- Член од
- 16 октомври 2016
- Мислења
- 36
- Поени од реакции
- 29
Во Македонија, па и пошироко, се повеќе и повеќе се збори за патриотизам и се дели народот кој е вистински патриот, а кој не. Често кај нас се случува оваа поделба да се сведе на „вие минатото не го почитувате“ наспроти „иднината на народот е поважна“ и овие две работи да не бидат заемно поврзани т.е. да се сведе на муабет дека едните се предавници зашто се „откажуваат“ од минатото и историјата за сметка на иднината или пак се „откажуваат“ од иднината и можниот проспиритет за да се зачува минатото. Иако минатото и иднината, во други држави се сведени во едно како патриотизам, кај нас, се поретко.
Што мислите - што е поголем патриотизам - да го чуваш минатото или да создадеш подобра иднина? Дали има шанса некогаш овие две насоки да бидат споени кај нас?
П.С. Тука не зборам ни за шарени, ни за тврдокорни, ни за политички партии, туку мислам на ставови на луѓе, кои секој има право да ги има, колку и да се погрешни според некого.