Педофилија

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Има друг термин до 12(или до 14) години е педофилија ,Ephebophilia не ми текнува превод е од 15 - 19.
Јас ги ставам и едните и другите во ист кош секој што злоупотребува деца заслужува најсурова казна.
Ако ги злоупотребува..
По најновите европски закони токму зборовите подведува и злоупотребува се спорни. Не можеш за секој да кажеш дека под 18 години е незрел..
Еве малку "радост" и за педофилите:

Шокантна пресуда: Ослободиле педофил бидејќи девојчето го сака

60 –годишен Италијанец кој е осуден на пет години затвор заради сексуална врска со 11 годишно девојче е ослободен од казната откако младата жртва на злоставувањето пред судот изјавила дека е вљубена во него и дека сака да бидат заедно. Затоа судиите донеле одлука дека тие биле во романтична врска, па наложиле обвинението да биде поништено!!!




Италијанските медиуми пренесуваат дека педофилот е социјален работник, кој живее и работи на југот од Италија. Девојчето наводно поради лошата животна ситуација му било доверено нему, да се грижи за неа, што тој брутално го искористил. Полицијата поради пријава извршила рација во неговата викенд куќа на море и при акцијата ги затекнала него и 11 – годишното девојче в кревет.

Човекот на суд бил прогласен за виновен за сексуално злоставување на малолетничка и осуден на пет години затвор, но таа одлука била повлечена бидејќи италијанскиот суд проценил дека станува збор за љубовен однос, а не за принуда.

Следно е најверојатно инцест без право на потомство.. Оти се сакаат.:facepalm:

Инаку, има доста девојчиња на 16/17 години што не би рекол дека се несвесни и незрели за она што го прават.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
@karan

Секој со своите размислувања, според мене не постои човек што е зрел под 21 година.
Друго нешто постојат степени на зрелост и отприлика се движат вака :

На 15 години отприлика стануваш свесен за околината и мислиш дека се знаеш.

На 21 година сваќаш дека не знаеш колку што си мислел дека знаеш.

И некаде на 28 години сваќаш дека ништо не знаеш.

Едноставно без разлика колку високо IQ има особата без животно искуство никогаш не може да биде навистина зрела па поради тоа сметам дека е високо неверојатно особа на 15-16 години да биде зрела или во најекстремен случај бројот на таквите индивидуи е толку мал што е статистички нерелевантен.

За жал постојат доста особи кои никогаш не созреваат и вечито се останати на првата или втората фаза зошто е тоа така во друга тема.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
@Klina Vorn

Мешаш термини. Едно е кога можеш да имаш секс, а сосем друго е кога треба да имаш секс.
Извини може и да грешам ама според текстов мене ми делуваш како во моментов да имаш 15-16 години.

Она што го велам јас нема врска дали си open-minded и не ми поентата да дискутираме за правилно или погрешно тоа секогаш зависи од перспективата и од плус неколку други причини.

Според мене во тинејџерските години од повеќе причини не може да се размислува логично, како на пример недостаток на информации, недостаток на искуство, наплив на емоции како на резултат на хормони и можеби уште неколку што моментално не ми текнуваат и затоа сметам дека особите во тој ранлив период не се способни за рационални одлуки.

Понатаму. Не сметам дека е погрешно постара особа да има секс(или било што) со помлада се додека помладата има 21+ година во општ случај.(На пример 50 со 21 мислам дека е ок, но 25 со 15 мислам дека не ок)

Се надевам ми ја следиш логиката на размислување. Проблемот кај особите под 21 година е што сеуште не се ни на половина пат да изградат карактер и доста често се каат за одлуките во тој период.

И за крај не гледам баш некоја поента 40 годишен маж/жена да иде со 16/17 момче девојка.
Искрено можам до утре да образложувам зошто не, но проблемот е што нема зошто да.

Некој ќе каже љубов?
Која пуста љубов на база на што доверба? заеднички интереси на личности кои се родени во различни времиња?

Страст?
Можеби, но дали е толку проблем кон особа на твоја возраст да ја насочиш таа енергија.

П.С Тоа што ти или јас на моменти сме почуствувале привлечност кон помлада особа не значи ама баш ништо. Можеби во коренот потекнуваме од животните и тие нагони нема никогаш да исчезнат, но тоа не значи да скокнеме на се што се движи и да клецаме се што има задник.
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
882
Поени од реакции
923
Што правиме со случаеви кога момчето е на 19 год а девојчето на 16-17 ?
Се смета ли тоа за педофилија?
Имало такви случаеви кога се осудени за педофилија иако разликата во години е помала од 2-3 години.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Скопски педофил имал секс со малолетнички и објавувал слики на Фејсбук


Триесет и четиригодишен скопјанец со педофилски афинитети на социјалнта мрежа Фејсбук постирал слики со детска порнографија.

Скопјанецот Т.Ч. на профилот Tonyy Montana објавувал слики од сексуални односи кои ги имал со малолетни девојчиња.

Случајот бил откриен откако на 3-ти овој месец, педофилот објавил слики со експлицитна содржина на профилот, а потоа истите му ги пратил на својот малолетен син во порака на социјалната мрежа од профил потпишан како Skrseno srce.

Родителите на малолетничката која е на сликите го пријавиле случајот, по што против Т.Ч. е поднесена кривична пријава.

Неговиот компјутер, мобилни телефони и поголем број ЦД-а се одземени и предадени на понатамошно истражувања, бидејќи полицијата се сомнева дека пријавениот во повеќе наврати имал сексуални односи со малолетнички кои ги фотографирал.

МВР апелира доколку некои родители забележат дека на фејсбук профилите на нивните деца биле забележани пораки од посочените профили, истите да го пријават случајот во најблиската полициска станица.

http://lider.mk/2014/03/11/skopski-pedofil-imal-seks-so-maloletniciki-i-objavuval-sliki-na-fejsbuk/


Сите оние кои имате деца, внуци, братучеди кои се сеуште деца, а се плеткаат по фб сакајќи да играат игри или да си пишуваат со другарчињата, еден апел до вас да ги надгледувате со кого и што пишуваат. Има толку педофили по интернет страните, толку запечени створења за кои годините ни најмалку не се битни.
Една порака до педофилите: Се воведе хемиска кастрација во Македонија али и таа е премалку. За вас само смртна казна!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
А зошто и во весниците и за овој и за друг случај не се кажуваат имињата туку тч мч...нели е со педофилски афинитети, нели постоеше база со јавни податоци. Зошто сега ги кријат
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А зошто и во весниците и за овој и за друг случај не се кажуваат имињата туку тч мч...нели е со педофилски афинитети, нели постоеше база со јавни податоци. Зошто сега ги кријат
Добро прашање, незнам оти го кријат. Ваљда оти не е осуден до сега, сеуште е само обвинет.
Треба со слика име и презиме на билборд да се вртат кај Ацета.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Додека не го осудат не смеат поради проклетите закони.

Единствено од ова во животот ми се превртува утробата. Тешко на тие родители.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.312
Поени од реакции
3.699
За типот се знае што треба ама и за родителите на дотичните што после е.... /сликање се жалеле треба малку воспитни...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
Јас како што знам на фб е забрането да се објавуваат и праќаат порнографски слики.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.447
Поени од реакции
39.075
Што правиме со случаеви кога момчето е на 19 год а девојчето на 16-17 ?
Се смета ли тоа за педофилија?
Имало такви случаеви кога се осудени за педофилија иако разликата во години е помала од 2-3 години.
Секако дека не. Познавам парови девојчето 16-17 години , машкото 24-25 па ништо.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.638
Поени од реакции
31.857
Затворот уште нема дадено одговор за тоа како треба со педофилите. Во ранг листата на затвореници, тие се на најниско ниво и често мачени и злоставувани од останати затвореници бидејќи на нив се гледа со презир, но пак истата катара се кога ќе излезат. Дали хемиската кастрација ќе го реши проблемот или смртна казна на истите? За второво јас не сум, но познавам голем број кои би ја поддржале кога станува збор за педофилија. Од тоа што учев уште нема некоја цврста констатација дали истата е болест или пореметување, ги имаш теории и за едниот и за другиот вид.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.312
Поени од реакции
3.699
Секако дека не. Познавам парови девојчето 16-17 години , машкото 24-25 па ништо.
Арно ама верувам тие си се парови а ако станале непар односно се разделиле таа може да го пријави и овај ако има докази го однесе матната, посебно ако таа зака да раскинат а тој ја замара...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom