Пауло Коељо

Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Приметив дека на повеќето Коељо им е омилен писател,како и на мене..
- Што е тоа што привлекува во неговите книги ??
- По што е различен ?
- Која книга мислите дека е најдобрата од него? Зошто?
- Некои цитати од неговите книги кои го привлекле вашето внимание,и ги паметите или пак се одржувате според нив (пишете)


Тоа мене што ме привлекува во неговите книги е што е просто кажано може секој да го сфати , те тера да продолжиш да читаш (те држи во неизвесност),нема досадни моменти.. ( а не како ог мандино.. пола книга читаш уште две работи не се случиле.. има исклучот како "најголемиот трговец на светот" ама има некои многу тапа )
- Потоа помага во "играта на животот" .. има многу за читање меѓу редови..

Мене омилена книга ми е "Дневникот на еден волшебник"
поради сето тоа што го набројав горе,како највеќе застапено..
иако и сите други му се добри.

цитати.. па ги имав многу ги запишував ама сега за сега само неколку ќе пишам :

"човекот има два големи проблема: Едниот е да знае кога да почне а вториот кога да запре"

"Се што ќе се случи два пати , мора да има и трет"

"Кога ќе посакаш нешто, целата вселена ќе скрои заговор за да ти се исполни таа желба..."

"постојам само јас а се околу мене е моја претстава"

"тоа што очите не го гледаат, срцето не го чувствува"
итн итн..

сега вие сте на ред:)
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Незнам каде си успеал да го приметиш фактов за фановите на Коељо присутни на форумов...баш обратната ситуација ја имаме. :)
Но нема врска.
Еве јас прва ќе коментирам, иако не го мирисам многу.
Коељо има одредени добри поенти, кои најчесто ги искажува фасцинирачки патетично или преку приказни кои се смислени да бидат добра почва за градење популарност.
Повеќе сакам да читам помалку познати автори, кои многу поквалитетно и помудро ги обработиле истите тематики.
Моето мислење за него е нешто како она кое го имам за Ден Браун; добро му иде во популаризирање на идеи кои инаку минат незабележани од масовното внимание, кога се изложени од автори кои се зафатиле со нивно опишување на подлабок и скоро несфатлив начин за оние кои сакаат да читаат лесни редови.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Коелјо како еден од најуспешните автори на современата литература, во сите свои дела разработува теми на патетика, болка, бегање од реалниот свет, како и многу други елементи кои се всушност белези на романтизмот. Во неговите дела секогаш има слична приказна, но секоја приказна со себе носи одредена мистерија.

"Се што ќе се случи два пати , мора да има и трет"--->Ова иако е една од најупотребуваните реченици на Коелјо, секогаш кога имам можност ја применувам, а и ми се докажало како вистина.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
коелјо има нешто во своите книги што не те остава рамнодушен одкако ке прочиташ половина книга или појке... те тера да размислиш....
добро ги обработува тематиките се гледа по неговото опишување... (можи јас неам прочитано други )....
омилена- вероника реши да умре, (алхемичарот) (сега ја читам 11 минути ама не вервам дека е нешто посебно).
дефинитивно ми го смена мислењето... се... ме помрднав од место :):)...

"На едно предавање на некој професор(кои инаку бил многу значаен) дошле повеќе од илјада луѓе.Предавањето било закажено за во 14:00 часот,но професорот дошол дури во 18:00 по цели изминати 4 часа.За тоа време си отишле половина и повеќе луге.Меѓутоа кога тој се појавил бил во пијана состојба,при што било повод да си заминат уште луѓе,и останале само 100-тина.Професорот почнал да и зборува секакви нешта на една убава девојка,и по таа случка тој паднал наземи и така останал.По тоа заминале уште многу луѓе,од кои останале само 9-мина.Тогаш професорот станал и рекол:Вие ги положивте двата најтешки испита:Трпение и храброст,вие заслужувате да ме слушате."

‘Секој од нас живее во сопствен свет,но ако погледнеш во ѕвезденото небо ќе видиш дека сите далечни светови се поврзани,формирајќи созвездија,сончеви системи,галаксии...‘

‘Биди како извор што претекува,а не како корито во кое водата е секогаш една иста‘.

Иако неговите книги се читаат ,, во еден здив,, има нешто подлабоко... :):)
(барем за мене.)
 

Anele

princess without a crown*
Член од
3 јануари 2009
Мислења
135
Поени од реакции
4
Gi imam procitano skoro site negovi dela, najmnogu mi se dopagaat "Veronika resi da umre i Demonot" i "Gospogica Prim".
Posebno bi ja izdvoila "Veronika resi da umre" kako kniga od koja moze da se nauci zosto i kako treba da se zivee
 
Член од
1 јануари 2008
Мислења
12
Поени од реакции
0
за мене тој е еден од најдобрите писатели ,најдобра книга неможам да оделам ,но знам дека откако за прв пат ја прочитав Ахемичарот повеке неможев да престанам да ѓи читам неговите дела
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Како писател многу ми се допаѓа, има нешто во неговите книги, скоро сите ги имам прочитано,ги читав пред околу 2 години и нешто се промени во мене и тие книги ме натераа да го сменам мојот поглед кон светот, научив многу работи и благодарна сум му од се срце :smir: Омилени ми се Дневникот на еден волшебник и Единаесет минути,потоа Захир и На брегот на реката Педра седев и плачев а ако почнам да ги пишувам речениците што ги имам извадено од неговите книги не би ми бил доволен цел ден :)
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Го сакам Коељо и неговиот стил на пишување, Единаесет минути ми е баш интересна, Покрај реката Педра седев и плачев исто така, Алхемичарот да не го заборавам и Петтата гора. Захир малку ми беше досадна па на пола ми е прочитана и оставена за некои подобри времиња.


“We can never judge the lives of others, because each person knows only their own pain and renunciation. It's one thing to feel that you are on the right path, but it's another to think that yours is the only path.”

“But there is suffering in life, and there are defeats. No one can avoid them. But it's better to lose some of the battles in the struggles for your dreams than to be defeated without ever knowing what you're fighting for.”
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
34
Нема лош стил,но само ги комерцијализира источните мудрости.Сепак може да смисли интересни приказни.
 

~angela~

mladiot matematicar
Член од
29 август 2008
Мислења
226
Поени од реакции
25
se soglasuvam so nikola:

Тоа мене што ме привлекува во неговите книги е што е просто кажано може секој да го сфати , те тера да продолжиш да читаш (те држи во неизвесност),нема досадни моменти..

"Кога ќе посакаш нешто, целата вселена ќе скрои заговор за да ти се исполни таа желба..."
inace najdobra kniga sto mi se sviga od paulo koeljo e Alhemicarot-stvarno najdobra kniganez mn me voodusevi.......inace ne sum ja procitala sesute "veronika resi da umre" a bi sakala-mi fali vo procitanite dela:nesvest::back:
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Го сакам Пауло,сакам да ги читам неговите книги.
Тој пишува за смислата на животот кои секој треба да ја пронајде,шансите во животот и упорноста.Освен тоа не ја сфаќа трагедијата како нешто лошо со кое е казнат човекот туку како еден предизвик кои треба да го надминеме.
Омилена книги од него Дневникот на еден волшебник и Крај реката Педра седев и плачев:pipi:
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
78
Поени од реакции
6
Spored mene najdobra kniga od Koeljo e Alhemicharot, inache mi se dopagjaat negovite stavovi za zivotot,realnosta i osoznavanjeto na samiot sebe si. Ne znam zoshto ama 11 minuti nekako ne me voodoshevi, iako ja vospeva ljubovta sepak knigata mi e povekje psiholoshka otkolku ljubovna. Ednostavno ne mozev da go sfatam karakterot na Marija nejzinite razmisluvanja i shto vsushnost taa ochekuva od zivotot? Bashka knigata izobiluva i so sado-mazo gluposti a nekako toa ne mi se svigja.......ne znam mozebi ne ja sfativ knigata ali ne mi se dopadna mnogu.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.401
Ме зарази една другарка, посочувајќи ми ја Вероника. Отпрво ми беше троа чудна книгата, но подоцна читајќи ја не ја оставив. Подоцна ги читав и Захир и Вештицата од портобело. За Вештицата, ми се допадна, но Захир... на почетокот беше доста интересен но отпосле почна да го тупи така што кога ја завршив, здивнав од олеснување. Чуден е Коељо. Има еден стил на покажување на патот на животот многу сличен на мојот кога бев 14 години. Ексентричен во неговите дела, а сепак со таа негова ексентричност знае да допре до човековата психа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom