангелите се претставени како ликови со блескав сјај , пламени крилја, бела облека но сепак со сета своја светлина не успеваат да го засенат Господ...Тука Данте во недостиг на зборови да го опише тоа што го видел на помош го повикува Аполон а при крајот кога доаѓа до самиот господ нему му помага Св.Бернард кој ја моли Богородица да му помогне на тој што веќе стигнал до таму да го види Господ.....


Ја Комедијава не ја прочитав пошо не ми беше задолжително али затоа иам доста големо знаење за неа и у секое време можам да напишам 3 вакви текста ,проширени со обајснувања на пеењата во секој од трите дела....Али мислам, дека и ова е доволно за запознавање со најголемото дело на италијанската книжевност...
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
за да ја разбереш книгава, мора да знаеш мнг добро историја. Ја се откажав после 70 страна, иако стварно ми се свиѓаше не можев да ја сфатам баш целосно книгата
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
152
Поени од реакции
7
знае некој од кај да ја порачам преку интернет?
ама да биде на македонски...
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
152
Поени од реакции
7
ја најдов пеколот ама има четири искинати страници.
па ако може некој да ја постира 11 песна...
однапред благодарам
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
за да ја разбереш книгава, мора да знаеш мнг добро историја. Ја се откажав после 70 страна, иако стварно ми се свиѓаше не можев да ја сфатам баш целосно книгата
умм, јас ја прочитав, и ја сфатив, а неам некое посебно познавање по историја...
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
maca kaka aj ako mozesh pishi mi esej .pozdrav

јас ја прочитав убаво до 100 страна и пола сватив а пола не затоа понатаму пола читам пола скокав

убава е содржината на книгата но ако се разбере убаво
сепак мислам дека книга со толку метафори и алегории не е погодна за деца на 15-16 години:toe:


ако на некој му треба есеј за пеколот нека ми пише:smir:
ај ако можеш пиши ми есеј па прати ми го на мејл.поздрав
 

diesel fan

dizelas do groba
Член од
2 јули 2009
Мислења
71
Поени од реакции
4
еј, ај ве молам, итно ми требаат ликови од пеколот и нивни карактеристики (накратко, со неколку збора). Знам дека има многу ликови , ама пишете за неколку најважни.
И ми требаат уште надворешни карактеристики на делото Пеколот (проза или поезија. Ако е проза број на строфи, број на стихови ако се во сите строфи исто...) Ај ве молам, за утре ми е , а никаде неможам да ја најдам книгата. :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Е ако ова од Марко не ви е доста, не знам, срамота што барате.
 

JerryMK

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
5 мај 2009
Мислења
259
Поени од реакции
12
lele ovaa nie e za prva lektira ke ja obrabotuvame naskoro u sabota treba da ja zeam da ja citam 200 stranici bila
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Бујна имагинација имал Данте. Би било добро за на филм.
 
N

navivacka

Гостин
Mошне интересна книга,мене ми се допадна искрено...ја сфатив уште на почетокот но што е голема голема е...

Пеколот е еден дел од целата книга на Данте Алигиери која се вика Боженствената Комедија...ги опишува деветте круга и објаснува кои грешници во кој круг се наогаат,неможам да се сетам кои грешници во која група се зашто ја имам читано пред три години...ама како што кажа некој ке треба да имаш ии професор кој би те вовел подобро во книгата.
 

Lady P

Само животот нема реприза
Член од
3 октомври 2009
Мислења
15
Поени од реакции
0
јас ја прочитав убаво до 100 страна и пола сватив а пола не затоа понатаму пола читам пола скокав

убава е содржината на книгата но ако се разбере убаво
сепак мислам дека книга со толку метафори и алегории не е погодна за деца на 15-16 години:toe:


ако на некој му треба есеј за пеколот нека ми пише:smir:

aj ako sakas prati mi esej pls treba mi :wink:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Да бидам и ја нешо корисен на форумов.:pos::pos:

БОЖЕНСТВЕНАТА КОМЕДИЈА - ПЕКОЛОТ


Биографија за авторот

Данте Алигиери е роден 1265 година, во родното место Фиренца. Произлегува од страо благородничко семејство со мајка Бела и татко Алигиеро II.За неговото образование неможе точно да се каже но повеќе негови биографии тврдат дека тој учел не само во Фиренца, туку и на универзитетите во Болоња и падова, а предстојувал некое време и во Париз. Данте својот живот го проживува во постојани политички борби, прогонство и неспокојство. Му се восхитува на поетот Велгилиј кој представува негов „патеводец“ во животот. Многи важен факт од биографијата на Данте е неговата средба, уште во детството, со Беатриче, ќерка на видниот филентинец Фалко Портинари.

Поетски израз на чуствата и љубовта кон Беатриче тој дава во својата прва книга збирката песни и проза „Нов Живот“ и во своето последно, најголемо дело „Боженствената комедија“.

Бетриче умрела млада во 1290 година, кога данте имал 25 години, но неговата љубов не престаната во текот на целиот негов живот. Тој ја издига на највисок пиедестал во својата Боженствена комедија, особено во последните песни Чиштилиште и Рај. По смртта на Беатриче, Данте се одвана на неуморна работа за проучување на богословијата, филозофијата и астрономијата и со тоа станува еден од најпознатите луѓе во своето време. Во Боженствената Комедија Данте е просутен како лик што значи е пишувана во ICH (их форма). Тука Данте е и автор и на наратор ( раскажувач)

Данте умрел во 1321 година и бил закопан во Равена.





Делови: особености на композицијата.

Боженствената Комедија е разделена на три дела: Пекол, Чистилиште и Рај. Секој од овие делови има по 33 песни. Пред Пекол има една уводна песна за целата поема, така што општиот број на песните е 100. Сите песни се напишани во строфи од по 3 стиха ( терцини). Низ целата композиција на делото особена улога игра бројот 3, како христијански симбол, симболизирајќи го светото тројство (отецот, синот и светиот дух), исто така и бројот 9; 9 круга во пеколот и 9 небесни свери во рајот, додека вкупниот број на песни 100 го симбилизира совршенството. Кон особеностите на оваа композиција треба да се изнесе и тоа што секој од трите дела завршува со еденист збор- ѕвезди кој добива симболична смисла.Првата песна е увод не само на првиот дел на поемата „Пекол“ туку во целата поема. „Во средината на мојот живот земен“ значи кога Данте бил на 35 години, сметајќи дека човечкиот трае околу 70 години. Сите слики во таа песна имаат алегорично значење. Темната и густа гора ги означува заблудите, баспаќието и хаосот, во кој западнал Данте во таа возраст. Врвот, огреан од сонцето, е неговиот идеал за совршенство, воопшто идеалот на човекот. Патот кон идеалот, кон совршенството, му го препречуваат три ѕвера: Пантерот, пргав и шарен е похотливоста, телесната љубов и гревот на младоста; Лавот е симбол на жедноста за власт и човечката гордост како и гревот на позрела возраст; Волчицата – на алчноста за пари и ненаситноста. Тие слабости му пречат на човекот да се издигне до морално совршенство. И кога Данте немал веќе сила и надеж да се ослободи од нив му доаѓа во помош Вергилиј, големиот поет и негов учител. Тој е симбол на мудроста, на разумот и човечкото знаење.Човечкиот разум (Вергилиј) ќе го води низ пеколот, ќе му даде можност да ги види последиците и страдањата што доаѓаат од нашите пороци; после во Чистилиштето, каде пак преку страдања се ослободуваат душите од своите пороци и слабости и живеат со надеж. Но човечкиот разум, симбол на кој е Вергилиј, неможе, според Данте, да го доведе до познавање на највисоките тајни на животот и вселената. Почиста река ќе го води во рајот: Беатриче, симбол на верата и богословската наука. Така, во таа прва песна ни се открива и алегоричната смисла на целата поема. Таа не е само опис на задгробниот живот според религиозните представи од тоа време, туку и историја на неговото внатрешно преродување, патот на неговото морално усовршување: преку грешките и страдањето од нив, преку сознавањето и ослободувањето од пороците, до совршеното знаење, до моралното совршенство и среќа.

Втора песна
Данте е исполнет со трепет и страв пред тешкиот пат. Незнае дали е тој достоен, како Енеј и Апостол Павле, да влезе во подземното царство и во рајот. Вергилиј му открива по чија волја дошол да му биде водач: во Лимб ( прв круг на пеколот), каде во вечна тага претстојувал поетот, дошла жена, која греела со таква убавина што вој веднаш осетил потреба да ги исполнува нејзините заповеди. Таа дознала дека нејзиниот несреќен пројател Данте се наоѓа во голема опасност и го испратила Вергилиј да го спаси. Нејзиното име било Беатриче. Данте, исполнет со бодрост, тргнува по својот водач.

Трета песна

Поетите доаѓаат до вратата на пеколот на која Данте чита страшен натпис:
„Низ мена се влегува во градот на болки
Низ мене се влегува низ вечна мака
Оставете секоја надеж,вие што влегувате“

Преку таа врата влегуваат во еден темен простор, во кој се слушаат плачови и жални викови. Тоа е предворјето на пеколот. Во него се мачат душите на тие што во животот не биле добри, ни лоши, рамнодушните, безволните. Данте гледа неизброиво мноштво сенки, како трчаат во темнината касани од муви и оси. Но

посилно од физичката болка, нив ги мачи свеста за нивната ништожност. Потоа поетите преминуваат преку реката Ахерон, пренесени од чуварот на пеколот Харон.

Четврта песна

Данте влегува со Вергилиј во првиот круг на пеколот - Лимб. Тука се затворени душите на мудрите и добротворни луѓе кои живееле пред Христа и воопшто непокрстените невини души. Вергилиј му ги посочува Хомер, кралот на сите поети, Хорациј – сатиричарот, Овидиј и Лукиј. Тие го примаат другарски Данте. Тука Данте го видел и Аристотел на кого „ сите му се восхитуваат, сите го почитуваат“. Покрај него се Сократ и Платон, Демокрит, Диоген и Талес, Евиклидиј геометарот, и многу други грчки и римски филозофи, како и Електра, Хектор и Енеј. Во овој круг нема физички маки, но големите поети и филозофи се опфатени од тага, зашто не се приопштиле кон Христовата наука, бидејќи се родени пред неговата ера.
Во оваа песна многу јасно се гледа раздвоеноста на погледите на Данте, кој е најголемиот поет во средниот век и предвесник на ренесансата. За одбележување е тоа што во описот на овој круг се спомнува зеленило, зелена полјана, а инаку во многубројните описи на пеколот, има црна боја – бојата на мракот и димот, и црвена боја – на огинот – пламенот. (Во Чистилиштето преовладуваат меките бои: зелена и сина, а во рајот силна светлина ).


Петта песна

И во оваа песна се гледа раздвоеноста на Данте: со големо сочуство тој ја опишува нежната страст што ја довело Франческа до изневера на нејзиниот маж, за кого била омажена без нејзина волја, а кој бил жесток и суров човек. Поетот разбира како е понижено нејзиното човечко достоинство со насилно мажење и со жестока одмазда од мажот, која е преголена за нивниот грев (Паоло и Франческа се убиени од нејзиниот маж кој е постар брат на Паоло). Но при сета таа симпатија спрема несреќната двојка, и при сето разбирање за нивните чуства, тој пак им го одредува местото во пеколот, затоа што не се раководеле од должноста и разумот.

Шеста песна

Во третиот круг на пеколот се лакомите и пијаниците. Тие лежат во кал, а студен, незапирлив дож ги удира по телата. Штом ќе излезат од калта, веднаш пак паѓаат во неа „напред со главата“, органот на вишите стремежи за кои тие заборавите во животот. Сликата на гадната кал во која се мачат оние што се оддавале само на јадење и пиење, го симболизира одсуството на духовен живот о повисоки цели во животот. За одбележуавање во оваа песна е и сликата на политичката положба во Италија.

Седма песна

Чувар на четвртиот круг е Плутон, митолошки лик, бог на богатството. Во четвртиот круг се мачат скржавите и расипниците. Тие туркаат тешки вречи со злато и постојано се подбиваат едни на други. Потоа поетите слегуваат низ калта на Стикс во петтиот круг.

Осма песна

Врз чунот, со кој двајцата поети пливаат, се нафрла бесно душата на фиорентинецот Филипо Аргенти, политички противник на Данте, познат по својата жестокост. Вергилиј му препорачува да го потопи чунот. Разгневени ѓаволи се нафрлаат на двајцата поети; вергилиј го храбри уплашениот Данте во очекувањето на небесна полош. Тука во петтиот круг се мачат гневните и глобните.

Деветта песна

Поетите го наближуваат пеколниот град Дис од чии зидови гневните фигури го заплашуваат Данте, а погледот на Медуза може да го претворе го камен. Самиот Вергилиј не е спокоен. Напомош им доаѓа ангел и ги спасува. Поетите навлегуваат во едно место покриено со гробници, згорештени од вечен огин што се вие како змии меѓу нив. Тука, во тие гробмници на шестиот круг се мачат еретиците- кривоверците.

Десета песна

Од еден гроб се исправа гордо фигурата на Фарината Деи Уберти, познат на Данте како водач на политичка партија и храбар војник. Осуден е тука за кривоверство и не верувал во бесмртноста на душата.


Единаесетта песна

Поетите проседнуваат на одмор, за да се привикнат постепено н атешката смрдеа што доаѓа од подлабоките кругови на пеколот. Вергилиј говори за тие круговио (последни три), каде се мачат три вида насилници спрема другите (грабачи, лихвари и др.), спрема себеси (самоубиците) и спрема природата и бога.

Поважни епизоди од другите песни

Поетите слегуваат во седмиот круг каде што се мачат лихварите и ограбувачите. Во овој круг се и самоубиците. Особено сликовито е опишана гората на самоубиците – гора на сиви, искривени дрвја, без лисја и без плод. Гората е исполната со плачеви од невидливите души на самоубиците.
Осмиот круг има десет одделенија. Тука, меѓу другите, се мачат и симонитите, оние папи, кардинали и др. што тргувале со верата, продавале индулгенции (проштевање на гревови), ги продавале за пари свештеничките служби. Алчноста за пари, трговијата со верата на луѓето предизвикувале длабоко огорчување дуги и кај луѓето со искрена религиозна вера. Во осмиот круг се лажните пророци, чии лица сега се свртени накај грбот, така што гледаат секогаш назад, тие плачат од мака, а солзите им се ронат по грбот. Тука се и лицемерите кои маршираат со тивки стапки под тешки шлемови од одлово однадвор позлатенни (симбол на нивното лицемерие). Тука се мачат секаков вид измамници.
Во најдлабокиот деветти круг на пеколот, каде владее вечна зима и мраз, се мачат предавниците. Тука е и владетелот на пеколот Луцифер. Лицето му е обоено со три бои и има три усти. Од крајните две висат телата на Брут и Касиј, а со средната уста Луцифер ја раскинал главата на Јуда.
Данте и Вергилиј преминуваат низ центарот на земјата (каде завршува куповидната пропаст на пеколот) и преминувајќи на другата полусфера од земјата, согледуваат ѕвезди.


ЧИСТИЛИШТЕ

Во деветта песна на Чистилиште поетот вели дека неговиот предмет во овој дел е повозвишен и затоа го обработува со повеќе уметност. Од скоро физичките осети за смрдејата и калта, за огнот и страдањата во пекол, од морничавите слики како таа за гроф Уголино, кој ја гризе главата на својот убиец и ја раскажувал потресната историја за своите синови, кои умреле од глад во неговите раце, се преминува на светли слики, во кои има ведро небо и сонце, простор и зеленило. Место омразата, пакосната волја и гневот, со кои се исполнети жителите на пеколот, тука, во Чистилиште, владее надежта и радоста од моралносто пречистување, владее добропожелност, така што, кога некоја душа ќе се ослободи од својот гнев и преминува во погорно скалило сите и се радуваат, и светла химна го исполнува просторот на Чистилиштето.
Данте и тука често се враќа на политичка сатира, ја оцртува положбата во Италија и Фиренца, ги наоаѓа „трговците во храмот“ за нивната лакомост и раскошен живот, и тука како и во првиот дел, говори за човечките слабости и пороци; но она што преовладува во Чистилиште е психологијата на моралното очистување и внатрешното задоволство од победата над сите слабости.
Додека Пеколот е опишан од Данте како пропаст, како кратер којсе спушта во длабочините на земјата, Чистилиштето е представено како планина-остров сред океанска шир на јужната хемисвера. Чистилиштето е заградено од сите страни со ѕид од високи карпи, во кои е исечена тесна врата. Седумте круга на Чистилиште се
 

Kajgana Shop

На врв Bottom