Ајде едно мислење од свеж бруцош и доселеник во Скопје!
Малку ќе ја ,,продолжам,, темата, не би да дискутирам само околу цените. Има мнооогу други паралели кои можат да се повлечат. Не за џабе викаат дека Скопје е држава за себе. ( без навреда ова, така се шушка во останатиот дел на Македонија
)
Да бидам искрена, јас се пронајдов многу повеќе во Скопје отколку во мојот роден град. Не сум од којзнае колку мало место, нормален, просечен македонски град. Чисто информативно. Не е дека во мојот град немав живот, или чувај Боже, дека сите ми беа криви. Напротив, пак си идам дома и убаво ми е во домата. Но, мојот град ја нема енергијата на Скопје. Пасивен, меланхоничен, бавен.... Скопје е целосна спротивност. Гужва, врева, автомобили, енергија, активност, луѓето живеат БРЗО! Мене, тоа многу ми одговара.
Друга работа е, што во Скопје се има избор. Во другите градови од Македонија, ретко се пронаоѓа нешто различно. На пример, кај мене, има 10 кафулиња, 3 ресторана, 1 дискотека и тоа е тоа. Овде, имаш кафулиња, ресторани, клубови, за сечиј вкус. Ако си геј, оди во геј бар. Ако сакаш некое коузи местенце, ги имаш еден куп. Ако сакаш да се пијанчиш, оди во кафана и пијанчи се. Ама не мораш да одиш во тие 3 места, ами преку 30 кафани/ресторанчиња ги имаш.
Луѓето. Тотална спротивност. Никој ништо не го интересира, не се замара и си тера како сака, кога сака и што сака. Елајте да видите во другите делови дали е така. Што би се рекло, комшиите ми се многу побожни. Секој ден се молат да ми умре козата.
Е, сега, цените. Па цел животен стандард е, па да не претерам, ама дупло повисок отколку во другите делови. Не е чудно кога ќе се види дека и платите се за некоја нијанса поголеми, не многу, ама се. Едно излегување во Скопје, не можеш така ефтинко да си поминеш. Минимум 500, според мене и моите пресметки. Тоа е тоа. Нема шанси да паѓаат, ами ќе се креваат цените, и тоа уште многу. Е, па, метропола, нели. Ќе си скусиш од едно, за да имаш друго.
Јас пред да дојдам во Скопје, не бев некој љубител на градот, ми беше многу хаосно, неорганизирано, несредено... Мислев дека нема да се вклопам, но јас и те како се вклопив, и сега за сега, одлично функционираме!