Паралела: животот во Скопје и како Скопје изгледа во очите на тие што не живеат во него

  • Креатор на темата Креатор на темата Fasty
  • Време на започнување Време на започнување
Само чај пијам во тоа Скопје и тоа на гага :icon_lol:.
 
Во Скопје може да поминеш и поскапо и поевтино. Никој не те тера да одиш на кафе во центар туку можеш и во населба (во Чаир кафето чини 30-40 денари). Ама сигурен сум дека скоро никој не пие кафе во „евтините“ кафичи туку намерно одат во оние во центар каде што за кафе би платиле и 200 денари. Најскапо кафе имаше во Cafe Di Roma на ул. Македонија, сега последниве месеци мислам дека го поевтинија малку
 
Вака шо слушам по деца ова она , се ми кажуваат секој ден се тепале, ова се случило она се случило. И во мене имам една слика пред мене и си замислувам дека скопје е како во золошка градина и сите луѓе (диви животни) се пуштени и се јадат меѓу себе.
А за убавината на градот секако во центарот на Скопје не можам да речам дека не е убаво. :)
 
Значи луѓе сите што малце шетнале знаат дека Охрид,Битола (без навреда) и Скопје имаат можда нај напумпани цени општо на кафичи,ресторани(место за излагања бре!)..
Го неаме спроведено оној Охридски „режим “(кој го спроведоа некој сељаци од околните планини таму) и го обрукаа Охрид и напраја да се зајадеме Скопје и Охрид.Во стилот (за Скопјанчишта поскапо)..

Не само за Скопјанишчана него и за сите отстрана поскапо.Ете и сам си имаш напишано секакви бараби ко ќе ги држат 'најјаките' места (со ненормално ретки исклучоци) и ќе имаш такви ситуации.

Охрид е преубав град али луѓето нечинат, у Охрид идев често али пред 3 години ме станаа 2 пати од кафич пошо многу сме седеле пази моабет ,те чекаат да платиш и одма те рипаат после демек други ќе седнат за поише промет да имаат .Тоа пријателе Охриѓанец не чини а да не зборам за таксито ,цена од рука ,таксиметар само со полиција пуштање..Е ради овие работи не го сакам Охрид не го можам тоа понашање па тоа ти е..Табиет имате некој шо никој не ви го разбира нз зашто е тоа така.Иначе цените се слични сегде не гледам некоја голема разлика ..20-30 ден се разликуваат шо и не е страшно а биле а не биле..позз

Генерализацијата е лоша работа.Исто како сега јас да речам нешто лошо за сите Струмичани или Кумановци поради лоша ситуација во место со клошар газда.Лошото кај нас е скоро секој кафич и било какво место газди се идиоти или во некаква врска со такви безмозочни личности.Само ќе речам тешко на вработените во такви места ,да мораш ти некого да му го собираш кафето уште неиспиено...А дошле од негде од страна (Прилеп ,Кратово , Кичево ,Штип) и тие за да заработат некој денар.Од двете страни заебани и од газдите и од гостите.
--- надополнето: Oct 9, 2011 5:11 PM ---
Во Скопје може да поминеш и поскапо и поевтино. Никој не те тера да одиш на кафе во центар туку можеш и во населба (во Чаир кафето чини 30-40 денари). Ама сигурен сум дека скоро никој не пие кафе во „евтините“ кафичи туку намерно одат во оние во центар каде што за кафе би платиле и 200 денари. Најскапо кафе имаше во Cafe Di Roma на ул. Македонија, сега последниве месеци мислам дека го поевтинија малку

Истото и во Охрид (а сигурно и во сите други места во Македонијава).Имаш кафе и за 40 денари имаш и за 80.Ама постојат доста забегани луѓе кои би платиле дупло за исто кафе ,ама да бидат видени во таканаречено елитно место.И после тие истите ќе се жалат како е скапо во градот.Изместени вредности....

Инаку цениве во Охрид и преку зима се скоро исти ,некаде 10 или ретко 20 денари поефтино.Ама во поголем број од местата исти се цените.Ние сме навикнати.
 
Сок од "Степлајт" од малина раствараш пуниш неколку шишиња "Кавадарки", одиш во парк и глумиш пијаница, онака со мутен поглед во очите
-Што правиш бе браааааааааааааат !?
 
Ајде едно мислење од свеж бруцош и доселеник во Скопје! :D Малку ќе ја ,,продолжам,, темата, не би да дискутирам само околу цените. Има мнооогу други паралели кои можат да се повлечат. Не за џабе викаат дека Скопје е држава за себе. ( без навреда ова, така се шушка во останатиот дел на Македонија ;) )

Да бидам искрена, јас се пронајдов многу повеќе во Скопје отколку во мојот роден град. Не сум од којзнае колку мало место, нормален, просечен македонски град. Чисто информативно. Не е дека во мојот град немав живот, или чувај Боже, дека сите ми беа криви. Напротив, пак си идам дома и убаво ми е во домата. Но, мојот град ја нема енергијата на Скопје. Пасивен, меланхоничен, бавен.... Скопје е целосна спротивност. Гужва, врева, автомобили, енергија, активност, луѓето живеат БРЗО! Мене, тоа многу ми одговара.

Друга работа е, што во Скопје се има избор. Во другите градови од Македонија, ретко се пронаоѓа нешто различно. На пример, кај мене, има 10 кафулиња, 3 ресторана, 1 дискотека и тоа е тоа. Овде, имаш кафулиња, ресторани, клубови, за сечиј вкус. Ако си геј, оди во геј бар. Ако сакаш некое коузи местенце, ги имаш еден куп. Ако сакаш да се пијанчиш, оди во кафана и пијанчи се. Ама не мораш да одиш во тие 3 места, ами преку 30 кафани/ресторанчиња ги имаш.

Луѓето. Тотална спротивност. Никој ништо не го интересира, не се замара и си тера како сака, кога сака и што сака. Елајте да видите во другите делови дали е така. Што би се рекло, комшиите ми се многу побожни. Секој ден се молат да ми умре козата. :D

Е, сега, цените. Па цел животен стандард е, па да не претерам, ама дупло повисок отколку во другите делови. Не е чудно кога ќе се види дека и платите се за некоја нијанса поголеми, не многу, ама се. Едно излегување во Скопје, не можеш така ефтинко да си поминеш. Минимум 500, според мене и моите пресметки. Тоа е тоа. Нема шанси да паѓаат, ами ќе се креваат цените, и тоа уште многу. Е, па, метропола, нели. Ќе си скусиш од едно, за да имаш друго.

Јас пред да дојдам во Скопје, не бев некој љубител на градот, ми беше многу хаосно, неорганизирано, несредено... Мислев дека нема да се вклопам, но јас и те како се вклопив, и сега за сега, одлично функционираме! :X3:
 
Во Скопје само таксито е скапо. Беше до лани и пиењето и јадењето (еве на пример споредено со Тетово) ама сега и во Тетово се зголемени цените така што приближно исто му доаѓа со цените во Скопје ( и ова споредено секако со нормални кафиќи зашто не сум фенси тип и немам желба за искачања на кеј па затоа не ни правам споредба со тие места).
 
А мене пак ова ме интересира.
Колку е компирот во Берово.
Колку е јаболката во Ресен.
Колку е оризот во Облешево.
Колку е гравот во Тетово
Колку е кромидот во Велес
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom