Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Па тогаш стварно има смисол да имаме 120 изборни единици. Едноставно секој гласа за одредена име и презиме која може но и не мора да биде во партија. Бидејки тогаш тие личности имаат право да прават како сакаат (вклучувајки и сопоствената продажба), го имаат мандатот од гласачите.
Која е поентата да на секои избори каде расподелбата е тесна да имаш реприза на оние осумина пратеника кои прелетеа, кој гласаше за нив, кого тие воопшто преставуваат, дури и формално?
Систем со 120 изборни единици е лош и крајно неправеден. Може да има ситуација каде односот меѓу двете најголеми партии е скоро 50-50 во вкупни гласови а едната да има енормно повеќе пратеници само поради тоа што победиле во повеќето мали места. Таков систем би ги уништил и помалите партии. Левица тогаш само ќе сонуваше за пратеник.

Исто, не може некој да стане пратеник пошто освоил 500 гласа во Зрновци а на некој за мандат да му требаат 40.000 гласа во Центар. Како да вртиме, една изборна единица е најидеално решение.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Најсмешно на избриве е што Левица има скоро 40к, а ДУИ - 100к. (2/15 у пратеници, rofl)
Ако беше една изборна единица Левица ќе добиеше +3 пратеника, Интегра +1, за сметка на СДС, ВМРО, ДУИ и АА/А кои ќе изгубат по еден пратеник.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.788
Поени од реакции
3.858
Во медиумиве се спомнуваат 5 превртачи ама јас имам инфо од човек добро упатен во политикава дека се 4 со кои се преговара засега (или подобро кажано се уценуваат со кривични дела) за евентуална коалиција Сдсм/Беса + АА + Дпа и 4кава што би имала стабилно мнозинство за влада со 63 пратеници

Иван Стоилковиќ за добра сума на пари, Пренџов за спас на Стевчо Јакимовски (+пари) и двајцата пратеници на Ѕинго - Љупчо Димовски и Стојан Миланов
Очекувам повише кај албанците да купуваат. Полесно ќе им биде така.
Горе долу Мицковски ги скрои луѓето и тие се негови пратеници, односно негови луѓе што веројатно има доверба. Ќе беше добро и он самиот да биде пратеник, јер друго е кога лидер на партија е во собрание, а друго е кога е надвор. Другачие се контролираат работите од внатре.

Многу лошо ќе биде ако се купат пратеници од било која страна, дали сдс од вмро или обратно. Народ се помалку ќе искача на гласање, јер знае дека гласот не му вреди. Со вакви работи ќе стигнеме до бројка од 500-600.000 излезност. И најголем дел од тие што ке бидат излезени ќе бидат платени гласови, што нема да ја отсликува реалната состојба. Политиката се претвара во лакрдија и народ веќе нема доверба во ништо, па дури ни во самиот себе. Секој ден тонеме се подлабоко и подлабоко.
Проблемот е тоа што дојдовме до точка од која нема враќање назад.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Според етнички групи Турци имаш 77 илјади во Македонија, Роми 53к и Срби скоро 40к зошто мислиш дека нема да соберат гласови барем за 1-2 пратеници ?

А и во нашиве партии ќе има поголема фрагментираност, ете Левица ќе имаше 5 на последниве избори Интегра 1 итн. Додај тука сами ако одат Гром, ЛДП и слични ќе имаат добри шанси за пратенички места, едноставно со една изборна единица сите ќе си бркаат свои интереси наместо сега на коалицијата
5% се 60-70К гласа, додека 3% околу 35-40К. Од тие 40К срби 20К нема да гласаат(дел се малолетни дел не излегуваат никогаш, дел се иселени), а од останатите 20К дел се врзани со македонски партии. Турците исто, ако имаат 35-40К гласачи можат да бидат среќни. И тоа прајме муабет ако имаат по една партија и 3% праг, што се најдобри услови во регионот. Во Хрватска пример е 5% по ИЕ праг, во Србија Вучко пред овие избори смени од 5% на 3% за да намами дел од опозицијата да излезе на избори. Што значи нема да биде лесно тие 3% да се договорат.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Ако беше една изборна единица Левица ќе добиеше +3 пратеника, Интегра +1, за сметка на СДС, ВМРО, ДУИ и АА/А кои ќе изгубат по еден пратеник.
Само што не оди така работата. Со 1.35% Интегра пак ќе беше без пратеници, а веројатно и Левица ќе беа вонпарламентарна партија.
 
M

Macedon1um

Гостин
5% се 60-70К гласа, додека 3% околу 35-40К. Од тие 40К срби 20К нема да гласаат(дел се малолетни дел не излегуваат никогаш, дел се иселени), а од останатите 20К дел се врзани со македонски партии. Турците исто, ако имаат 35-40К гласачи можат да бидат среќни. И тоа прајме муабет ако имаат по една партија и 3% праг, што се најдобри услови во регионот. Во Хрватска пример е 5% по ИЕ праг, во Србија Вучко пред овие избори смени од 5% на 3% за да намами дел од опозицијата да излезе на избори. Што значи нема да биде лесно тие 3% да се договорат.
Може една изборна единица без праг, во таква ситуација за избориве ќе требаше околу 7500 гласа за пратеник

Очекувам повише кај албанците да купуваат. Полесно ќе им биде така.
Не сум сигурен баш, кај нив може многу лесно и калашот да заигра во таква ситуација
 
Последно уредено:

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.231
Поени од реакции
665
Ако отиде да коалицира со албанска партија прв ќе се откажеш :tvg:
И шиптapите че гласаат за Левица. Може сега на наредниве и не толку ама понатака сите ќе гласаме за Апасиев и Левица.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.788
Поени од реакции
3.858
И шиптapите че гласаат за Левица. Може сега на наредниве и не толку ама понатака сите ќе гласаме за Апасиев и Левица.
нема зашто албанец да гласа за левица, а не за дуи на пример. Левица се залага за све што е против интересите на албанците и нивната кауза.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.920
Поени од реакции
50.666
Ако пазарот подразбира некое магично заобиколување на ДУИ сосе барањата , не верувам дека некој многу би се потресол и згрозил од таквото курвање... за што не се курвале пратениците на вмро , па за ова.

Ако подразбира Влада во која другите албански партнери(АА, БЕСА, ДПА) само ќе ги превземат барањата на ДУИ, а премиерот би останал етнички Македонец од СДС, (што ми е мене поверојатно), тоа е веќе друг филм во кој ем Заев би прогласил победа над ДУИ и режимот, ем големоалбанската агенда би продолжила да тера на општо задоволство.

Јас од СДС до сега слушам дека уцена им е само тоа Албанец да е премиер, за другите точки не сум чул ништо лошо да се каже.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.788
Поени од реакции
3.858
дуи не може да биде надвор од влада. вмро или сдс, небитно е со кој, дуи се једини фикс од сите партии за у влада.
Најверојатно со сдс
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Кога ќе подразмисли човек најдобро е да си останат ДУИ на власт. Што се однесува до отстапки, веќе све им е отстапено, разорено да тоталка ја имаат државата, во секоја пора се. На крајот освен тие што полнат кутии во албанските села и старците нема никој да остане. Видете ИЕ6 колкава отстапка на излезност има за разлика од другите пет ИЕ. Да не полнат кутии по селата во таа ИЕ нема ни 30% да е излезност.
Во кумановско, струшко и кичевско исто се поиселени од нашите. Јбг, тие можда пред нас ќутат и не признаваат, ама не е лесно да се живее без канализација во XXI век и со комшија дилер, утре задутре твое дете ќе го пушти пакетче до некој чичко да однесе, па чим сиромашко и без перспектива дете види пара оди после спречи го да не тргне по тие патишта. Затоа сите му ја имаат свирнато на запад(а и Косово е ист случај).
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Само што не оди така работата. Со 1.35% Интегра пак ќе беше без пратеници, а веројатно и Левица ќе беа вонпарламентарна партија.
Ако има изборен праг, да. Интегра ќе остане без пратеник, ама и ДПА исто ќе остане без пратеник. Ќе ги добијат СДС и ВМРО. Ова под услов прагот да е 3%. Ако е 5% и Левица останува без пратеници.
Изборниот модел може да биде без праг, а постојат и други модели, па не мора да биде Д'онтовиот.
Јас би предложил обично делење на гласовите, без никакви дополнителни компликации.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom