Пеколот од Данте Алигиери

M

Mario Gómez

Гостин
расположени како седумте раси една на друга по падините на планината. Патот на двајцата поети во почетокот е стрмен, опасен и тежок, а колку се качуваат се погоре, станува се полесен.
Во Чистилиштето Данте им го одредува местото на оние кои ги сознале своите гревови и се покајале, се отргнале од нив уште додека можеле да грешат. Нивните маки тука се привремени, и тие поминуваат, при општа радост, во се погорните кругови на Чистилиштето.

Ислегувајќи од пеколот Данте, придружен од Виргилиј се радува нма глетката на синото небо, ѕвездата Деница и другите ѕвезди. Наидуваат на чуварот а чистилиштето Катон, кој повеќе ја сакал слободата одошто животот. По негов совет Вергилиј го мие лицето на Данте, Поцрнето од саѓите и димот на пеколот, со роса од зелена трева.
По морскиот простор, одалеку се покажува румена светлина,, а од двете страни две бели светлини побрзо од птици се проближуваат. Тоа се крилјата на ангел кој на воздушен чун ги носи душите во чистилиштето. Новодојдените разговараат со Данте и се чуват оти жив е дојден тука.
Приближувајќи се кон стрмниот брег Данте забележува дека само неговото тело фрла сенка, додека низ Виргиловото зраците на сонцето преминуваат непреченот. Во врска со тоа Вергилиј му говори за ограничените можности на човечкиот ум да ги сфати сите тајни.
Поетите се влечат со раце и со нозе по стрмниот пат. Тука со предворјето на чистилиштето, ги среќаваат оние кои, поради својата мрзливост во животот или поради зафатеноста со световни работи, доцна се покајале па затоа треба долго да чекаат пред вратата на чистилиштето.
Настапува ноќ. Данте заспива во една расцветана долина. Во сонот му се чини дека небесен орел ги дига и ги пренесува низ пламења, па од горештината се разбудува. Гледа дена навистина е пренесен на ново непознато место, пред тесната врата на чистилиштето. Виргилиј му објаснува дека Луција, небесната милост, го пренела тука додека тој спиел, за да му го скрати тешкиот пат. Пред вратата, врз стапало од драгоцен камен, стои ангел, кој со врвот на својот меч ја пишува врз челото на Данте седум пати буквата Р (peccata- гревови). Поетот влегува во чистилиштето и до нивниот слух допираат гласови кои ја пеат химната Te deum laudamus.
Данте го опишува првиот круг. Планината тука е стрмна како ѕид, а врз белиот мермер се изделкани совршени уметнички релјефи, кои, преку сцени од светото писмо и од историјата, даваат примери на смиреност, скромност и човечка добрина. И во другите кругови на чистилиштето Данте говори за уметнички слики и релјефи со кои се украсени тие кругови, и кои треба да им помогнат на нивните жителида се преродат и да се очистат морално. Едни од тие слики даваат позитивни примери на човечките добрини, а други даваат примери за недостатоците и пороците, од кои треба да се ослободи човекот.
Во првиот круг на чистилиштето, горделивите и себичните луѓе носат на грб тешки камења и одат свиени под нивнат тежина, за да се излекуваат од својата тврдоглавост и надменост. И Данте оди наведнат за да и тој се ослободи од својата гордост. Поетите ги разгледуваат сликите за покажана горделивост и себичност.

Ангел со бели крилја го докоснува челото на Данте и тој макар што се качува по смртна карпа, чуствува ненадејно олеснување и во телото и во душата. Вергилиј му објаснува дека едното Р изчезнува од неговото чело, а другите во исто време избледеле.
Поетите преминуваат во вториот круг. Тука се зависливите луѓе. Нивните зависливи очи сега се зашиени со железни конци. Даден е лик на жена која, опфатена од завист, се радувала на несреќата на своите сограѓани. Кога излегуваат од вториот круг, на челото на Данте го снемува и второто Р. Влегиувајќи во третиот круг Данте преживува визии, кои представуваат сцени на човечка добрина, благост и помирливост, точно спротивни на оние негативни особености со кои се одликувале во животот жителите на овој круг: гнев, лутина и избувливост. Тука, за да го отплатат својот грев тие се движат во густ чад, симбол на нивниот грев, кој им ги замаглува очите во земниот живот. Изгелгувајќи од третиот круг, Данте чуствува свеж повеј од ангелски крилја и третото Р исчезнува од неговото чело.
Така поетите се искачуваат по планина во погорните кругови на чистилиштето. Во четвртиот круг мрзливите се ослободуваат од својата слабост со трчање без одмор. Во петтиот круг скржавите и расипниците заедно лежат со врзани раце. Во шестиопт круг лакомите, што го гледале животот само во јадење и пиење, живеат сега меѓу сочни плодови и бистри извори, но не можат да достигнат до нив и се исушиле од глад и жед. Во седмиот круг се очистуваат, преминувајќи преку пламен, оние што се оддавале на плодска љубов, на телесни срасти. И Данте се подложува на тоа очистување. Преминувајќи од еден во друг круг, поетот чуствува се поголемо олеснување душевно и телесно се поголема радост од победата над слабостите и пороците. На врвот од планината, откако излегол од седмиот круг, данте влегов во земниот рај. Тука пред неговите очи се проближува величествена процесија на чисти и возвишени души, а меѓу нив, на кола возена од грифон (половина орел, половина лав), цела обвиена со облак од цвеќиња што и ги фрлаат ангели се појавува Беатриче. Во Данте „нема ни капка крв која не трепери“. Во својата возбуда тој се свртува назад кон својот водач Вергилиј, но него веќе го нема. Беатриче, без да гледа во Данте со строго лице го укорува него за неговиот лош живот по нејзината смрт и бара од него да ги осознае своите заблуди и да се покае за нив.
Потоа Данте е потопен во реката Лета и сите лоши спомени, сите грижи на совеста изчезнуваат. После се мие и во водата на реката Евној за да ја зајакне во него волјата за доброто.


РАЈ

Во третиот дел на поемата, Рај, Данте не пренесува на планетите и ѕвездите, во девете небесни свери, каде што се населени душите на праведните. Данте во описот на вселената се води од Птоломеевиот систем, според кој во центарот на вселената е земјата, а околуи неа концентрично се расположени девет небесни сфери. Првите седум небесни сфери се планетите: Месечината, Меркур, Венера, Сонцето (и тоа сметано за планета), Марс, Јупитер и Сатурн. Осмата свера е на неподвижните ѕвезди. Таа е опфатена од деветтата сфера што ги доведува во

движење сите сфери, бидејќи е устрмена кон Емпирејот, каде што е изворот на секое движење: Бог. Данте во полетот од една планета на друга, од една сфера во друга, се издига со силата од погледот на Беатриче, во чии очи се одразува зрак на Емпирејот.
Главна одлика на Дантевите описи во Рај е музикалноста. Описите што ги дата се исполнети со ритмичко движење, со правилни геометриски фигури, кои имаат симболично значење, со чиста музика и ослепителна светлина, со која мачно свикнуваат очите на поетот и тоа само со помошта на Беатриче. Но и покрај ова и во Рај се сретнува острата осуда на папите за нивниот стремеж кон политичка власт и материјални облаги, осуда тука изречена преку устата на најголемиот за поетот авторитет, Дантеовиот прадедо кој говори за моралната разузданост во италијанските градови во времето на Данте, за разлика од некогашниот здрав морал, чесност и добри обичаи. Во Рај прозвучува со најсрдечни тонви и насталгија на Данте, скитникот, прогонетиот, за неговиот роден град Фиренца.
„Тука чезнат силите на високата фантазија. Но веќе моите желби и волја се раздвижени, како тркало кое рамномерно се врти, од онаа љубов што ги движи сонцето и другите ѕвезди“. Така завршува третиот дел од поемата, кој, според самиот Данте е наменет за малку читатели кои се подготвени да го разберат.

Се надевам спасив нечив г`з од единица:pos:

:back:
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Да прашам дали има ПДФ верзија на македонски јазик ако има некој нека пише ПП.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Глупава книга, не ми се допадна ништо од приказната. Можеби е навистина дело кое ќе се зборува секогаш, и дека е дел од најпознатите во светот, но мене не ми се допадна, и секако употребувани се навистина убави и одбрани зборови, тешко разбирлива, ни никако за мене :toe:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Мене ми треба итно есеј за Божествена комедија не само за пеколот па ако може некој да помогне.
Eве есејче нешо, не е нешто посебно, за алегоријата во делото е...:)

Алегоријата и симболиката во „Пеколот“ на Данте Алигиери


Еден од најголемите и најзначајните представници на предренесансниот, ренесансниот период е Данте Алигиери кој заедно со Петрарка и Бокачо се вбројуваат во редот на светската литературата поради самата природа на јазикот и начинот на изразните средства кои ги користеле во својата литература.
Данте Алигиери е вистински визионер во однос на јазичното прашање во тоа време, бидејќи се определил за народниот јазик кој се смета за основа на италијанскиот јазик.
Литературната дејност ја започнал со делото „Нов живот“ каде низ 25 сонети ја предалав платонската љубов кон Беатриче. Таа своја љубов подоцна ќе ја овековечи во своето ремек дело „Божествена Комедија“, кое е религиозно-филозофски еп.
Ова дело со својата основа е засновано врз библиското учење и го илустрира верувањето на христијаните во наградата и казната што се случува во задгробниот живот, според делата за време на животот на човекот.
Составено од три дел Пекол, Чистилиште и Рај.
Ако го анализираме стилот на „Пеколот“ тука како и во другите негови дела присутен е раскажувачкиот дел. Данте се поистоветува со раскажувачот во него, тој е присутен и како лик и потенцира дека се што раскажува видел со свои очи.
Кога се чита „Пеколот“ на Данте, веднаш паѓа во очи и стилот во кој се градат раскажаните настани во кои има посебен белег. На пример неможе да се остане рамнодушен во читањето, а да не се забележи персонификација и метафора:

„ јас скренав поглед. Видов сонце-ал​
огреало во таа рана зора​
врз плеќите на ридот стрмен, мал...“​
Алегоричкот значење уште од првата песна е препознатливо. Така шумата, густежот темен ни асоцира на анархијата* која се наоѓала во италијанските градови во тоа време. (* безвластие, безпостоење закон и ред).
Исто така се среќава и преносното значење како што се : пантерот кој ја покажува зависта, лавот – гордоста и волчицата – алчноста по пари. Од големо значење е и симболиката на броевите. Бројот 3 го симбилизира светото тројство, бројот 9 круговите, а бројот 100 совршенството.
Во „Пеколот“ Данте со помош на соодветно одбрани зборови ја доловува атмосверата на несреќа и страв. Тој опишува сетила и бои кои укажуваат на темнината која владее таму пр: залуд во темнина; млачен кат; темен ад, крај без светлост и слично.
Значи нема други бои освем темните, со кои Данте ја потенцира страшната атмосвера во пеколот. Тој тука ги доловува и звуците: клети хорови, болен викот, лелек, пискотници го рушат оној мир на гробишта и слично.
Исто така симбилика има и во дразбата на мириси, а најброји се дразбите на кои е изложена кожата т.н. тактилни дразби: втиња нурнат, кално дно, врз стрмен камен сиот долина, катран клет, смолест дол и слично.
Од овие примери може да се види дека Данте во текстот на Пеколот, употребува зборови во кои се спротивставени значењата на жештината и студот. И двете дразби на човековата кожа кога ќе се осетат се страшни уништувачки, а во Пеколот нема ништо друго само жештина и студ кои со својата спротивност му даваат посебен естетски ефект на самиот текст.
Убавината на текстот на Данте и богатството се стилските фигури: компарациите, метафорите и метонимите.
Посебно семоќта на бога е потенцирана со метонимија, во која бог е именуван како оној кој се што сака, тогаш може се.
Во пеколот карактеристично е што во овој еп е упатена пофалба до Вергилиј кој е скапоцениот водич низ страшните предели на пеколот кое е толкувач на стравовите што ќе ги види Данте како присутен раскажувач – наратор, кој без Вергилиј не би можел да ги види нештата што ги опишал во своето дело.
Со еден збор кога се чита делото на Данте треба длабоко да се навлезе во неговата уметничка страна за да се разбере.
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
ЈАс само ке ги кажам двата стиха шо според мене ја карактеризират книгата . А богме заприметвам дека никој не ги спомнал :

„Секаква надеж оставете тука “

„И видов звезди “

Најдете кај се во книгата и што има околу нив .. и целата книга е јасна .
 
Член од
23 јануари 2008
Мислења
79
Поени од реакции
1
ај пастирај тука хехе.
само да ти кажам дека ако си навикната да читаш и сакаш да го опипаш неговиот стил читај.ако не едноставно нека ти ја раскажат:pos2:
 
Член од
26 октомври 2009
Мислења
9
Поени од реакции
0
Dali ke mozi nekoj da mi prati sostav za Pekolot? Barem voveden del? Ke ve molam po PP~ fala odnapred~
 

TurboCharger

КарамбатА
Член од
17 јули 2009
Мислења
398
Поени од реакции
14
и мене ако може некој да му прати по ПП есеј „Слика на/за пеколот“
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Сега ја читам цела Боженствена Комедија, многу многу многу споро. Се согласувам со тие што кажаа дека само така може да се разбере, ако ја прочитате како весник многу грешите и во многу поголема збунетост ќе бидете. Иако не сум ја прочитал на италијански во оригинал можам да претпоставам дека Георги Сталев направил баш препев каков што и доликувa на делото сосе вокабулар, рима и сите стилски фигури што треба да се опфатени, наместо прост и јасен превод што би бил полесен за читање ама се губи на автентичност. Ако ја имате за тест најдобар хинт би бил да уште од одма да пишувате од страна поделеноста на круговите, во кој круг кои грешници се, и која е казната. Седмиот, осмиот и деветиот круг се поделени на подкругови и често човек може да се збрка ако не води евиденција. За подобро разбирање не е лошо да прочитате кратка биографија за Данте како и историските прилики во тоа време затоа што се спомнуваат конкретни имиња и настани од тоа време кои не ви значат ништо иако професионално самиот препев си има фусноти со објаснување на истите. Инаку книгата е крајно субјективна, Данте сам одредувал кој каде припаѓа почнувајќи од идеалот и платонската љубов на Данте-Беатриче која што може била и најрасипана as far as we know, па се до останатите. Личните ставови на Данте, неговата политичка припадност, и неговите симпатии и несимпатии спрема предметите, појавите и процесите од тоа време се рефлектирани и во самата книга. Ако ја земете како литературно дело тогаш е ремек-дело, ако се земе како историско (што не ретко се случувало кај литературните дела пр. Балзак, Толстој и многу други) тогаш е не баш меродавно. Дефинитивно вреди да се прочита, сепак Данте е првиот фотон на литературна светлина после темната доба на средновековието од 10+ векови каде што литературата била исклучиво религиозна.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Баш неделава ја имам за писмена работа..
И не е до толку нејасна книгата како што зборите пола од тука..
Ја имам прочитано скоро цела,и 90% ми е јасна..
Многу убаво дело.Нека не ве мрзи да ја прочитате(зборам за децата од моја возраст 16 год :icon_lol:).И ја не сум многу многу по книгите,али за нешто што е ВРВ да речам,немам зборови.И уште една работа: Боженствената комедија е составена од 100 песни поделени на три дела:Пекол,Чистилиште и Рај.Во секој дел има по 33 песни,а стотата песна е уствари ПРВАТА и претставува вовед во
Боженствената комедија.

"Поемата по своите квалитети има две значења-Буквално и Алегорично!Во буквалното значење дадена е слика-визија на задгропниот живот,онаков каков што го замислувал средновековниот човек.Алегоричното значење има повеќе толкувања:морално-филозовско,опшествено-политичко и биографско."
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Знае некој каде може да се најде на италијански целата Божествена комедија?
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
Баш неделава ја имам за писмена работа..
И не е до толку нејасна книгата како што зборите пола од тука..
Ја имам прочитано скоро цела,и 90% ми е јасна..
Многу убаво дело.Нека не ве мрзи да ја прочитате(зборам за децата од моја возраст 16 год :icon_lol:).И ја не сум многу многу по книгите,али за нешто што е ВРВ да речам,немам зборови.И уште една работа: Боженствената комедија е составена од 100 песни поделени на три дела:Пекол,Чистилиште и Рај.Во секој дел има по 33 песни,а стотата песна е уствари ПРВАТА и претставува вовед во
Боженствената комедија.

