- Член од
- 8 мај 2013
- Мислења
- 11.854
- Поени од реакции
- 36.889
Добро, зависи од околностите. Тие албански гласови им се најдоа во 2016 година инаку ќе изгубеа со 6+ пратеници разлика. За претседателските исто со нивна помош успеаја да победат.Според мене албанскиот фактор е многу overrated кога станува збор за изборите во 2016 и еве сега на овие за 2 недели. Зборам за гласачите.
Не верувам дека СДС доби повеќе од 30-40 илјади албански гласови на последните парламентарни.
Македонците гласаа против Грујо и компанија, а тоа може да се види по фактот дека ДПНЕ изгуби 30к гласови во споредба со 2014 и тоа дека имаше поголем одзив на гласачи во 2016 (4-5%). Голем број Македонски општини станаа сини на тие избори иако беа црвени претходно и плус разликата беше тесна меѓу двете партии во доста општини. Што не беше случај претходно.
Она "тивко мнозинство" ја направи разликата според мене.
Во ситуација кога резултатот е тесен, тој контингент од 20-30 илјади албански гласови ќе биде доволен да добијат неколку пратеници плус. Кога ќе се разложат гласовите по донтов модел за поделба на мандати, често разлика од стотина гласови значи пратеник плус. Така да со право СДСМ се нервозни зошто Дуи може да им ги земе тие многу битни гласови.