Регистер за педофили на РМ
Конечно, долгонајавуваниот веб сајт е достапен за јавноста. Иако со огромен број недостатоци, сепак содржи доволно информации за педофилите. Реално јас не ја разбирам поентата од потребата за нешто вакво. Што ќе се постигне со тоа што овие лица ќе бидат достапни за јавноста? Ќе пробаме да ги заштитиме децата од оние кои еден ден ќе излезат од затвор? Колку педофили шетаат слободни и можеби никогаш нема да се најдат на овој сајт... Сите сме согласни дека станува збор за болест, но наместо да навлеземе во суштината која доведува до појава на таа болест, ние ги осудуваме и затвараме на по неколку години педофилите. Не станува збор за влевање страв кај нив за да не го направат истото дело по излегување. Или пак педофилите на слобода ќе се уплашат да не бидат откриени. Чинот на секс со малолетник е далеку од свесен... Тој што ќе злоупотреби dете денeс, ќе злоупотреби повторно, бeз разлика дали ќе лежи 10 години затвор. Исто е и со ставот за кастрација. Ќе го кастрираш Петко, ама Станко ќе оперира слободно. Не е ова проблем кој некогаш ќе може да се истреби. Тврдам дека никогаш нема да успееме како цивилизација да ја отстраниме оваа аномалија! Никогаш!
Исто така, јас не сакам да верувам дека сите кои секојдневно ги црнат по телвизија се педофили. Нема логика во една мала држава како Македонија секојдневно да има по еден случај на педофилија. Медиумите, а и полицијата имаат тотално лош пристап. Доколку некој родител пријави дека неговото дете било пипкано на интимни места од возрасен маж, тогаш името на тој маж веднаш се изнесува во јавност. Чекајте малку... може тоа дете лаже, може и родителот лаже! Треба ли да помине определна постапка пред да се изнесат во јавност лични податоци за осомничениот. Вака во старт му е црни името, а може да биде ослободен од притвор по неколку часа... Да не се разбереме погрешно, не оправдувам педофилија ниту во еден случај, ама барем малку професионалност при известување нека им... Човек уплав да го фати кога ќе чуе дека секојдневно има случај на злоупотреба на дете во Македонија..