"Поемата по своите квалитети има две значења-Буквално и Алегорично!Во буквалното значење дадена е слика-визија на задгропниот живот,онаков каков што го замислувал средновековниот човек.Алегоричното значење има повеќе толкувања:морално-филозовско,опшествено-политичко и биографско."
a mozhe li nekoj da gu napishe vovednata pesna ? :))
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Часот на кој го обработувавме Пеколот ми е најинтересен до сега! :)
Според мислењето на моите мили ем драги соученици јас имам резервирано место во Центарот на пеколот заедно со сите други гневни човечиња:)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
a mozhe li nekoj da gu napishe vovednata pesna ? :))
Воведна песна

На средина од мојот живот земен
го изгубив јас така својот пат:
се најдов в шума сам, сред густеж темен.

А таа шума, дива, чуден кат,
зарастена во трње, в буеж сета,
сред срце раѓа спомен, страв и лад.

Погорчлива одвај е смртта клета!
Но, за блаженството што сум го пил,
ќе раскажам за сè што таму сретнав.

А како, кога патот ми се скрил,
јас не знам, ништо не можам да речам:
Од сонот мора пијан да сум бил.

Подножјето штом почнав да го сечам,
во срцето го сетив стравот сал,
и пред да почнам по рид да се влечам.

Јас кренав поглед, видов: сонце-ал
огреало во таа рана зора
врз плеќите на ридот стрмен мал.

Па здивна душа, иако бев в гора...
А стравот, што во крвта стана мраз
во ноќта, - сетив како топи кора.

И како патник што во еден час
- од бура спасен - гледа в далги бесни
со кои водел бој за својот спас, -

се запре духов мој. Врз спили тесни,
од кои демне само грозна смрт
а човек стапна, - кренав очи лесни.

Одвај од снага фрлив камен тврд
и штом на стравот крајот му го видов
- зачекорив по пуст и стрмен срт.

Сал чекор-два: одненадеж под ридот
се јави пантер: шарен, стрвост полн;
а брз, и не ме испушта од видот...

Од пред очи не се мавна тој, зол.
Ми пречеше, на патот ми се згоди.
Многупати си реков: назад в дол!

Се зореше. И сонцето се роди,
капејќи ѕвезди ко во денот прв,
во кој за првпат почна да ги води

со божја љубов, за да стигнат врв.
Тој нежен час, и она мило цвеќе,
ми влеа надеж: ѕверон, жеден крв,

не ме следи со стрвост таква веќе!
За кратко. Одеднаш во овој крај
се најде лав: ми пројде сета среќа!

Пак страв сред срце почна да се таи.
Од гладот мачен - поглед див ме сретна
и воздухот се стресе и се стаи.

„И волчица“! - Во умов мисла летна.
Исушена од злоба и од жед,
јас видов кога в очи жар и светна.

А расплакал и тој ѕвер многу свет.
Во мене поглед страшно беше впила.
Да тргнам горе смелост собрав, клет,

но ниту надеж остана, ни сила.
Ко трговец што чука глава в ѕид
(галијата ја скрши морска спила!)

се мрачи сè пред очниот му вид, -
ме стресе така ѕверон и ме столчи,
следејќи ме од оној стрмен рид

во катон кај што сонцето си молчи.
Бегајќи јас низ рид пред ѕвера три,
пред Лав, пред Пантер и пред поглед волчи,

- пред мене човек никна чии дни
изгаснале пред не знам колку века.
„Смилувај се, па кои и да си ти,

- му викнав, - призрак или човек некој!“
„Јас не сум жив, но бев. - Чув слаб глас мек, -
од Мантова, од познат род на секој,

Ломбардиец, од оној славен век
Sub Julio et Август, кога светов,
тој век, на лажни божества бил век.

Поет јас бев. Во песни јас го сплетов
на Анзис синот, којшто Илион
го напушти сред чад со срце клето.

Што се враќаш при маките со стон
и не врвиш по ридот?“ - Потем рече:
„На радост извор, причина е он“.

„Вергилиј, ти си? Оној певец вечен
од чие срце блика извор стар
од речитост!“ - И сетив: срам ме пече.

„За кој поет ти не си светлост, жар?
За мојта љубов спрема твојте стихој
- награди ме и подај рака бар!

Ги учев нив и минел живот тихо,
Па ако стилот мој и внушил сласт
- заслугата е твоја и на твојте стихој.

Ме врати, гледај, оној ѕвер тој час.
О, мудар мажу: в гради срце зајде,
ми мрзнат жили, сам во нивна власт“.

„За спас од злото диво што те снајде
- Вергилиј рече штом ме виде блед -
по друг пат тргни, таму спас ќе најдеш.

Тој ѕвер што сторил маж од тебе клет
не остава да стапнат луѓе живи,
до смрт ги гони тој во овој свет.

По жртви кутри искрат очи диви
и нова крв му мами дрско стрв
што само уште повеќе го здиви.

Со други ѕверки тој се пцука прв.
Соблазнува. Но тука ќе се стори
нов пес, од волкот што ќе локне крв.

За пари, земја нема да се бори;
се храни тој со мудрост, занес врел,
и меѓу Фелтра два свој дом ќе твори.

Ќе светне над Италија ден бел
(за која падна невина Камила,
Евријал, Низ и Турн, тој пород смел).

Тој ѕверов ќе го прогони со сила
сè дури не го врати среде Ал
од кај што завист водач прв му била.

Би било добро ти, по перо брат,
да тргнеш по мене, а не да стоиш:
ќе видиш така еден вечен кат.

Длабочини ќе минеме, во кои
ќе чуеш само очај, горчлив плач,
и кај што духот горд за злини свои

во смртта нова сега бара слач.
Не еден, ти ќе видиш, што се бори
со надеж: в оган бара светол лач!

Ќе посакаш ли да се качиш горе
- подостојна ќе дојде душа, знам,
со која ќе те пуштам таму в зори.

Јас - дотаму. Бидејќи Царот сам
не ги пушта во градот Негов тие
што со мене се. Не знам божји храм.

А Кралството во тој кат Му се крие,
палатите и власта, тронот свет...
Кој одбран е тој блаженство ќе пие!“

„Поете, - реков, - гледаш, твој сум сет!
Но, жити бога (којшто не те сака)
избави ме од злото, мене клет:

доведи ме до таа светлост јака
пред портите на Свети Петар сед
и кај што души трпат јад и мака!“

Тој тргна тихо. И јас тргнав блед.



Што се однесува до целокупното дело „Божествена комедија“ како што и многумина погоре кажаа, се работи за комплексно дело со милион скриени пораки значења и испреплетени метафори.

Во „Божествена комедија“ Данте е присутен како лик кој го раскажува доживеаното. Тој потенцира дека сè што раскажува видел со свои очи, а тоа е суштински белег на жанрот видение т.е визија кој бил популарен во средновековната литература. Таа присутност на нараторот ја потенцира вистинитоста на раскажаното.

Тоа што Данте инсистира врз тактилните, непријатни дразби не е случајно бидејќи душите во „Пеколот“ се голи, кожата е незаштитена и дразбите се уште пострашни. Освен студот и жештината таму нема ништо друго, тие со својата опозитност го зголемуваат естетскиот ефект на текстот. Убавината на текстот на Данте ја прави богатството од стилски средства кои тој невидливо ги комбинира, па текстот е богат во таа испреплетеност на споредбите, метафорите, метонимиите... Во широкиот аресенал стравотии Данте опишува и две страшни сцени на метаморфози (преобразби) за кои имал примери од античката литература (конкретно кај Овидиј) кои имаат една реалистична грозоморност на пример преобразба од пепел во човек и обратно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom