Пауло Коељо

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Коељо е бизнисмен и знае што и треба на денешнава mediocre маса. Ниту повеќе ниту помалку. Знае како да се доближи со едноставни описи и квази-псеудо-филозофски мисли, и народов паѓа.
Точно.

Ноуп, фантазија е Хари Потер па види што направи. Едноставно, за успех во денешно време треба многу повеќе од умешност. Треба маркетинг, треба среќа, треба да се погоди...
Хари Потер се детски книги. Без навреда - буквално се наменети за деца(крајна граница до 18 години). Не велам дека не можат и повозрасни да не уживат во нив ако веќе не знаат за друго, но тоа е што е. Е сега, огромен број од децата започнуваат да читат со книги како Хари Потер серијалот што значи огромна заработка за писателот.
 
Член од
5 април 2009
Мислења
874
Поени од реакции
75
Тој е човек кој на книгата и дава живот.Некоја магија која не те остава рамнодушен,тоа се дела полни со живот кои ме тераат да читам уште и уште!Ретка длабочина која ќе те натера да се замислиш и да разбереш дека нештата за кои цел живот мечтаеш се пред тебе и дека малку фали да бидеш среќен!Од одредена причина можеби ми се допаѓа тоа што во него се гледам себеси.Можеби звучи смешно но јас така тоа го чувствувам читајќи го и нормално е кога читате книга таму некаде себеси да се препознаете.Половината ако не и сите дела раскажуваат за неговите чувства во текот на неговиот живот.Ги немам сите негови дела прочитано и не можам да тврдам за сите ....
Како што и самиот рекол-Писателите секогаш носат наочари и никогаш не ја чешлаат косата" и нивна должност и нивна обврска е никогаш да не биде сватени од својата генерација ".
Можеби тоа е причината поради која многу луѓе неговите дела ги сметаат за апсурдни или делумно комерцијални !Сепак,се работи за различни вкусови!
Вероника реши да умре е практично негова психолошка автобиографија за она што му се случува на 17-годишна возраст.
Неговите дела се едно огромно ботаство од цитати а дефинитивно ми оставил најголем впечаток следниов-Зар и со приближување на смртта не научи ништо?Немој сето време да си мислиш дека предизвикуваш незгоди и дека им пречиш на другите.Ако некому не му одговара твоето друштво,самиот ќе си каже,а ако нема смелост да го направи тоа,тогаш тоа е негов проблем!
Коелјо е идеалист,романтичар во душа.Можеби ја нема дарбата за префинета медитација во пишувањето како одредени автори,но сведочи за идниот голем раскажувач.И покрај проблемите и предизвиците од животот интелектуално и естетски е совршено оформен.Галерија од човечки карактери,болката,среќата,страдањата,доблестите,воздишките се само дел од неговите дела!Интересен е фактот дека еден маж пишува за чувствата на една жена со една голема прецизност.Коелјо е задушен од душевната борба и големите страдања!Неговите дела се несекојдневен предизвик..Тоа се зборови кои дават јасна слика за секојдневниот живот и убавите нешта кои се околу нас,но ние не ги гледаме.

Како што рекле-Вистината за Коелјо не лежи во неговата способност да раскажува за она што го гледа, туку во неговата дарба да се претвори во невидилив, што воедно преставува причина плус зошто читателите неговите книги ги читаат со цело срце.
(ЗА МЕНЕ)!Јас така го доживувам

Уште еден извадок на кој делумно заплакав-
Јас не сум тело кое има душа, јас сум душа која има свој видлив облик,наречен тело.Сите овие денови таа душа беше присутна но не ме прекоруваше,не ме сожалуваше, само ме набљудуваше.Денес сфатив зошто тоа се случува.Одамна не помислувам на она што се вика љубов...изгледа дека љубовта бега од мене како веќе да не е важна...се чувствува како да не е добредојдена...но ако престанам да размислувам за љубов-нема да бидам ништо
Оние кои ми ја допреа душата не можеа да го допрат моето тело,а оние кои ми го допреа телото не успеаа да ја спасат мојата душа.
 

milky

битолчанка
Член од
20 август 2009
Мислења
39
Поени од реакции
2
najdobar pisatel koeljo bidejki koga ke pocnes da citas negova kniga nema sansi da ja ostavis nedoprocitana sekoj sloboden moment kego koristis za knigata koj ne verva neka proba :toe:
 
I

Intex

Гостин
Најпреценет автор на денешницата. Фала, чао, пријатно!
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Скоро сите книги му ги имам прочитано, многу го сакам човекот, начинот на кој размислува и се изразува преку посебниот стил. И од секоја негова книга се извлекува поука преку прекрасните цитати. Омилени книги: Единаесет Минути, Алхемичарот, Захир, Скитникот Мактуб, Вештицата од Портобело и др. Единствено Победникот е сам не ми се допадна...почнав да ја читам и некако пренатрупана ми беше со ликови, изгубив интерес и ја оставив. А другите се 10/10.
 
E

elena.

Гостин
Ги имам прочитано „11 Минути“, „Алхемичарот“ и „Вероника Реши Да Умре“. Од овие најмногу ми се допадна „11 Минути“, и другите две се добри, меѓутоа сметам дека се малку преценети. А исто и некако на сите во последно време им е омилен писател, „Алхемичарот“ им е омилена книга и слично. Хмм...
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Од Коелјо ги имам читано Алхемичарот, 11 минути, Деневнокот на еден волшебник и Вероника реши да умре и ми се доволни. За Коелјо би кажала дека е просечен автор, но многу преценет има далеку многу подобри од него, кои за жал не се толку ценети.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
603
Поени од реакции
1.807
Еден од најдобрите писатели дефинитивно. Алхемичарот и Вероника реши да умре најдобри :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Првин да кажам што мислам за него - Попреценет автор НЕМА!


Второ кога веќе се збори за него, една симболика од извадок од неговата најхитовска книга - Алхемичарот. Сантијаго овчарот им чита на овците. Сантијаго е Коељо али кои се овците? Тие што верно го слушаат/читаат.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.072
Jас што имам читано последно од него беше чинам "11 минути". И фина беше. Aма само фина..
Женска ми е фан, па што е нејзино и мое е, или обратно беше.. незнам, битно мора да ми се допаѓа. :icon_lol:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Алхемичарот е убава книга со добра симболика и е одлична за помлада возраст. Тоа е најдоброто од него. Штета што книгава стана омилена книга и на манекенките и на цела македонска џет сет естрада па целосно ја обезвреднија....
Се останато е едно те исто на милион начини извртено. Јас досега полоша книга од Захир немам прочитано, не знам ни со кои сили ја дочитав. Валда дека бев помлада па некако полесно голтав такви литературни глупости.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
На чколија да ве учеа колку “длабок“,“префинет“,“значаен“ и “мислител“ е дотичниот г-дин Куељу...ќе беше интересно...
Па макар и ако Хозе Аркадио ми бил татко и син истовремено на Хозе Аурелиано и се појавил како заборавен син на Амаранта која уствари му била свекрва на сватот на Хозе Аурелиано помладиот кој го нашол наведениот Хозе Аркадио во некој ендек и го посвоил...

Everything is consensus reality.
Pity that some of it needs enforcement...:tv:
 
Член од
25 август 2010
Мислења
179
Поени од реакции
23
Приметив дека на повеќето Коељо им е омилен писател,како и на мене..
- Што е тоа што привлекува во неговите книги ??
- По што е различен ?
- Која книга мислите дека е најдобрата од него? Зошто?
- Некои цитати од неговите книги кои го привлекле вашето внимание,и ги паметите или пак се одржувате според нив (пишете)


Тоа мене што ме привлекува во неговите книги е што е просто кажано може секој да го сфати , те тера да продолжиш да читаш (те држи во неизвесност),нема досадни моменти.. ( а не како ог мандино.. пола книга читаш уште две работи не се случиле.. има исклучот како "најголемиот трговец на светот" ама има некои многу тапа )
- Потоа помага во "играта на животот" .. има многу за читање меѓу редови..

Мене омилена книга ми е "Дневникот на еден волшебник"
поради сето тоа што го набројав горе,како највеќе застапено..
иако и сите други му се добри.

цитати.. па ги имав многу ги запишував ама сега за сега само неколку ќе пишам :

"човекот има два големи проблема: Едниот е да знае кога да почне а вториот кога да запре"

"Се што ќе се случи два пати , мора да има и трет"

"Кога ќе посакаш нешто, целата вселена ќе скрои заговор за да ти се исполни таа желба..."

"постојам само јас а се околу мене е моја претстава"

"тоа што очите не го гледаат, срцето не го чувствува"
итн итн..

сега вие сте на ред:)
А вежбите си ги направил што ги пишува во книгата??Ја ги напраив откако ја прочитав книгата Паоло коелјо е мојот омилен автор а Дневникот на еден волшебник е книга која ми го смени животот и поради што ке му бидам вечно бладогдарен Книгата е наменета за себеспознавање и будење на својата боженствена страна Будење на богот во себе и поврзување со повисока интелегенција,топло ја препоорачувам книгата и вежбите кој се опишани во нејзе на секој кој сака да го промени својот живот и да го реализира својот животен сон.

--- надополнето ---

продава евтина поп психологија како лимонада: "сакај за да бидеш сакан" бла бла бла...

пробајте го Кундера, Маркез, малце суров реализам, во каков што и живееме, нели....
Зависи кој во што живее секој си ја креира својата реалност ,what we think we become-Буда па сеа види вака суров реализам сурова реалност,но има некој што у таа сурова реалност успева ,живее живот исполнет со срека,животна радост и љубов,колку повеке дава толку повеке добива епа размисли малку што даваш што добиваш.Не викам дека не продава евтина психологија но продава чиста вистина која е предобра за во нејзе да поверуваат ,разочараните и огорчени луге кој реалноста која сами си ја создале почнала да ја убива и гори нивната душа.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
А вежбите си ги направил што ги пишува во книгата??Ја ги напраив откако ја прочитав книгата Паоло коелјо е мојот омилен автор а Дневникот на еден волшебник е книга која ми го смени животот и поради што ке му бидам вечно бладогдарен Книгата е наменета за себеспознавање и будење на својата боженствена страна Будење на богот во себе и поврзување со повисока интелегенција,топло ја препоорачувам книгата и вежбите кој се опишани во нејзе на секој кој сака да го промени својот живот и да го реализира својот животен сон.

--- надополнето ---


Зависи кој во што живее секој си ја креира својата реалност ,what we think we become-Буда па сеа види вака суров реализам сурова реалност,но има некој што у таа сурова реалност успева ,живее живот исполнет со срека,животна радост и љубов,колку повеке дава толку повеке добива епа размисли малку што даваш што добиваш.Не викам дека не продава евтина психологија но продава чиста вистина која е предобра за во нејзе да поверуваат ,разочараните и огорчени луге кој реалноста која сами си ја создале почнала да ја убива и гори нивната душа.
Amen! :salut:

Убедливо една од подобрите книги за себеспознавање.Кој сака нека јаде гомна, Коељо одлично го прикажа животот во таа книга и начинот и погледите кон тој внатрешен свет. Одлична мешавина помеѓу Будизам и Христијанството.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
А вежбите си ги направил што ги пишува во книгата??Ја ги напраив откако ја прочитав книгата Паоло коелјо е мојот омилен автор а Дневникот на еден волшебник е книга која ми го смени животот и поради што ке му бидам вечно бладогдарен Книгата е наменета за себеспознавање и будење на својата боженствена страна Будење на богот во себе и поврзување со повисока интелегенција,топло ја препоорачувам книгата и вежбите кој се опишани во нејзе на секој кој сака да го промени својот живот и да го реализира својот животен сон.

--- надополнето ---


Зависи кој во што живее секој си ја креира својата реалност ,what we think we become-Буда па сеа види вака суров реализам сурова реалност,но има некој што у таа сурова реалност успева ,живее живот исполнет со срека,животна радост и љубов,колку повеке дава толку повеке добива епа размисли малку што даваш што добиваш.Не викам дека не продава евтина психологија но продава чиста вистина која е предобра за во нејзе да поверуваат ,разочараните и огорчени луге кој реалноста која сами си ја создале почнала да ја убива и гори нивната душа.
иако ова беше пред многу години, ми остана во сеќавање вежбата кога замислуваш дека си мртов сам под некое дрво во некое тивко место. Не ми текнува многу детали ама знам дека вежбата ме свестуваше и ме будеше да живеам во моментот и да не ги пропуштам секојдневните шанси кои механички ги пропуштаме. И да направиме работи кои секогаш ги одложуваме за "боље" времиња. После имаше една да зборуваш со внатрешниот глас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom