Патриотизам - минато или иднина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Krigar
  • Време на започнување Време на започнување

Која е според вас поважна изрека за патриотизам?

  • Најважно е да си го чуваме минатото

    Гласови: 12 25,5%
  • Најважно е да создадеме иднина за следните генерации

    Гласови: 35 74,5%

  • Вкупно гласачи
    47
Член од
16 октомври 2016
Мислења
36
Поени од реакции
29
Во Македонија, па и пошироко, се повеќе и повеќе се збори за патриотизам и се дели народот кој е вистински патриот, а кој не. Често кај нас се случува оваа поделба да се сведе на „вие минатото не го почитувате“ наспроти „иднината на народот е поважна“ и овие две работи да не бидат заемно поврзани т.е. да се сведе на муабет дека едните се предавници зашто се „откажуваат“ од минатото и историјата за сметка на иднината или пак се „откажуваат“ од иднината и можниот проспиритет за да се зачува минатото. Иако минатото и иднината, во други држави се сведени во едно како патриотизам, кај нас, се поретко.

Што мислите - што е поголем патриотизам - да го чуваш минатото или да создадеш подобра иднина? Дали има шанса некогаш овие две насоки да бидат споени кај нас?

П.С. Тука не зборам ни за шарени, ни за тврдокорни, ни за политички партии, туку мислам на ставови на луѓе, кои секој има право да ги има, колку и да се погрешни според некого.
 
Патротизам- Збор измислен од багра на луѓе кои украдоја милјарди евра, всаден во празната глава на античкиот македонец и како таков споделен меѓу тетките и чичковците што на фб објавуваат слики од богородица и порно вируси.

Patriotism is the last refuge of a scoundrel- Samuel Johnson
 
Патриотизмот не дава леб ниту дава здравје, ок можеби дава, ако си на 1000+ километри од Македонија оптегнат во кожена фотеља.
 
Патриотизмот не дава леб ниту дава здравје, ок можеби дава, ако си на 1000+ километри од Македонија оптегнат во кожена фотеља.

Дефиниција!

*И да праќаш по 100 евра месечно за градба на споменици во главниот град.
 
Патриотизмот не дава леб ниту дава здравје, ок можеби дава, ако си на 1000+ километри од Македонија оптегнат во кожена фотеља.

Секако дека дава. Патриотизмот е лекот за таквите буржоази клептократи. Слепиот окултизам/партиска идолатрија во Македонија ја искривоколчува сликата за патриотизмот.
Проблемот во патриотизмот е од идеолошка природа, односно неспособноста на мнозинството да ја постигне таа национална свест и патриотизмот го еквивалентира со урљакање, скандирање и/или ментална мастурбација на некои давно забораени фигури. Тоа е проблемот кај нас, и секоја исто толку слаба по дух држава.
 
Патриотизмот умре пред 20 години. Добра е анкетата, останува уште да го сочуваме она до сега што било а иднинат е веќе изградена за наредни 10 години. Нема тука патриотизам се е борба, некој се бори за живот и да го закрпи денот а некој се бори да обезбеди финансии за уште едно колено.

Тој што ќе спомни патриотизам треба да се засрами од Гоце, Питу, Даме, Филип, Александар! Патриотизмот стана синоним кој се користи за оправдување на една личност за украдените милиони!
Патриот и патриотизам не постојат!
 
Просто кај нас толку народот е политички определен што ако кажеш дека си патриот веднаш ќе ти кажат од која парија си, па и да си политички неопределен.

Еве јас сум политички неопределен, а сум патриот. Си ја сакам оваа земја Македонија, сакам таа да биде вечна и сакам таа да има своја историја за да се раскажува нејзиното минато и да се знае низ што се таа поминала и кој се се борел за неа. Подеднакво битно е и народот да има добра иднина, но не и да ја жртвуваш сопствената земја/држава за докажеш дека со тоа ќе имаш подобра иднина. Минатото/историјата е некоја основа за напредок и развивање на една држава, но откажувањето од историјата на својата држава неможе да донесе напредок за подобра иднина на народот. Подобрата иднина на народот, поточно на идните генерации ја носиме ние луѓето со работа, со почитување на она што го имаме и со постојано вложување.

Така да поврзаноста на одговорите во анкетата е никаква. Подеднакво е битно и едното и другото.
 
Патриотизмот нетреба да опфаќа никаква материјална состојба,глупо е да прашате дали патриотизмот ви го носи лебот дома,доволно е да го почитувате минатото и лугето кој умреле за да вие денес живеете,никој небара да одите да се тепате за да ја спасвате државата,според мене патриот е оној кој ја почитува државата и е спремен во секој момент да ја одбрани со зборови доколку се закарате со некој од друга држава.
 
Бре мајката само на македонецот не му е дозволено да биде патриот и да си ја сака државата (држава која сите околу нас и подалку ја сакаат)...одма он глупав, не едуциран и припаѓа на некоја партија.
Дај чукнете се малку у тоа главата бе.
 
Патриотизмот нетреба да опфаќа никаква материјална состојба,глупо е да прашате дали патриотизмот ви го носи лебот дома,доволно е да го почитувате минатото и лугето кој умреле за да вие денес живеете,никој небара да одите да се тепате за да ја спасвате државата,според мене патриот е оној кој ја почитува државата и е спремен во секој момент да ја одбрани со зборови доколку се закарате со некој од друга држава.
На Грујо патриотизмот му го носи лебот дома
 
Ќе му го носи директно во идризово за бргу.
Не е то братче решение, ништо нема да добие државата со таква одлука. Ќе го цитирам слаткар во негова песна: Кој игра прљаво добија за парите што си ги украл секој би робијал, уживај легни некоја година, издржи надвор те чекаат миљони брат.

Љубе невин пола живот во затвор помина па грујо за 3 години...
 
Бре мајката само на македонецот не му е дозволено да биде патриот и да си ја сака државата (држава која сите околу нас и подалку ја сакаат)...одма он глупав, не едуциран и припаѓа на некоја партија.
Дај чукнете се малку у тоа главата бе.
Дел од нашиот народ е поголем патриот за другите земји отколку за својата. По се што е наше, Македонско, плукаат, а по се што е туѓо, па било тоа и на непријателот, го величаат. Од тој дел на народот може и државава да ни се распадне. А ако имаш поразлично мислење од нив веднаш те делат на ваков или онаков, поточно дали си за ваквата или онаквата партија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom