Здраво на сите. Многу го читав форумов, и многу ми помогна кога купував папагалче. Зачленета сум и во други форуми, и се што прочитав ми беше корисно. Еве и од мене нешто што сакам да го споделам со сите оние кои чуваат папагалчиња, ова го објавив и на други форуми:
Сакам да дадам совет на сите оние кои сакаат да го припитомат своето папагалче. Моето го зедов пред еден месец, беше дифтар невиден, ама сега многу почна да се припитомува. Сеуште не е целосно припитомено, ама секој ден има напредок. Ќе го споделам моето искуство, и се надевам дека ќе ви биде од корист. Прво на почетокот застанував покрај кафезот и многу му зборав. Прво се плашеше и се тресеше бегаше во ќошот од кафезот, а сега си седи, си пее и си се чешка, што покажува дека веќе не му смета моето присуство покрај кафезот. По неколку дена почнав да му ја ставам раката во кафезот, ама не многу блиску до него. Правете го тоа неколку пати во денот, за да сфати дека раката не е ништо страшно. Како следен чекор ми беше да го научам да ми јаде од рака. Пробав со храна за папагали, јаболко и што ли не, ама тоа не реагираше. Само седеше така и гледаше уплашено во мојата рака. Потоа се сетив дека некаде прочитав оти папагалчињата не можат да му одолеат на бар клас, (се вика уште и просо на гранче или spray millet на англиски) тоа за нив е како чоколадото за луѓето. Купив од еден пет шоп кај Порта Влае, беше 100 денари, а внатре има 6 гранчиња. Бев скептична, мислев дека нема да го јаде како и се останато што не сака да проба (освен храната за папагали). Го оставив во кафезот, и за чудо почна одма да го јаде, се удави во него што се вели. После го зедов гранчето и со рака му го понудив. Првите 2-3 минути стоеше и се мислеше, ама од толку што му е неодоливо, се опушти и почна да јаде. Така постепено ја доближував раката поблиску и поблиску. За 2-3 дена не му сметаше да јаде кога раката ми е скроз до него. По некое време тргнете ја раката малку понастрана за да не може да го стигне гранчето. Од преголема љубов кон бар класот ќе нема избор освен да ви застане на рака и да јаде. По неколку дена тоа веќе ќе ви се навикне на раката, и ќе знае дека таа не го повредува, туку напротив, од неа го добива најубавото задоволство. Тогаш веќе ќе ви биде полесно да го научите да ви стои на прст и се останато.
Само немојте да му давате по многу, оти бар класот е многу калоричен и папагалчето може да се здебели. Значи доволно е 2-3 пати денот да касне по многу малку (да грицне два три пати).
Пробав со сите други начини, само ова ми успеа да го припитомам. Нема потреба да го изгладнувате, или да го зграпчувате папагалчето. Се што ви треба е бар клас, и ќе видите колку е збудалено по него, и се ќе направи за да добие барем еден гриз од него
Исто многу интереснo што заборавив да спомнам е, кога стоите покрај кафезот пробајте да го имитирате папагалчето, движете ја главата како што ја движи и тоа, и ако се чешка, чешкајте се и вие, на пример по главата, ако цивне, свирнете и вие, трепкајте кога ќе трепне тоа итн. Со тоа му покажувате дека не сте многу различни од него, и полесно ќе ве прифати како пријател