Во медиумиве се спомнуваат 5 превртачи ама јас имам инфо од човек добро упатен во политикава дека се 4 со кои се преговара засега (уцени + финансиска корист) за евентуална коалиција Сдсм/Беса + АА + Дпа и 4кава што би имала стабилно мнозинство за влада со 63 пратеници и Дуи би ја пратиле во опозиција
Иван Стоилковиќ, Љупчо Пренџов и двајцата социјалисти Љупчо Димовски и Стојан Миланов
Нема шанси за болдираниот пратеник дека ќе оди со Заев.
Едноставно човекот беше коалиција до 2008 со СДСМ, беше со неговата партија ДПСМ и на централно ниво на власт со СДСМ од 2002-2006 периодот и неговата партија не виде ќар од таа коалиција со СДСМ. Причината беше што СДСМ не даваа вработувања во администрација на неговата партија ДПСМ, партијата на тој Стоиљковиќ беше задња рупа на свирало кога беше муабет да се вработуваат во администрација.
Но му се погоди моментот на Стоиљковиќ и од 2008 отиде во прегратките на ДПМНЕ, и не си свесен колку вработувања таа ДПСМ партија доби во администрација, и тоа имаше и убави раководни позиции во јавен сектор.
И тој Стоиљковиќ е продолжена рака на Вучич и одработува за Вучич секаде каде има можност, а Вучич не е пријател и истомисленик со политиките на Заев и СДСМ.
Плус откако од 1 Јуни 2017 СДСМ оформи влада, тие продолжија со омаловажување на помалите партии и имаат тие своја "Српска странка у Македонији" која е дел од коалицијата на СДСМ, ова е проверена информација. СДСМ земаа и не пуштија никој од таа Српска странка да се вработи во јавен сектор,
а претседателот на таа Српска странка со име и презиме Мирослав Јовановиќ е тип кој само молчеше на тој однос на СДСМ кон неговата партија, се со цел да не се замери на раководството од СДСМ и ако може тој Мирослав Јовановиќ пак да биде пратеник и во иднина.
И се повтори историјата: и на изборите од 11 Декември 2016, и на овие избори од 15 Јули 2020, тој Мирослав Јовановиќ е на истото 9 место од понудата на коалицијата на СДСМ за 2 изборна единица, и во 2016 и сега во 2020 СДСМ освои 7 пратеници, а откако нели 2017 Спасовски отиде за министер на МВР и Лукаревска за директор на УЈП тогаш се ослободи место за тој Јовановиќ да биде пратеник, и сега истото сценарио ќе се случи, и пак тој Јовановиќ кој не се залагаше за неговата партија и партијци пак ќе биде пратеник.
И од амбасада на Србија во Скопје цело време ДПСМ има финансиска подршка за организирање на разни фиктивни манифестации и културни проекти од Српската историја и тоа бајаги добра финансиска пара земаат од Вучич, додека партијата
на оној шутрак Мирослав Јовановиќ нема динар добиено од Вучич, така да ДПСМ нема шанси да оди со Заев и да формира власт, Стоиљковиќ еднаш се изгоре до 2008 со СДСМ и втор пат нема да гори со нив.
ПС: и кај го има ова, тој Мирослав Јовановиќ завршил машински факултет во Србија и пред да биде пратеник предавал машински предмети на квази факултети во Бујановац и Прешево во Србија. Оној Стоиљковиќ каков и да е политичар, барем кај нас на Јустинијан Први има завршено Правен факултет, на истиот факултет каде и јас магистрирав залудно.