Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Ај совет еден, и предлог какви папгалчиња да им земам на дечињава изгореа за папагал, и бај д веј сакам машко и женско ко пар да се, а и да децата ми се 8 - 6 и 2 години, чекам предлози?
Би ти препорачал тигрици, мали се и мили, можат да ги научиш и некој збор да кажуваат. Попаметните учат и до 50 зборови. Не мора голем кафез да купуваш, а ако земеш пар може и мали пиленциња да имаш. Нимфите се поголеми и бараат повеќе простор. Јас на пример имам една нимфа, сакам да земам уште една, ама немам простот. Инаку кога сме кај нимфите видов албино нимфи, ептен се убави.
 
Член од
7 март 2012
Мислења
13
Поени од реакции
3
Ај совет еден, и предлог какви папгалчиња да им земам на дечињава изгореа за папагал, и бај д веј сакам машко и женско ко пар да се, а и да децата ми се 8 - 6 и 2 години, чекам предлози?
Јас би ти препорачала нимфи . Затоа што се преубави , може се да научат , да пеат , да играт и да зборат. Премногу сакаат да се во центар на пажња и многу се интересни. :)
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.834
Поени од реакции
20.281
Јас би ти препорачала нимфи . Затоа што се преубави , може се да научат , да пеат , да играт и да зборат. Премногу сакаат да се во центар на пажња и многу се интересни. :)
Па тие има да прснат од среќа, децава се околу нив ќе се има да се збеснат од радост :)

Благодарам на двајцата!
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Ај совет еден, и предлог какви папгалчиња да им земам на дечињава изгореа за папагал, и бај д веј сакам машко и женско ко пар да се, а и да децата ми се 8 - 6 и 2 години, чекам предлози?
Штом се мали децата подобро тигрици.Нимфите можат да ги скловаат пример и полесно можат да се фатат одошто од тигриците кои се како хеликоптерчиња и повеќе може да ги повредат пример на прсте ако го клофне тигрица нема да му направи ништо он нимфата може и дел од кожичката да им откине.Стартувај со тигрици,па тек ондак нимфи :D
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.834
Поени од реакции
20.281
Штом се мали децата подобро тигрици.Нимфите можат да ги скловаат пример и полесно можат да се фатат одошто од тигриците кои се како хеликоптерчиња и повеќе може да ги повредат пример на прсте ако го клофне тигрица нема да му направи ништо он нимфата може и дел од кожичката да им откине.Стартувај со тигрици,па тек ондак нимфи :D
Ааа имаш право, ама највеќе ми е за најмалово, тоа колку е бесно ќе треба некаде на високо кафезот да го ставам инаку има да има пердуви на сите страни...
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Ааа имаш право, ама највеќе ми е за најмалово, тоа колку е бесно ќе треба некаде на високо кафезот да го ставам инаку има да има пердуви на сите страни...
Можеш на закачалка и на некое дрвено постолје,можеш за шајка на зид,на некоја комода повисоко од бебчето твое.И да знаеш,ќе им претставува задоволство да ги гледаат срцињата ќе им бидат исполнети а на малово сигурно обравчињата ќе му бидат целовреме румени и поткренати од среќа поради пилињата.Јас знам тоа,имам братче во домот 5 месечно,абе по нимфата е ко лудо се смее,па рибата сака да ја фати ...е сега имаме германски шпиц кученце,нераздлени се,таман за него е! поздрав :D
 
Член од
27 март 2011
Мислења
361
Поени од реакции
161
mnogu sakam papagali ama koa bev dete cuvavme i mnogu ni umiraa i zatoa sea nejkam da cuvam,se plasam da bidat vo moi race da ne umrat sea pak
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
mnogu sakam papagali ama koa bev dete cuvavme i mnogu ni umiraa i zatoa sea nejkam da cuvam,se plasam da bidat vo moi race da ne umrat sea pak
ако сакаш да чуваш,не колебај се прекрасни животинчиња се.Ако незнаеш како да ги третираш секогаш сме овде да ти помогнеме.Поздрав! и размисли убаво,со купување на папагал би го збогатил семејството за 10 гоидини повеќе со само една црцорлива птица! поздрав :D
 
Член од
9 март 2012
Мислења
19
Поени од реакции
14
Здраво на сите. Многу го читав форумов, и многу ми помогна кога купував папагалче. Зачленета сум и во други форуми, и се што прочитав ми беше корисно. Еве и од мене нешто што сакам да го споделам со сите оние кои чуваат папагалчиња, ова го објавив и на други форуми:
Сакам да дадам совет на сите оние кои сакаат да го припитомат своето папагалче. Моето го зедов пред еден месец, беше дифтар невиден, ама сега многу почна да се припитомува. Сеуште не е целосно припитомено, ама секој ден има напредок. Ќе го споделам моето искуство, и се надевам дека ќе ви биде од корист. Прво на почетокот застанував покрај кафезот и многу му зборав. Прво се плашеше и се тресеше бегаше во ќошот од кафезот, а сега си седи, си пее и си се чешка, што покажува дека веќе не му смета моето присуство покрај кафезот. По неколку дена почнав да му ја ставам раката во кафезот, ама не многу блиску до него. Правете го тоа неколку пати во денот, за да сфати дека раката не е ништо страшно. Како следен чекор ми беше да го научам да ми јаде од рака. Пробав со храна за папагали, јаболко и што ли не, ама тоа не реагираше. Само седеше така и гледаше уплашено во мојата рака. Потоа се сетив дека некаде прочитав оти папагалчињата не можат да му одолеат на бар клас, (се вика уште и просо на гранче или spray millet на англиски) тоа за нив е како чоколадото за луѓето. Купив од еден пет шоп кај Порта Влае, беше 100 денари, а внатре има 6 гранчиња. Бев скептична, мислев дека нема да го јаде како и се останато што не сака да проба (освен храната за папагали). Го оставив во кафезот, и за чудо почна одма да го јаде, се удави во него што се вели. После го зедов гранчето и со рака му го понудив. Првите 2-3 минути стоеше и се мислеше, ама од толку што му е неодоливо, се опушти и почна да јаде. Така постепено ја доближував раката поблиску и поблиску. За 2-3 дена не му сметаше да јаде кога раката ми е скроз до него. По некое време тргнете ја раката малку понастрана за да не може да го стигне гранчето. Од преголема љубов кон бар класот ќе нема избор освен да ви застане на рака и да јаде. По неколку дена тоа веќе ќе ви се навикне на раката, и ќе знае дека таа не го повредува, туку напротив, од неа го добива најубавото задоволство. Тогаш веќе ќе ви биде полесно да го научите да ви стои на прст и се останато.
Само немојте да му давате по многу, оти бар класот е многу калоричен и папагалчето може да се здебели. Значи доволно е 2-3 пати денот да касне по многу малку (да грицне два три пати).
Пробав со сите други начини, само ова ми успеа да го припитомам. Нема потреба да го изгладнувате, или да го зграпчувате папагалчето. Се што ви треба е бар клас, и ќе видите колку е збудалено по него, и се ќе направи за да добие барем еден гриз од него

Исто многу интереснo што заборавив да спомнам е, кога стоите покрај кафезот пробајте да го имитирате папагалчето, движете ја главата како што ја движи и тоа, и ако се чешка, чешкајте се и вие, на пример по главата, ако цивне, свирнете и вие, трепкајте кога ќе трепне тоа итн. Со тоа му покажувате дека не сте многу различни од него, и полесно ќе ве прифати како пријател
 
Член од
22 февруари 2012
Мислења
61
Поени од реакции
6
Mojot papagal koga ke go pustam nikako ne saka da vleze vo kafez..Sede 5 saati i ne se priberva.. A i sea e pusten neznam kako da go priberam kazete?:tapp:
 
Член од
9 март 2012
Мислења
19
Поени од реакции
14
Mojot papagal koga ke go pustam nikako ne saka da vleze vo kafez..Sede 5 saati i ne se priberva.. A i sea e pusten neznam kako da go priberam kazete?
Пробај кафезот клај му го поблиску да го види. Или ако не затмни дома, спуштај ролетни, нека биди најтемно шо можи и фати го, оти не му се гледа во темница :) Јас така напрајв ко го пуштив првиот пат
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Mojot papagal koga ke go pustam nikako ne saka da vleze vo kafez..Sede 5 saati i ne se priberva.. A i sea e pusten neznam kako da go priberam kazete?:tapp:
со кафезот оди накај него и пробај белки ќе влезе.Еднаш кога имав тигрици ме изнервираа и со тенџере ги ловев прааас во тенџерето и го стаам у кафез ај и другото прааас леле ког ами текнува се срамам како мачење им било.Претходниот коментар на little angel кажува многу поучни работи како тие греинс што се стапчињата.Пробај да го мамиш со тоа секогаш кога го пуштиш кога сакаш да се прибере а тоа неќе стави му во кафез од тие стапчиња малце и се надевам дека ќе бидне работа! поздрав :D
 
Член од
9 март 2012
Мислења
19
Поени од реакции
14
Јас читав дека е најубо да почни да се пушта папагалот откако ќе научи да ти застанува на рака. За да можи лесно да се прибери. Јас еднаш го пуштив, мака измачив, дури и опавчето му се искуба. Сега веќе кога се припитоми малку, ќе почнам полека полека.
 
Член од
3 март 2012
Мислења
63
Поени од реакции
3
Дали некој чувал папагал од оваа раса? мн сакам да земам мал александар мн се слатки а и доста можат да зборат :) дали некој може да ми каже повеке за овој папагал? особини дали знае да нападне лесно ли се припотомува?
 

hobbes

ಠ_ಠ
Член од
15 март 2012
Мислења
3
Поени од реакции
0
Јас не сум имал, ама пред една недела баш шетав наоколу и прашував за папагали. Мислам дека Александарот беше накај 7000 ден. (не дека праша) и стварно убав папагал. Е сега, сопственикот на продавницата ми кажа дека папагалот лесно учел зборови, ако се потрудиш и дека треба до неколку месеца да се припитоми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom